Blog

Како вештачката интелигенција (АI) може да му помогне на вашиот бизнис?

Вештачка интелигенција (АI) се повеќе зема замав во секојдневното управување и работење на големите и малите бизниси.  Помага во намалувањето на оперативните трошоци, ја зголемува ефикасноста, помага во зголемувањето на приходите, попаметно донесување одлуки и им укажува на фирмите како да го подобрат искуството на клиентите .

Како вештачката интелигенција може да му помогне на вашиот бизнис да расте? Следуваат 6 совети и препораки.

       1.Chatbot-ови за подобрување на комуникацијата со постоечките и нови клиенти

Chatbot е софтвер кој имитира човечки разговор или разговор со корисници преку веб-страници, мобилни апликации, телефони итн. Тоа е дигитален асистент напојуван со вештачка интелигенција кој комуницира со луѓе. Денес, фирмите сакаат брза, лесна и персонализирана услуга за клиенти во секое време и каде било, а chatbot-овите го овозможуваат тоа. Главната придобивка се брзите и конкретни одговори на прашања од клиентите, особено во делот на продажба и поплаки. Со нивното користење, бизнисите штедат време, ја зголемуваат веројатноста на брзи и точни одговори на клиентите, а клиентите се чувствуваат добро бидејќи веднаш добиваат одговорот од страната на бизнисот.

Некои од chatbot софтверите кои можете да ги користите на вашата веб страна: LivePerson, Botsify, Reply.ai, Aivo, Boost.ai, ManyChat, ZendDesk, Hubspot.

       2.Моќна „конкурентна интелигенција“

„Конкурентната интелигенција“ е процес на собирање и анализа на информации за вашите сегашни и потенцијални конкуренти, индустријата и деловно опкружување. Практично, можете да следите сè што прават вашите конкуренти – од производи, до промоции и што ги прави успешни.

Популарни алатки за подобро разбирање на конкуренцијата: Crayon, Prisync, CI Radar, Digimind, Kompyte, Sprout Social.

        3.Анализа на чувства и емоции на клиентите

Благодарение на AI во анализата на чувствата, бизнисите можат да анализираат огромни количини на податоци, да разберат како се чувствуваат клиентите и да ги спојат сите видови социјални податоци за да ги откријат потребите, намерите и преференциите на клиентите. Анализата најчесто се прави преку разговори со клиентите, интеракција преку блогови, социјални медиуми, коментари на производи или услуги итн.

Популарни алатки за анализа на чувствата: MonkeyLearn, Clarabridge Speech Analytics, IBM Watson Tone Analyzer, Lexalytics, Rosette.

       4.Прогнозирање на продажбата за развој на вашиот бизнис

Точните прогнози за продажба им овозможуваат на бизнисите да ја пресметаат веројатноста за купување во одреден временски период, да предвидат краткорочни и долгорочни перформанси и соодветно да ги распределат ресурсите.                                                                                                                                                                                                                                                        Софтверот базиран на вештачка интелигенција ги анализира податоците за CRM, историјата на купување и податоците за минатите зделки. Ги разгледува податоците како што се е-пошта, состаноци, телефонски повици и потоа врши анализа како тие се поврзани со продажните резултати. Софтверот за вештачка интелигенција го проценува следниот потег на даден клиент, така што ви дава точно предвидување.

AI алатки за прогнозирање на продажбата: SalesForce Einstein AI, Clari, TwelveZeros, Aviso, Zoho CRM, Interloop

        5.Оптимизацијата на цената

Цената е клучен фактор што ги поттикнува клиентите да купуваат,  особено од трговците на мало.

Софтверот за вештачка интелигенција може успешно да ги земе предвид сите овие фактори при одредувањето на оптималните цени. Може да ви помогне да донесете најдобри одлуки за цените за секој производ, во секоја сезона и преку секој канал.Софтверот за вештачка интелигенција може да скенира огромна количина на податоци, да помине низ голем број сценарија за цени и да предложи најрелевантна цена.

AI софтвери за оптимизација на цена: Perfect Price, Intelligencenode, Wise Athena, Navetti PricePoint, prudsys.

       6.Паметна сајбер-безбедност

Сајбер безбедноста е важна за сите индустрии, вклучително и малопродажба, производи за широка потрошувачка, автомобилизам, комунални услуги и телекомуникации. Како што растат дигиталните бизниси, ризикот од сајбер напади експоненцијално се зголемува.

Софтверот за вештачка интелигенција може да се справи со сајбер безбедноста на многу начини: управување со ранливост, откривање на фишинг, мрежна безбедност, аналитика на однесување, контрола на превенција итн.

AI софтвери за сајбер безбедност: Darktrace, Tessian, Falcom Platform, BluVector, Deepinstinct, Haltdos

Како што вештачката интелигенција продолжува да напредува, нејзиното влијание врз бизнисите станува посилно, што прави од суштинско значење за бизнисите да ја прифатат  за да останат конкурентни во дигиталната ера.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Контактирајте не