Веб страна

Почни од почеток – од веб страна

Мобилниот но и лаптопот ни се секојдневна алатка без која ретко кој може да функционира. Новите услови наметнати од кризата со COVID-19 создадоа голема итност во одлуките за изработка на веб страна за сите компании, со или без продавница. Во периодот на lockdown секој бизнис кој имаше своја веб страница, особено продавница, успеа успешно да го надмине. Некои индустрии не го ни осетија проблемот во својата продажба, како на пример fast food и ресторани со достава, климатизација, додатоци во исхрана, итн.

Да, се навикнавме секојдневно да сме со мобилниот во рака, но и со лаптопот или десктопот пред себе си, по неколку часа на ден. А како корисници, имаме секогаш големи очекувања од се на што ќе кликнеме. На секој клик очекуваме брзо прикажување на содржина, таа да е читлива. А од страна на компаниите, пак, очекувањата се дека секој посетител ќе направи акција од која ќе се добие нов купувач и нова продажба.

Се што гледаме на интернет, портали, веб страници на фирми, социјални мрежи како Facebook и другите, па и емаил сервисите како gmail, outlook, yahoo, се во основа сервиси базирани на веб страница. Да, во позадина стои различен софтвер со различна функција, но ние, корисниците, комуницираме со тој софтвер преку веб страница, па така брзо го решаваме „својот проблем“.

Веб страницата е основен темел за онлајн присуство и успешен дигитален маркетинг

Основното место каде е компанијата присутна на интернет е сопствената веб страница. Таа ги содржи сите содржини кои бизнисот ги комуницира со купувачите, за да оствари своја цел. И откако содржината ќе биде поставена на веб страницата, потоа истата се споделува на различни канали за комуникација за да истата дојде до што е можно поголема публика. За од таму, пак, да дојдат постоечките и новите купувачи до компанијата, за да оствари релација со купувачот, на пример продажба.

Постојат различни канали за комуникација т.е споделување на содржината од сопствената веб страница. Тоа може да бидат социјални медиуми како Facebook, Google My Business, LinkedIn, Twitter, како и емаил маркетинг, и друго.

Погрешно е убедувањето на многу компании кое на кратко звучи вака: ние сме на Facebook или Instagram, и супер ни оди, не ни треба ништо друго. Да, можеби моментално тоа е така, но нема никаква гаранција дека и така ќе остане. Се менуваат правилата, се унапредуваат техниките, конкуретноста во содржините е голема, па мала е веројатноста дека моменталниот успех, а воедно и задоволство од таа маркетинг активност, ќе опстане долгорочно присутна со добри резултати. Тоа е ризично убедување, кое може и да наштети на бизнисот.

Не можете да имате излог во светски позната уметничка галерија без ателје дома

Веб страницата е темелот на онлајн присуството на бизнисот, а со тоа и клучна база за квалитетен дигитален маркетинг. Затоа, креирањето на сопствена веб страница, постојано креирање на содржина на веб страницата која „ќе биде интересна“ за пребарувачите како Google, Bing, и секако купувачите, потоа постојаното техничко надградување со новини кои ќе овоможат истата да биде брза, SEO оптимизирана, со современ дизајн за одлично корисничко искуство, е главна и почетна активност на секој бизнис без разлика на големината и староста.

Затоа, доколку немате, направете веб страница веднаш. Или, ако ја имате, работете на неа секојдневно, збоатувајте ја, подобрувајте не. InOne.mk може да ви помогне и во двете ситуации.  Кликнете на линков и дознајте повеќе.

Доколку имате застарена веб страница, вие сте во предност пред другите

Веќе имате искуство, резултати, и знаете што треба да подобрите.

И сигурно ја научивте лекцијата:  потребен ви е стабилен партнер  кој ќе ви овозможи се што е потребно веб страницата на вашиот бизнис да ги задоволи сите параметри за да истата обезбеди вредност и резултати во вашите активности за успешен дигитален маркетинг.

Поврзани написи

One thought on “Почни од почеток – од веб страна

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *