Личните податоци кои се обработуваат од страна на www.inone.mk може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат.
Вашата согласнот за користење на лични податоци ја давате при пријавување со ваша емаил адреса во полето “Добивај новости од InOne?” со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на е-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата. Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме вашите лични податоци за целите на директен маркетинг. Корисникот има право во секое време да се спротивстави на понатамошно обработување на неговите/нејзините лични податоци за директен маркетинг, преку контактирање на Офицерот за заштита на лични податоци за барањето (контакт податоците се наведени во Политика за приватност на InOne.mk) или со кликнување на опцијата unsubscribe (повлекување на согласност) во долниот дел на некој од пристигнатите мејлови.
www.inone.mk за потребите на спроведување директен маркетинг ги користи своите интегрирани алатки на платформата. Собраните податоци се зачувани на серверите на платформата и се обезбедени од страна на нашата компанија Р3 Инфомедиа.
Последно променето на: 9.12.2022