Blog

4 Ефективни стратегии за зголемување на сообраќајот на вашата веб страна

Ја изградивте вашата веб страна, но сега и треба сообраќај, т.е посети, или тие што веќе ги имате се премалку и сакате да ги зголемите. Посетителите кои ќе дојдат на вашата веб страна, како и секој сопственик на бизнис, сакате да ги претворите во клиенти.

Веројатно сте ги слушнале поимите SEO или PPC (платени реклами) како стратегии за привлекување повеќе луѓе на вашата веб страна, и можеби ви звучат малку застрашувачки. Ние сме тука да ги објасниме овие термини и да ви покажеме дека да се зголеми сообраќајот на веб страната е всушност многу поедноставно отколку што мислите.

Какви видови посетители постојат?

Кога се пристапува кон онлајн сообраќај, важно е да се направи разлика помеѓу два главни типа на корисници. Првиот тип се оние посетители кои направиле некаква интеракција со вашата веб страна со тоа што купиле нешто, ви се јавиле, оставиле контакт, прашање…. Вториот тип се оние кои само влегле, ја разгледале веб страната и си заминале.

Процентот на посетители што конвертираат (што значи дека ја исполнуваат посакуваната цел, како што е резервација на услуга или купување) е вашата стапка на конверзија. Процентот на посетители кои влегуваат на страницата, а потоа заминуваат („отскокнуваат“ – bounce), наместо да продолжат на други секции на страницата – тоа е вашата стапка на отскокнување (bounce).

Во оваа статија ќе ги опишеме најчесто користените стратегии за зголемување сообраќај. И секако дека не треба да пробате сè одеднаш; видете што функционира најдобро за вас. Откако ќе совладате еден начин, продолжете со следниот.

Мерење на сообраќајот на веб страната со Google Analytics

За да го поттикнете сообраќајот кон вашата веб страна, треба да знаете колку добро ви тече едена кампања или повеќе кампањи кои ги работите во однос на посетите и активностите во одреден временски период за да донесете заклучоци дали е доволно она што го правите. Google Analytics (GA) е одлична алатка која ви овозможува подлабоко да ги разберете перформансите на вашата страна.

Она што го прави GA е да организира големи количини на податоци на јасен начин. Информациите што ги собира оваа алатка ќе ви дадат корисно знаење за тоа како точно посетителите комуницираат со вашата веб страна.

GA ја следи секоја посета на вашата веб страна. Обезбедува прецизни информации за прегледите на страниците, времетраењето на сесиите, стапките на отскокнување, демографијата и многу повеќе. На овој начин можете да ја следите публиката (посетителите) и нејзиното однесување: на кој продукт / услуга најмногу се задржуваат, која секција ви е најпосетувана, или само дошле и веднаш излегле (“се одбиле”).

Колку често треба да проверувате Google Analytics?

Тоа зависи од обемот на сообраќај и ажурирања на содржината на веб страната. Но, по правило треба да го проверувате вашиот GA најмалку еднаш неделно.

Зошто?

Ќе научите кои се посетителите на вашата веб страна, што функционира на вашата веб страна и што треба да се подобри. Ова знаење и посветување кон деталите ќе ви помогнат да го подобрите сообраќајот на вашата веб страна.

Кој може да користи GA? Секој со Gmail сметка може да користи. Сепак, треба да ја поврзете вашата веб страна со вашиот Google Analytics.

Доколку сте веќе дел од нашето InOne.mk семејство, пишете ни ја вашата Gmail адреса за да ве додадеме на GA.

Привлекување на потенцијални клиенти од пребарувачите со оптимизација

Една од работите што треба да ги направите за да го зголемите сообраќајот е да го подобрите рангирањето на веб страната на пребарувачите. Едноставно е: кога луѓето го бараат вашиот тип на бизнис во вашата област или нешто што треба да го понудите, треба да се појавите во нивното пребарување на Google, идеално е да се појавувате на првите неколку страници.

Рангирањето повисоко во резултатите од пребарувачот е процес кој бара време и трпение. Овде доаѓа оптимизацијата. SEO е кратенка за оптимизација на пребарувачи. Како да почнете да ја оптимизирате вашата веб страна за пребарувачите? Со креирање на квалитетна содржина и со оптимизирање за одредени клучни зборови. Клучните зборови претставуваат најчесто пребарувани зборови (термини, реченици) на Google или Bing за да се најде одредена содржина. Постојат неколку алатки кои можат да ви помогнат да го пронајдете најсоодветниот пребаруван клучен збор за вашиот бизнис.

Откако ќе знаете кои се тие клучни зборови, погрижете се да ги споменете и да напишете содржина околу нив на вашата веб страна. На овој начин, луѓето кои ги бараат тие клучни зборови ќе го дојдат до вашиот бизнис.

На пример, ако сте столар што изработува кујни, веројатно би сакале да вклучите клучни зборови како „изработка на кујна“, „столар кој прави кујни“ итн. Тоа е затоа што вашите потенцијални клиенти веројатно ќе ги бараат овие термини на Google или Bing

Привлечете ги вашите постоечки фанови од социјалните медиуми на вашата веб страна

Социјалните медиуми играат клучна улога во зголемувањето на сообраќајот на вашата веб страна. Тоа е местото каде што ја одржувате вашата публика ангажирана и информирана за вашиот бизнис. Плус, тоа е одличен начин да дојдете до нови потенцијални клиенти.

Најпопуларните платформи за социјални медиуми денес се Facebook, Instagram, Youtube, Twitter и LinkedIn. Секоја нуди свои можности и е различна целта за која се користи. Направете мало истражување за да дознаете кои социјални мрежи се соодветни за вашиот бизнис и за вашата публика. На пример, ако таргетирате помлади потрошувачи, тогаш Instagram е веројатно вашата социјална мрежа. Ако таргетирате бизниси или менаџери и луѓе ориентирани кон кариера, би можеле да го пробате LinkedIn, Facebook е одличен за промоција на блог текстови.

Со вклучување на линк до веб страната во вашите објави, можете да ги користите социјалните медиуми за да привлечете повеќе посетители на вашата веб страна. Плус, корисниците можат да ги „лајкнат“ вашите објави или да ги споделат со пријателите, со што ќе го прошират досегот на вашите објави на социјалните мрежи до дополнителни гледачи. Така новите потенцијални клиенти дознаваат за вашиот бизнис. И ако објавите одлична содржина, таа дури може да стане вирална и да допре до многу луѓе кои никогаш не слушнале за вашиот бизнис.

Зголемување на сообраќајот на веб страната со платени реклами

Една од стратегиите се реклами со плаќање по клик (PPC). Ова е модел во кој плаќате само надомест за корисниците кои кликнале на вашата онлајн реклама за да стигнат до вашата веб страна. Ако вашата реклама била прикажана на 1000 корисници на Google, на пример, но никој од нив не кликнал на неа – тогаш не плаќате за тие прегледи на вашата реклама.

Кога креирате PPC кампања, треба да се запрашате која е вашата публика. Запрашајте се за нивната возраст, пол, интереси итн. Потоа можете да ја дефинирате таа публика како публика што сте заинтересирани да ја насочите во вашите реклами.

Како резултат на тоа, вие во основа ги филтрирате кликовите во „ќорсокак“ од несаканата публика и се фокусирате само на корисници кои потенцијално би можеле да купат од вас. На пример, ако поседувате фризерски салон кој има 50+ жени клиенти, тогаш не би сакале вашите реклами да бидат прикажани и кликнати од мажи – затоа што знаете дека тие веројатно не се заинтересирани за тоа го нуди вашиот салон.

Google Ads е меѓу водечките платформи за управување со вакви кампањи. Но, можете исто така да управувате со PPC кампањи на Bing, Facebook, Twitter и Instagram.

Наш совет е да почнете со еден од советите кои ви ги предложивме погоре, па потоа да почнете да ги применувате и другите.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не