Blog

Веб страна – клучно место на интернет за секој бизнис

Веб страна - клучно место на интернет за секој бизнис

Често, малите бизниси ги игнорираат веб страните како дел од дигиталниот маркетинг. Причините за тоа се различни, а најчести се: „социјалните мрежи ми носат повеќе купувачи па не ми треба веб страна“, „имам трошок а немам корист“ или „немам јас време и знаење за да направам веб страна за да биде одлично претсавување за мојот бизнис“.

Неретко, се среќаваме со очекувања од типот „мене ми треба моја е-продавница а не веб страна“, притоа заборавајќи дека веб страната која е продавница е и целосна онлајн презентација за бизнисот. Создавањето на веб страна која ќе биде целосна слика за бизнисот и понудата на пазарот е неопходен чекор со голема важност за успешен старт на онлајн продажба.

ЗА СТАРТ ВАЖНО Е ДА СЕ РАЗБЕРЕ ЗНАЧЕЊЕТО ДА СИ НА ВЕБ !

Најчесто „да си на веб“ ќе го сретнеме и како „да бидеш на интернет“, „да си присутен на интернет“, „да си онлајн“.

Во денешна ера на дигитализација, речиси секој човек без разлика на возраст, преку својот мобилен, е по цел ден на интернет. Што ќе рече – купувачите се на интернет. Па кога е така, запрашај се, дали твојот бизнис е на интернет ? Купувачите веќе се таму без разлика на возраст и каде живеат.

За твојот бизнис да е видлив на интернет, неопходно е да го зголемиш своето онлајн присуство. За мали бизниси, бизниси кои се на самиот почеток, и сите други, важно е да се таму каде што се купувачите. А купувачите денес, пред да донесат одлука за да купат нешто, прво пребаруваат и се информираат на интернет. Користат социјални мрежи, глобални и локални пребарувачи како што се Google и zk.mk и Google Business Profile.

Комплетен извор за сите информации за твојот бизнис е веб страната. Преку веб страната купувачите добиваат сигурност во решавањето на својот проблем со услугата или производите кои ги нуди твојот бизнис на пазарот. Веб страната ја раскажува комплетната бизнис приказна – понуда, портфолио, сертификати, тим, локација, контакти.

ДАЛИ ВЕБ СТРАНАТА Е ИЗБОР ?

Не. Веб страната е стандард, под „мора“ за секој бизнис.

Местото каде купувачите дознаваат сė за твојот бизнис во детали, каде се наоѓа (мапа), контакти и комуникација преку формулари и мејлови, viber, whatsup, онлајн нарачки – е веб страната.

Сė друго (социјални мрежи итн.) се канали за комуникација – купувачите дознаваат за твоја тековна понуда и промоции, и најчесто директно комуницираат преку пораки.

Исто како во реалниот живот, така и во виртуелниот.

Твоите канцеларии, продажното место, твојот штанд за промоција … – тоа е местото каде купувачот се поврзува со твојот бизнис за да ја задоволи својата потреба и да го реши својот проблемот со твоите услуги или производи. И ако се на прометно место, шансите за да влезат голем број купувачи, а дел од нив и да купат, се секако големи.

И веб страната е местото каде се случува истото, но онлајн – дигитализирано. Како што продавачот во реалност продава, така и веб страната продава – но виртуелно.

ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА ИМАТЕ КВАЛИТЕТНА ВЕБ СТРАНА ?

За почеток, свој домејн – адресата за вашиот бизнис, или www.firma.mk.
И – стабилен партнер кој ќе ја изработи и ќе се грижи за неа.
И тоа е сė.

Твојот партнер ќе е тука за сите техникалии врзани за таа да биде активна 24/7, брза, оптимизирана, секогаш освежена со нови информации. Партнерот е тој што се грижи за хостингот каде е сместена веб страната, за безбедноста, за сите трендови и новитети за навики на корисниците и нејзино постојано подобрување.

А, твоја грижа е твојот бизнис – со други зборови „твоите сегашни и нови купувачи да се задоволни од твојот производ или услуга“.

Нė избраа повеќе од 330 македонски компании за свој бизнис партнер. Избери не и ти.
Резервирај си време за краток разговор со наш експерт за да создадеме веб страна која ќе направи разлика во твојот бизнис. Ако сега ја имате, ќе ја подобриме, а ако ја немате ќе ја изградиме.

Важно е да имате веб страна!

НАМЕСТО ПРЕПОРАКА

Веб страната не е избор – едноставно „мора“ да ја имате.

Не размислувајте за локалниот пазар каде сте, туку за глобалниот пазар. Вклучете барем уште англиски јазик како опција покрај основниот јазик.

И за почеток, поставете ја насекаде – залепете налепница на вашите возила, на излозите на вашите продавници, во канцелариите, во потписите на вашите мејлови, на визит картите. Поставете ја на вашите профили на социјални мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn, Google My Business).

Активно поставувајте линкови до веб страната на постовите на социјалните мрежи.

Ќе ви дадеме куп идеи за да овозможите поголем број посети на веб страната, како би ги зголемиле шансите за нова продажба – поголема посета, повеќе купувачи во е-продавницата, поголеми шанси за зголемување на продажбата.

Наместо сами да раскажувате за својот бизнис, раскажете го бизнисот на својата веб страна. И оставете таа да ве продава 24/7.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не