Политика за приватност на InOne.mk

 
Политика за приватност на InOne 1. За Политиката за приватност

1.1 Р3 Инфомедиа ДОО (во понатамошниот текст насловено како: InOne, ние, нас или наше) ја имплементираше оваа Политика за приватност со цел да се обезбедат информации во врска со видовите на Лични податоци коишто ние можеме да ги собираме или чуваме, начинот на којшто ги собираме, чуваме, користиме и објавуваме таквите Лични податоци, изборите коишто стојат на ваше располагање во врска со нашето користење на тие Лични податоци и вашата можност да пристапите до Личните податоци или да извршите корекција на истите. Доколку имате какви било прашања во врска со оваа Политика за приватност, ве молиме да се обратите на нашиот Офицер за приватност на некој од начините утврдени во став 15.

1.2 InOne е поврзан со други компании и субјекти (поврзани субјекти). Оваа Политика за приватност се однесува на користењето на вашите Лични податоци како од наша страна, така и од страна на тие поврзани субјекти. Поврзаните субјекти исто така е можно да имаат воспоставено свои сопствени политики за приватност коишто утврдуваат дополнителни детали или содржат разлики во нивните практики за заштита на приватноста. До степенот до кој тие политики за приватност се разликуваат од оваа Политика за приватност, истите ќе преовладуваат над оваа Политика за приватност во врска со постапките на таквите поврзани субјекти. Секое упатување во оваа Политика за приватност на InOne, ние, нас или наше исто така претставува упатување и на тие поврзани субјекти.

2. Лични податоци

2.1 „Лични податоци“ значи информации или мислење, без оглед на тоа дали се вистинити или не, и дали се евидентирани во материјална форма или не, во врска со идентификувано лице или лице коешто разумно може да се идентификува.

3. Кои Лични податоци ние ги собираме и чуваме?

3.1 Видовите на Лични податоци коишто ние можеме да ги собереме во врска со одредено лице зависат од природата на нашата интеракција со истиот. Личните податоци коишто ги собираме можно е да го опфаќаат (но не се ограничени на) следното:
  • име
  • возраст и/или датум на раѓање
  • податоци за контакт вклучително и телефонски броеви (фиксни и/или мобилни)
  • моментална адреса (вклучително и поштенска адреса)
  • адреса за електронска пошта
  • податоци за плаќање, како што се вашата кредитна картичка или податоци во врска со банкарска сметка
  • податоци во врска со професија и вработување, вклучително статус на вработување и претходно работно искуство
  • информации од или во врска со вашата лична биографија или пријава за вработување доколку се пријавите за работно место кај нас
  • географска/и локација/и
  • имиња на домени
  • податоци од профили на социјалните медиуми и Google My Business (вклучително кориснички имиња и хиперлинкови).

3.2 Ние вршиме собирање и евидентирање на Лични податоци за лица како што се:
  • нашите клиенти, потенцијални клиенти и нивни застапници
  • крајните корисници на нашите клиенти
  • нашите добавувачи и потенцијални добавувачи и нивни застапници, директори, партнери, сопственици и акционери
  • нашите изведувачи и под-изведувачи и потенцијални изведувачи и под-изведувачи и нивни застапници во врска со обезбедувањето стоки и услуги кон нас
  • нашите поранешни и сегашни вработени, вклучително и кандидати за вработување, и
  • кои било други лица коишто ќе стапат во контакт со InOne.

4. Како и кога го вршиме собирањето на Лични податоци?

4.1 Ние вршиме собирање на вашите Лични податоци со цел да го овозможиме реализирањето на нашите деловни функции, да ги обезбедиме, рекламираме и продаваме нашите производи и услуги, како и за конкретните цели утврдени во став 6. Во одредени околности, собирањето на Личните податоци може да биде наложено со закон.

4.2 Можно е да вршиме собирање на вашите Лични податоци во текот на обезбедувањето производи или услуги кон вас, или:
  • кога ги користите или купувате нашите производи или услуги или производите или услугите на нашите клиенти
  • кога вршиме продажба на производ или услуга кон вас
  • кога вие нам ни обезбедувате или нудите или аплицирате за да ни обезбедувате стоки или услуги
  • кога ни обезбедувате информации на кој било начин (вклучително по пат на пополнување на обрасци, објавување информации по телефон или електронска пошта, или со давање визит карта)
  • кога барате информации во врска со нас, нашите производи или нашите услуги
  • кога нам ни давате повратни информации
  • кога ги посетувате или пополнувате образец за нашите Онлајн услуги утврдени во став 5
  • кога се регистрирате за или користите профил или претплатнички пакет за нашите Онлајн услуги
  • кога ги посетувате просториите од кои ние работиме
  • кога вие (или ваш вработен) ни обезбедувате информации во текот на спроведувањето или администрирањето на нашиот однос со вас, или кога извршувате активности во врска со нашето работење
  • кога доставувате пријава за вработување кај нас
  • кога на друг начин нѐ контактирате по телефон, факс, електронска пошта, социјални медиуми, пошта или лично, или
  • кога на друг начин сте обврзани или овластени со закон тоа да го сторите.

4.3 Генерално, при обезбедувањето на нашите производи и услуги, постапувањето со нашиот кадар или обезбедувањето стоки и услуги од нашите даватели на услуги, добавувачи или изведувачи, ние собираме Лични податоци директно од релевантните лица секогаш кога тоа е разумно и изводливо.

4.4 Исто така, можно е да собираме Лични податоци за вас и од трети страни и други извори како што се:
  • ваши назначени претставници (на пр. брачен партнер, сметководител, полномошник, брокер или друг стручен советник)
  • јавно достапни извори на информации
  • Централен регистар на Република Македонија
  • агрегатори на податоци од трети страни како што се Factual, Here, Pitney Bowes, Google и Facebook
  • поврзани субјекти, компании и бизниси на InOne
  • други даватели на комерцијални кредити, или
  • агенции за кредитен рејтинг коишто обезбедуваат информации за кредитната способност како што е CreditWatch, сепак, ние ќе вршиме собирање на вашите Лични податоци на овој начин само доколку е неразумно или неизводливо таквите Лични податоци да се обезбедат директно од вас или доколку на друг начин ни е дозволено тоа да го сториме.

4.5 Доколку Личните податоци што ги собираме содржат чувствителни информации, вклучувајќи информации во врска со здравствената состојба, ние ќе побараме ваша согласност во однос на собирањето на чувствителни инфромации, освен доколку со закон ни е дозволено да ги собереме истите без ваша согласност.

4.6 Доколку остваруваме повеќекратен контакт со вас во текот на краток временски период во врска со истото прашање, можно е да ви доставиме посебно известување во врска со приватноста при секој поединечен контакт со вас.

4.7 Доколку изберете да не ни ги обезбедите вашите Лични податоци за целите утврдени во оваа Политика за приватност, можно е да не бидеме способни да ги обезбедиме побараните информации, производи или услуги, или ефективно да го реализираме нашиот однос со вас.

5. Информации собрани преку нашите Онлајн услуги

5.1 Личните податоци може да бидат собрани од нас или од трети страни коишто се наши даватели на услуги коишто ни обезбедуваат помош при управувањето на веб страните на нашите клиенти:
  • вклучувајќи ги нивните под-домени и кои било други веб страни со коишто управуваме во кое било време; и
  • нашите апликации за смарт телефони,

(заедно насловени како: Онлајн услуги).

5.2 Можно е повремено да користиме разновидни технолошки методи со цел да ја следиме динамиката на посети од страна на лица што пристапуваат на нашата Веб страна, вклучувајќи но не ограничувајќи се на методите утврдени во овој став 5.

Метод 1: Google аналитика

5.3 Ние користиме Google аналитика за целите на вршење анализа на начинот на кој вие ја користите нашата Веб страна. Google аналитиката генерира статистички и други информации во врска со користењето на веб страната по пат на колачиња, коишто се складирани на компјутерите на корисниците. Информациите коишто се генерираат се користат за изготвување извештаи во врска со користењето на нашата Веб страна. Google ќе ги складира овие информации.

5.4 Доколку не сакате да има известување за податоците во врска со вашите посети на нашата Веб страна во рамките на Google аналитиката, можете да инсталирате додаток на прелистувачот за изземање од Google аналитиката. За повеќе информации во врска со инсталирањето и деинсталирањето на додатокот, ве молиме да ја посетите страната за изземање од Google аналитика на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.

Метод 2: Податоци за пребарувањето (click stream)

5.5 Кога читате, пребарувате или преземате информации од нашата Веб страна, ние или нашиот давател на интернет услуги може исто така да собираме информации, како што се датумот, времето и времетраењето на посетата, страниците до кои е пристапено, ИП адресата на вашиот компјутер и какви било преземени информации.

Метод 3: Колачиња

5.6 Нашата Веб страна можно е повремено да користи колачиња. Колачињата се мали текстуални датотеки коишто се пренесуваат на тврдиот диск на компјутерот на корисникот од одредена веб страна за целите на зачувување информации во врска со идентитетот на корисникот, видот на прелистувач или динамиката на посета на веб страната. Нашата Веб страна можно е да користи колачиња со цел да се следи веб сообраќајот, како на пример, времето на посета, посетените страни и одредени системски информации во врска со видот на компјутер што се користи. Ние ги користиме овие информации за да ја збогатиме содржината и услугите што се нудат на нашата Веб страна.

5.7 Исто така, колачињата понекогаш се користат и за собирање информации во врска со страните коишто вие ги посетувате или видот на софтвер којшто вие го користите. Доколку пристапите на нашата Веб страна или кликнете на линк што води до нашата Веб страна од електронска порака што ние сме ви ја испратиле, на тврдиот диск од вашиот компјутер може да се симне колаче.

5.8 Колачиња исто така може да се користат и за други цели на нашата Веб страна.

5.9 Можете да го конфигурирате вашиот прелистувач за да може да ги прифати сите колачиња, да ги одбие сите колачиња или да ве извести кога ќе биде испратено колаче. Секој прелистувач е различен. Според тоа, проверете го менито „Помош“ на вашиот прелистувач за да дознаете како да ги промените вашите преференци во однос на колачињата.

5.10 Доколку го онеспособите користењето на колачиња на вашиот Веб прелистувач или отстраните или одбиете конкретни колачиња од нашата Веб страна или поврзани страни, тогаш можно е да не ви биде дозволен пристап до сите содржини и капацитети на тие веб страни.

Метод 4: Содржина на трети страни (на пр. линкови на социјални медиуми)

5.11 Дел од содржината на нашата Веб страна содржи апликации коишто се ставени на располагање од трети страни, како што се копчиња или линкови на социјални медиуми коишто ви овозможуваат да споделите содржина или линкови на нашата Веб страна преку релевантни платформи на трети страни. Овие апликации од трети лица самите можат да овозможат собирање на информации од тие трети страни, преку вашата интеракција со апликациите и, понекогаш, дури и кога не сте оствариле директна интеракција со нив. Ние не сме одговорни за техничкото функционирање на овие апликации ниту пак за практиките на собирање и користење што ги применуваат релевантните трети страни. Ве молиме да ги посетите веб страните на релевантните трети страни за да ги разберете нивните практики за заштита на приватноста и опциите коишто тие ви ги ставаат на располагање во врска со нивното собирање на вашите Лични податоци.

6. Како ние ги користиме вашите Лични податоци?

6.1 Личните податоци собрани од вас ние ги користиме за потребите на нашите деловни функции и активности, со цел ефиксно да го водиме нашето деловно работење и да ги пласираме нашите производи и услуги во корист на нашите клиенти .

6.2 Ние може да ги собираме, чуваме и користиме вашите лични податоци за целите на:
  • идентификување и комуницирање со вас
  • стекнување можност да ви ги обезбедиме побараните информации, производи и услуги
  • на друг начин обезбедување помош на клиентите обезбедувајќи им информации и поддршка
  • вршење наплата и обработка на плаќањата
  • помош при управувањето и подобрувањето на производите и услугите што вам ви ги обезбедуваме
  • добивање помош при управувањето и подобрувањето на производите и услугите коишто ги обезбедуваме од нашите добавувачи и под-изведувачи
  • управување и администрирање на вашите профили што се водат кај нас
  • директно интегрирање на вашите поединости со Google, Facebook и нашата Веб страна (за целите на обезбедување на производите или услугите што вие ги набавувате од нас)
  • промовирање и рекламирање на нашите производи и услуги кон вас
  • обезбедување информации за вас коишто ние сметаме дека би можеле да ве интересираат или дека би сакале да ги примите, вклучително и рекламни материјали во врска со нас, нашите клиенти и нашите деловни партнери
  • помош при испитувањето на потребите на нашите корисници со цел да можеме да ги рекламираме нашите производи и услуги со подобро разбирање на вашите потреби и на потребите на корисниците општо земено
  • ваша и наша заштита од злоупотреби
  • осигурување безбедност и сигурност за нашите вработени, изведувачи и посетители на тере
  • помош при управувањето на нашите деловни активности
  • за целите на деловна поддршка вклучувајќи одржување, обезбедување резервни копии и ревизија
  • обработка на пријавите за вработување доставени од вас
  • одговарање на какви било ваши прашања или приговори, или
  • сполнување на нашите статутарни и законски обврски.
6.3 Ние го задржуваме правото во кое било време да следиме, прегледаме, задржиме и/или објавиме какви било информации коишто се неопходни за почитување на кој било важечки закон, но притоа ние немаме обврска да го следиме користењето на Веб страната или да задржуваме содржина од која било корисничка сесија.

6.4 Вие сте согласни да ги користиме вашите Лични податоци на погоре наведените начини и како што е утврдено во оваа Политика за приватност.

6.5 Ние можеме и на друг начин да ги собираме, користиме и објавуваме вашите Лични податоци доколку таквото собирање, користење или објавување е:
  • во согласност со оваа Политика за приватност или каков било договор што вие ќе го склучите со нас, или
  • наложено или дозволено со закон, вклучувајќи ги без ограничување Македонските принципи за приватност според Законот за заштита на личните податоци од 2018 година (Закон за приватност).

7. Кога ги објавуваме вашите Лични податоци?


7.1 InOne може да ги објави или да обезбеди пристап до вашите Лични податоци на трети страни во врска со целите утврдени во став 6. Во зависност од околностите и природата на вашиот ангажман со нас, ние можеме да ги објавиме вашите Лични податоци на нашите поврзани субјекти, на трети страни коишто нам ни обезбедуваат или преку нас обезбедуваат производи и услуги, или на други трети страни (како што с/е член/ови на комисија во врска со пријавата за вработување којашто сте ја доставиле).

7.2 Исто така, ние можеме да ги објавуваме вашите Лични податоци на:
а. кој било од интерните оддели, деловни единици или сектори на InOne
б. вашите назначени претставници
в. други организации или лица коишто нам ни помагаат при обезбедувањето на производите и услугите за вас
г. професионални даватели на услуги и советници коишто извршуваат функции во наше име, како адвокати
д. претставници, агенти или изведувачи назначени од нас при редовното извршување на нашите деловни активности (како на пр. за целите на складирање или обработка на податоци, печатење, испраќање по пошта, маркетинг, планирање и развој на производи или услуги)
ѓ. банки, осигурители на хипотеки, проценители, агенти за недвижности (судски овластени лица за пренос на земјиште), осигурители, брокери, ревизори, деловни консултанти и даватели на ИТ услуги и
е. влада, регулаторни органи и други организации како што е наложено или дозволено со закон (како Centrelink или полицијата).

7.3 Исто така, ние можеме да ги објавуваме вашите Лични податоци на провајдерите на софтверската апликација за хостирање на нашите Онлајн услуги во одредени органичени околности, на пример, кога нашата Веб страна ќе се соочи со технички проблем или за да се осигури дека истата функционира ефективно и безбедно.

7.4 Понатаму, вашите Лични податоци можеме да ги објавиме на купувачи или потенцијални купувачи во врска со продажбата или потенцијалната продажба на InOne, нашиот бизнис или кои било од нашите средства, вклучително и во услови на стечај, во околности коишто му наложуваат на купувачот или потенцијалниот купувач да ги користи таквите Лични податоци доследно на оваа Политика за приватност.

8. Објавување во странство

8.1 Дел од вашите Лични податоци можат да бидат објавени, пренесени, складирани, обработени или користени во странство од нас или од даватели на услуги трети страни. Ова може да се случи доколку:
  • нашите канцеларии или поврзаните субјекти се наоѓаат во странство
  • дел од нашите активности се пренесени на надворешни даватели на услуги во странство
  • одредени трансакции, информации, услуги или производи имаат врска со странски држави, или
  • нашите компјутерски системи, вклучително и ИТ сервери, се лоцирани во странство.

8.2 Вие сте согласни на собирањето, користењето, складирањето и обработката на вашите Лични податоци надвор од Република Северна Македонија според условите утврдени во оваа Политика за приватност.

8.3 Имено, вашите Лични податоци можат да бидат објавени на трети страни на територијата на ЕУ, Филипините и Јапонија, како и во други земји во кои тие страни или нивните или нашите компјутерски системи можно е да бидат повремено лоцирани, каде што истите можат да се користат за целите утврдени во оваа Политика за приватност. Под овие околности, вие се согласувате со собирањето, користењето, складирањето и обработката на вашите Лични податоци во тие земји, без при тоа ние да сносиме одговорност според Законот за приватност во однос на таквото користење (или какво било прекршување). Во случај кога тие страни се лоцирани во странство, вие може да располагате со право да ги обврзете тие страни да ги почитуваат применливите закони за заштита на личните податоци, но можно е да немате законско право да барате надомест од тие страни според македонскиот Закон за приватност во врска со начинот на кој тие страни постапуваат со вашите лични податоци.

9. Други примени и објавување

9.1 Ние можеме да вршиме собирање, користење и објавување на вашите Лични податоци и за други цели коишто не се наведени во оваа Политика за приватност. Доколку го сториме тоа, за истото ќе бидете известени при собирањето или користењето на вашите Лични податоци.

10. Маркетинг

10.1 Вие сте согласни ние да ги користиме вашите Лични податоци за да ви испраќаме информации, вклучувајќи промотивни материјали, во врска со нас или со нашите производи и услуги, како и производите и услугите на нашите поврзани субјекти и трети страни, сега и во иднина. Вие исто така сте согласни да ви ги испраќаме таквите информации по пат на директна пошта, телемаркетинг, електронска пошта, СМС и ММС пораки.

10.2 Доколку не сакате да добивате маркетинг информации од нас или доколку сакате да престанете да добивате телемаркетинг, можете да ја откажете претплатата на некој од следните начини:
  • со кликнување на линкот „Откажи претплата“ или преференци за претплатата во директната рекламна електронска порака што сте ја добиле од нас
  • со најава на вашиот профил на Веб страната и со уредување на вашите преференци во однос на комуникацијата, или
  • контактирајќи со нас со користење на податоците за контакт наведени во став 15.
11. Складирање и безбедност на Личните податоци што се чуваат кај нас

11.1 Нашата цел е да осигуриме безбедност на вашите Лични податоци. Сите Лични податоци коишто се собираат преку нашата Веб страна или коишто се чуваат на нашите компјутерски системи се зашититени со физички, технички (вклучувајќи Cloudflare, заштитни ѕидови, криптирање на податоци при транзит преку SSL и криптирање на складирани податоци преку PGP) и процедурални методи.

11.2 Доколку дојдеме до сознание дека вашите Лични податоци повеќе не ни се задолжителни ниту понатамошно потребни, можно е истите да ги деидентификуваме или да ги отстраниме од нашите системи и да ја уништиме целокупната евиденција поврзана со нив.

12. Можете да пристапите до вашите Лични податоци и истите да ги ажурирате

12.1 Генерално, вие имате право на пристап до Личните податоци поврзани со вас што се чуваат кај нас. Доколку побарате пристап до вашите Лични податоци, во редовни околности, ние ќе ви обезбедиме целосен пристап до истите. Во зависност од природата на барањето, InOne може да изврши наплата за обезбедувањето пристап до овие податоци, при што, во секој случај, таквата наплата ќе биде во разумен износ. Сепак, можно е да постојат одредени законски или административни причини за забрана на пристап. Доколку го одбиеме вашето барање за пристап до вашите Лични податоци, ќе ви биде обезбедено образложение со наведување на причините за таквото одбивање, при што наведувањето на тие причини е наша законска обврска.

12.2 Можете да пристапите до и да коригирате дел од вашите Лични податоци преку Веб страната по пат на најава на вашиот профил и со повремено ажурирање или уредување на вашиот профил. Друга опција е барањето за пристап да се упати до нашиот Офицер за приватност на кој било од начините утврдени во став 15.

12.3 Ние ги преземаме сите разумни чекори за да осигуриме Личните податоци коишто ги собираме и користиме да бидат точни, целосни и тековни. За да ни помогнете во овој поглед, вие сте должни да ни обезбедите вистинити, точни, тековни и целосни податоци во врска со вас, како што е побарано, и соодветно да ги ажурирате податоците коишто нам ни се обезбедени со цел истите да останат вистинити, точни, тековни и целосни.

12.4 Ве молиме да нѐ контактирате на кој било од начините утврдени во став 15 доколку сметате дека вашите Лични податоци се неточни, нецелосни или застарени, при што ние ќе вложиме максимални разумни напори за нивна корекција.

12.5 Доставувањето на барањата во писмена форма и со вклучено максимално можно ниво на детали ќе ни помогне соодветно да го разбереме вашето барање и да ви одговориме навремено.

13. Како постапуваме со приговори во врска со приватноста?

13.1 Доколку сметате дека сме извршиле непочитување на вашата приватност или дека самите ние сме постапиле недоследно на оваа Политика за приватност, ве молиме да контактирате со Офицерот за приватност на некој од начините утврдени во став 15 и да нѐ известите за истото во најскор можен рок. Ние ќе ги разгледаме вашите прашања и приговорите во врска со приватноста во разумен рок, во зависност од сложеноста на приговорот.

13.2 Со цел да можеме навремено да одговориме на вашиот приговор, препорачливо е истиот да се достави во писмена форма. Ве молиме да наведете податоци коишто се релевантни за вашиот приговор.

13.3 Ние ќе ве известиме во врска со исходот од нашето разгледување.

14. Ажурирање на оваа Политика за приватност

14.1 Повремено, ние можеме да извршиме ревидирање и ажурирање на оваа Политика за приватност, вклучително и за целите на усогласеност со нови закони, регулативи, практики и технологии. Сите Лични податоци што се чуваат кај нас ќе се раководат според најскорешната Политика за приватност, објавена на интернет на: https://inone.mk/privacy-policy?msgtargetuserid=1Gi5WRVHxYOH94gEzgcjXA== каде што ќе биде лоцирана Политиката за приватност. Сите измени на оваа Политика за приватност може да ви бидат соопштени по пат на ажурирање на оваа страница на нашата Веб страна. Ви препорачуваме повремено да ја проверувате оваа страница со цел да се запознаете со евентуалните промени.

15. Што да сторите доколку имате прашање, проблем или доколку сакате да ни се обратите во врска со користењето на вашите Лични податоци или оваа Политика за приватност

15.1 Доколку:
  • имате прашање или проблем во врска со оваа Политика за приватност или нашите процеси за постапување со Лични податоци
  • сакате да упатите приговор во врска со нарушување на вашата приватност
  • сакате да пристапите до вашите Лични податоци што се чуваат кај нас
  • сакате да ги ажурирате или коригирате вашите Лични податоци што се чуваат кај нас, или
  • сакате да бидете изземени од директен маркетинг,
ве молиме да се обратите кај нашиот Офицер за приватност на кој било од следните начини:
  • Адреса за електронска пошта: inone@zk.mk
  • Поштенска адреса: Партизански одреди 42/2, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
  • Телефон: +389 (0)2 3177 888

Оваа Политика за приватност е последен пат ажурирана на 30-ти октомври 2020 година.