Blog

Facebook VS веб страна: Што е подобро за вашето онлајн присуство?

Социјалните медиуми во последните години станаа составен дел од нашето секојдневие. Тие ни овозможуваат секојдневно да се поврземе со други луѓе, да комуницираме и да споделиме нови информации за својот бизнис. Но, дали Facebook и Instagram се доволни за квалитетно онлајн присуство при градење и развивање на вашиот бизнис?

Постојат неколку причини зошто e добро да имате и сопствена веб страна покрај Facebook и Instagram профил.

  • Целосна контрола врз содржината што ја објавувате

Кога имате сопствена веб страна имате можност да креирате и објавувате било каков тип на содржина, без никакви ограничувања. На Facebook и Instagram вашата содржина подлежи на нивни правила и услови и тие можат да го отстранат или да го забранат вашиот профил ако сметаат дека е несоодветен.

  • Google има најголем удел во онлајн пребарувањата

Глобално на Google отпаѓа 84% удел од пазарот за пребарување (податокот е за 2022 год.). Facebook не се ни приближува до овој процент на пребарувања, со оглед на тоа што Facebook е социјална мрежа, а не пребарувач.

Сопствена веб страна ви овозможува оптимизација во пребарувањето според клучни зборови кои се релевантни за вашиот бизнис. Преку вашата веб страна , можете да ја зголемите видливоста на вашиот бренд, да генерирате потенцијални клиенти и да ја зголемите продажбата.

  • Сопственост на податоци

Кога имате веб страна, вие имате увид во податоците од вашите клиенти, како што се е-маил, телефонските броеви и историјата на интеракции со вас или купување. Во иднина можете да ги искористите овие податоци за остварување на лојална врска меѓу вас и вашите клиенти. Доколку користите Facebook, овие податоци му припаѓаат нему и можат да ги користат за свои цели.

  • Вие ја поседувате вашата веб-страница

Живееме во време кога трендовите и технологијата  брзо се менуваат. Но што доколку единствена алатка за промоција на вашиот бизнис е Facebook, а неговата популарност почне да опаѓа како што се случи со MySpace и многу други. Како ќе се одрази тоа на вашиот бизнис?

Со градење на сопствена веб страница, никој не може да ви ги одземе податоците за вашите клинети и брендот кој сте го креирале во онлајн светот. Вие ја поседувате и нема да згасне или да ја снема се додека вие не одлучите

 

Следете нè на нашите социјални медиуми

Facebook

Instagram

Linkedin

Google Business profile

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не