Blog

Платформа SAS за своја веб страна

Платформа SAS за своја веб страна

Во денешниот дигитален свет, успешното водење на бизнис значи и присуство на интернет. Но, креирањето и одржувањето на веб страна, што е основа за присуство на твојот бизнис, може да биде предизвик, особено за микро и мали претпријатија. Тука настапуваат платформите SAS (Software as a Service), кои овозможуваат брзо и едноставно користење на разни сервиси, меѓу кои и креирање и користење на професионални веб страни.

Што е SAS платформа?

SAS (Software as a Service) е модел на испорака на софтвер преку интернет. Наместо да купувате и инсталирате софтвер на вашиот компјутер или некој сервер на интернет,, користите апликации кои се хостирани на серверите на провајдерот а кои тој ги развил на своја страна. Ова значи дека добивате пристап до софтверот преку интернет, без потреба од инвестиција во создавање, дополнителна инфраструктура за негово функционирање или одржување.

Трендови и предности на SAS платформа за своја веб страна

Во последните неколку години, SAS услугите се во постојан раст. Платформите за изработка и користење на веб страни се прв избор за микро и мали бизниси, бидејќи се лесни за употреба, се користат и без техничко предзнаење, а овозможуваат интеграција со други алатки, нудат автоматизација и вештачка интелегенција. Ги следат и ги имплементираат сите технички новитети, надградби и подобрувања, оптимизации, како и навиките кај корисниците (оптимизацијата на веб страните за мобилни уреди се подразбира и е стандард).

Корисниците добиваат провајдер кој се грижи за се’ околу услугата, а цената за истата е прифатлива. Трошоците за купување и одржување на софтвер и хардвер се секогаш високи, а со SAS платформите истиот е низок. Услугата е скалабилна – можете да започнете со основен пакет, а потоа да го надградите според потребите.

Со сите овие предности, корисникот си овозможува услуга со висок квалитет а ниска цена, со вклучена поддршка, стабилност и безбедност на вашите податоци.

Разлики меѓу SAS и „своја“ веб страна

Издвојуваме три разлики кои според нас се клучни во вашата одлука за да користите SAS платформа за вашата веб страна. Сите се во фокус на нашата девиза која нашите клиенти ја прифаќаат и за брзо време ја разбираат: „Ваше е да го работите својот бизнис, а сè што е техника позади брзата, респонзивна и модерна веб страна – оставете го на својот партнер за својата веб страна“.

1. Инфраструктура и одржување:

  • SAS платформа: Не треба да се грижите за сервери, безбедност или ажурирања. Провајдерот го управува сето тоа за вас.
  • Сопствена веб страна: Потребно е да инвестирате во сервери, безбедносни мерки и редовни ажурирања. Ова бара технички знаења и многу ресурси (хардвер, луѓе, време, пари, …)..

2. Флексибилност и перс/онализација:

  • SAS платформа: Поседувате функции и готови темплејти од провајдерот за вашата веб страна. Многу од SAS платформите нудат голем број на прилагодувања, како во изгледот, така и во алатките кои доаѓаат со веб страната.
  • Сопствена веб страна: Можете да ја прилагодите и развиете според вашите специфични барања, но тоа може да биде скапо и комплицирано, и да трае долго време.

3. Трошоци:

  • SAS платформа: Плаќате месечна или годишна претплата која ги опфаќа сите трошоци за одржување и ажурирање.
  • Сопствена веб страна: Почетните трошоци за развој и постојаните трошоци за одржување и хостирање можат да бидат значително повисоки.

Како да профитирате со веб страна на SAS платформа

Со користењето на SAS платформа имате готова алатка за брз старт на своја онлајн продавница. Можете лесно да започнете со продажба на производи или услуги онлајн, без притоа да трошите време, пари и други ресурси за изработка.

На вас останува да создадете ефективна маркетинг стратегија за привлекување на купувачи, без притоа да се ангажирате за било што поврзанo со позадинската техника на онлајн продавницата.  Една од сратегиите може да биде блогирање и создавање на содржина врзана за вашите производи и услуги. Креирањето на квалитетна содржина и блогови може да привлече посетители на вашата веб страна, што може ви овозможи зголемена продажба.

Веб страната може да служи и како платформа за поддршка на вашите клиенти, обезбедувајќи информации и помош, што го подобрува задоволството на клиентите и ги зголемува шансите за повторни купувања.

Можете да профитирате и преку огласување на вашата веб страна или соработка со affiliate партнери кои ќе промовираат ваши производи или услуги.

Како да започнете?

За да започнете со користење на SAS платформа за креирање на вашата веб страна, прво изберете провајдер кој ги нуди потребните функционалности и услуги. Следно, изберете пакет и склучете договор со што си овозможувате влез на платформата и старт на користење на услугата. Соодветно на можностите на платформата, изберете и создадете веб страна следејќи ги препораките и поддршката од провајдерот.

Наједноставно, контактирајте не нас на +389 70 393 004 за да ги договориме сите чекори за почеток и брза и квалитетна изработка на веб страната. Ние сме InOne.mk – SAS платформа за веб страни и дигитален маркетинг, алатка создадена од zk.mk – најкористениот локален пребарувач во Македонија што е голем плус фактор за успешност и резултати со вашата веб страна.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Платформа SAS за своја веб страна
InOne

Платформа SAS за своја веб страна

Во денешниот дигитален свет, успешното водење на бизнис значи и присуство на интернет. Но, креирањето и одржувањето на веб страна,

Контактирајте не