Веб страна, Социјални медиуми

Како преку Facebook да ја промовирате вашата веб страна

Facebook е најпопуларна социјална мрежа во светот со приближно 2.85 милијарди месечни активни корисници. Поради ова, Facebook претставува значителен потенцијал кој треба се искористи за вашите маркетинг цели. Но не е доволно само да привлечете следбеници на Facebook – треба да ги донесете на вашата веб-страница каде е многу полесно да ги претворите во ваши клиенти. Во продолжение ќе ви претставиме 5 начини како да ја промовирате вашата веб-страница преку Facebook.

1. Направете си страница на Facebook за вашиот бизнис

Страницата е вашиот „излог“ на Facebook. Важно е да ја направите колку што e можно подетална, со слики со добар квалитет и информации за вашиот бизнис: адреса, телефонски број, веб-страница, работно време и производи на вашиот бизнис профил. Видеата се исто така привлечен медиум што Facebook го промовира. Ако можете да креирате неколку нискобуџетни видеа, тие би можеле да бидат одличен додаток на вашиот бизнис профил.

Откако ќе си направите страница на Facebook треба да ја користите за да комуницирате со вашите потенцијални клиенти и да ги насочите да ја посетат вашата веб-страница. Ова е нашиот следен совет:

2. Креирајте одлична содржина

Можеби е клише, но навистина содржината е најважна. Најдобриот начин да им го привлечете вниманието на вашите Facebook следбеници и да ги донесете на вашата веб-страница е да создадете интересна и “вредна” содржина што тие би сакале да ја консумираат.

Тоа може да бидат слики или видеа, но и пишана содржина, како што се стручни совети, вести или хумористична содржина поврзана со вашата индустрија. На пример, ако сте сметководствена фирма и УЈП неодамна објавиле нова регулативата за пријавување на данок, можете да напишете блог текст кој ќе го објавите на вашата веб-страница.

Во овој текст објаснете подетално што значат овие нови правила и што треба фирмите да прават. Потоа можете да го промовирате текстот преку линк до овој блог текст на вашиот профил на Facebook, со цел да ги привлечете заинтересираните читатели на вашата веб-страница.

Преку додавање на информативни и релевантни блог текстови на вашата веб-страница, фирмите ќе почнат да ве гледаат како авторитет за прашања поврзани со даноци и голема е веројатноста да ги побараат вашите услуги.

3. Земете активно учество во групите на Facebook или формирајте ваша група

Во последниве години, Facebook сериозно ги промовира своите “заедници’’, познати како Facebook групи. Содржините од групите обично видно се истакнуваат на почетните страници на членовите на групата, а исто така е веројатно дека членовите ќе добиваат известувања за нови објави во групите на кои им се придружиле. Ова им дава голема видливост на групите и нивната содржина, што ги прави ефективен маркетинг канал.

Најдобар начин на дејствување е да се придружите на групи кои веќе постојат и да станете активен учесник. На пример, ако сте електричар и постои група каде што луѓето поставуваат прашања за одржување на нивните електрични уреди, можете да одговорите на тие прашања и да ја понудите вашата експертиза. Ако луѓето сметаат дека вашиот совет е корисен, тие ќе отидат на вашата Facebook страница и оттаму на вашата веб-страница за да ве ангажираат за поправка.

Друг начин е да формирате сопствена група. На пример, ако поправате автомобили, можете да формирате група на ентузијасти за стари автомобили и да ги споделите вашите совети за нивно реставрирање. Кога луѓето ќе се придружат на вашата група на Facebook за совет за стари автомобили, поголема е веројатноста и да ја посетат вашата веб-страница и да ве ангажираат за поправка на нивниот автомобил.

4. Промовирани објави и специјални понуди

Ова е надалеку позната и потврдена стара мудрост: попустите и промоциите привлекуваат нова продажба. Докажано е дека објавите со специјален код за попуст само за Facebook корисници се одличен начин да ја промовирате вашата веб-страница и да зголемите продажба.

Важно е да промоциите бидат ексклузивно само за вашите fb следбеници. Ова поттикнува чувство на уникатност и итност што би можело да биде ефективно во придвижувањето на клиентите до вашата веб-страница за да можат да ги искористат нивните кодови за попуст и да купат од вас.

5. Дозволете им на клиентите да пишуваат мислења/критики

Критиките се вредна алатка за привлекување на нови клиенти, а Facebook е само место за капитализирање од оваа алатка. Позитивните критики го зголемуваат кредибилитетот на вашиот бизнис и ги поттикнуваат новите клиенти да „ви дадат шанса“ – да купат од вас иако не ве познаваат ниту вас, ниту вашата фирма.

Можете да побарате од клиентите да го оценат вашиот бизнис на Facebook со додавање на една реченица во вашите имејли или едноставно со личен контакт. Вашите задоволни клиенти ќе уживаат во можноста да го поддржат својот омилен бизнис.

Сите ваши критики се видливи на Facebook веднаш до вашето работно време, адреса и веб-страница. Со акумулирање на позитивни критики, активно ќе охрабрувате новите клиенти да одат на вашата веб-страница и да купуваат од вас.

Поврзани написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *