Blog

Содржината е секогаш клуч

Content Marketing

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната

Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна стана популарна маркетинг алатка, идејата не е нова. Уште во 1985 година Џон Дир го започна „The Furrow“, земјоделско списание кое го пофали маркетингот со креирање на содржина како корисен ресурс за земјоделците. Тоа е практичен начин да се изгради доверба. И ова е суштината на овој дел од маркетингот. Наместо директно да продавате на потенцијалните клиенти, можете да им дадете вредни информации и да им дозволите сами да донесат одлука.

Покажете им на клиентите дека сте одлични во она што го работите.

Непишано правило е дека не реагираме позитивно кога ќе ни пристапат директно со продажба. Но, кога ќе ни кажат што да размислуваме и што да правиме за одреден проблем, тогаш создаваме свој интерес за понудата. А најчесто среќаваме пораки од типот „купи, купи, купи!!!“ – пристапот на продавачите чиј начин на продажба е само тој. Иако често функционира, тој тип на маркетинг не дава вистинска вредност.

Сите знаеме дека рекламирањето е за да се продаде на клиентите, за да им кажете на луѓето дека сме одлични во она што го работиме. Но, маркетингот со содржина служи за клиентите полесно да одлучат да купат за да ги решат своите проблеми. Со други зборови, им покажувате на луѓето дека сте одлични во она што го правите. Добрата содржина треба да биде корисна и може да биде многу моќна. Тоа ви помага да изградите врска со вашите клиенти и тој однос води до онлајн присуство и продажба.

Станете доверлив експерт

Причината зошто би креирале содржина се сведува на суштински две основни причини:

1) Добијте нови купувачи

2) Бидете видени

Иако првата причина е очигледна, сакате да остварите продажба, втората причина е поблиску поврзана со вашата содржина. Може да поставите разни начини за собирање информации за нови купувачи од содржината што ја споделувате, но квалитетната содржина дава можност за повклучена интеракција со потенцијалните клиенти.

Бидејќи го покажувате вашето знаење со обезбедување вредни информации, можете да се позиционирате како доверлив експерт. Содржината помага да се обликува впечатокот како пазарот го перцепира вашиот бизнис. Кога сте создале информации што се вредни, корисниците на информациите, потенцијалните клиенти, се заинтересирани за она што го нудите.

Вредните информации се нешто што луѓето сакаат да го прочитаат. Можете да создадете содржина за тоа како да го решите проблемот што го има вашата целна група. И тоа е вреди да се сподели, на пример на социјалните мрежи, преку емаил маркетинг, итн.

Посветете време за потенцијални клиенти

Идејата за инвестирање време и ресурси за создавање вредна содржина има смисла само ако води до продажба. И тоа маркетингот со содржина го прави. Социјалните медиуми – особено Facebook – се едно од основните места каде што се споделува содржината. Откако ќе следат бизнис на социјалните мрежи, 89% од клиентите ќе купат, а 85% ќе дадат препорака до семејството или пријателите. Ова ја покажува моќта на искористување на добра содржина на платформите на социјалните медиуми.

Поставете ја содржианта и оставете сама да работи

Да се има добро напишана содржина на вашата веб-страница е еден од клучните фактори за вашите страници да бидат високо рангирани од пребарувачите. Навистина е сосема едноставно. Иако луѓето ја читаат вашата веб-страница, пребарувачите исто така ја читаат. Технологијата за пребарувачите помина долг пат кога станува збор за оценување на квалитетот на напишаното.

Некогаш беше во ред да се користи полнење со клучни зборови (тоа е кога ќе натрупате тони клучни зборови во текстот, иако тоа нема многу смисла). Но, сега, пребарувачите бараат квалитетна содржина што е добра за читање и има смисла. Ако инвестирате во квалитетна содржина, тоа треба да помогне во подобра оптимизација за веб страницата.

На пример, ако вашата веб-страница има блог, (и треба да има), тогаш секоја статија на блог нека се однесува на нешто што вашите потенцијални клиенти би можеле да го бараат на интернет. Кога ја бараат таа тема, имате напис на блог што објаснува што бараат.

На пример, ако сте агент за недвижнини во Скопје и барате повеќе станови за продажба, можете да напишете статија на блог за совети за тоа како продавачите (сопствениците) да добијат најмногу пари за нивната куќа кога би се решиле да ја продадат. Сега, кога некој во Скопје размислува да ја продаде својата куќа и бара како да добие најмногу пари за тоа, БУМ!, се појавува написот на вашиот блог.

Тие ја читаат вашата статија, а вие се позициониравте како експерт. Иако може да не функционира вака непречено секогаш, и да даде брзи резултати, колку повеќе квалитетна содржина имате, толку повеќе можности имате таа да се појави при пребарување. Откако ќе ја направите инвестицијата во креирање на своја содржина, ја поставувате еднаш и таа работи за вас, а во исто време тоа значи помалку работа за вас.

Трошете помалку, добијте повеќе

За мал или среден бизнис, инвестирањето во квалитетна содржина може да изгледа трошок во буџетот и потрошено време. Ако размислувате да платите околу 100 евра за објава на комерцијален текст по портали, можеби ќе добиете побрз резултат, но и поголем трошок. Важно е да имате долгорочна стратегија.

Но, има и друг начин да се размислува за тоа. Само споредете го маркетингот на содржина со конвенционалните видови рекламирање и сликата ќе изгледа многу поинаква. Производството на основна ТВ реклама од 30 секунди веројатно ќе ве чини повеќе од 500 евра и тоа не ги вклучува илјадниците евра што би можеле да ги потрошите за купување на објави и време на телевизија, радио, па и на социјални медиуми.

Дури и рекламирањето со флаери, билборди, каде трошоците за подготовка, објава и дистрибуција, се исто така високи, чинат многу повеќе од инвестицијата во споредба со дигиталната содржина и дигиталните меидуми, меѓу кои и своја веб страница. Така, кога се споредуваат трошоците за воведување стратегија за содржина со цената на традиционалното рекламирање на масовните медиуми, почнува да има повеќе смисла.

Формати за содржини за овој вид маркетинг: слика, блогирање, инфографик, видео, статија, слајд шоу, подкаст

Пишувањето содржина е многу подостапно за помалите бизниси. Не постои грешка кога станува збор за типови на идеи за содржина со кои вистински можете да допрете до голема публика каде се вашите потенцијални клиенти. Но, за тоа ќе треба да ја дефинирате вашата стратегија за содржина.

Планирајте пред да објавите

Некои луѓе мислат дека маркетингот е само индивидуална активност. Значи, ако креирате содржина како објава на блог или видео на социјалните мрежи, тогаш тоа е маркетинг, нели? Погрешно. тоа не е. Без добар план, тоа не е маркетинг. Тоа е само губење време и пари.

Во срцето на успешниот маркетинг со содржина е планот. Можете да создадете еден куп објави на блог на своја веб-страница, но тоа не значи дека таа ќе биде вистинската за вашите потенцијални клиенти. Затоа треба да потрошите време однапред инвестирајќи во тоа како целата ваша содржина ќе им помогне на вашите клиенти и како имате намера да допрете со оваа содржина до нив.

Откако ќе вложите време за планирање, создадете и објавите. Она што е одлично за добрата содржина е тоа што откако ќе биде онлајн, ќе имате долгорочен бенефит.

Да, треба да инвестирате во содржина

Добро напишана статија, внимателно креирана е-книга или дури и вебинар на тема, поставени на веб страница можат да се од користи многу години. Вашата содржина ќе продолжи да докажува дека сте добри во она што го правите и ќе им помогне на клиентите да ве доживуваат како експерт во вашата индустрија. Вашата работа ќе зборува за себе.

Правилно планираната и искористена содржина ќе ја заврши работата за да привлечете нови клиенти. Ако се вредни информациите во креираната содржина, другите луѓе со задоволство ќе ги споделат и ќе ја зголемат вашата видливост. Потоа, кога содржината ќе ја погоди вашата целна публика, потенцијалните клиенти сами ќе дојдат кај вас и ќе добиете нови клиенти и зголемена продажба.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Контактирајте не