Незнам што другите мислат – но за мене летото е најубавиот период од годината. Можеби затоа што сè уште го поврзувам со слободата што ја чувствував како дете на летниот распуст, целосно ослободен од училишните обврски … Повеќето од нас го чувствуваме истото, летните месеци едноставно не тераат да сме надвор и покрај обврските кои ги имаме.
Се прашувам кога последен пат вистински сме се одмориле и неколку дена не сме го допреле компјутерот или мобилниот телефон во рака?
Јас лично го паметам последниот вистински одмор, тоа беше 2002 година. Oд 2003 година до денес секој мој летен одмор е ист.
Првиот ден стигнуваме и сме преморени од патот, влегуваме во собите и одмараме. Вториот ден е посветен на саканите. Третиот и четвртиот ден се запознаваме со комшиите и веќе петиот ден сме постојано со нашиот мобилен телефон во рака. Како оди продажбата, одговараме на емаил пораки читаме вести и сме постојано на некоја социјална мрежа. Додека многумина веруваат дека мнозинството мали бизниси имаат некаква летна рецесија, тоа зависи единствено како го водиме нашиот бизнис и она што го правиме откако ќе почнат да растат температурите.
Се поставува прашањето како успешно да продаваме за време на летниот одмор?
За да имаме добар маркетинг и продажба за време на летните одмори неколку предуслови треба да се исполнети.
Да направиме добра подготовка на нашите социјални профили
Добрата подготовка значи најмалку месец дена однапред да постираме редовно релевантни квалитетни содржини на нашите социјални профили. Така ќе ги подготвиме нашите следбеници и ќе ги запознаеме што всушност работиме и што да очекуваат во летниот период од нас, и така суптилно преку интересни содржини ќе започнеме да ги внесуваме во продажниот процес ( продажната инка).
Многу од малите бизниси се на Facebook но само мал процент од нас тоа го прават исправно и на вистинскиот начин. Подобрената комуникација направена на вистински начин на социјалните профили ќе донесе повеќе од одлични резултати. Летото исто така е вистинско време кога не мора да сме толку многу сериозни во комуникацијата со нашите следбеници, малку “ведрина “ преку квизови, прашања и игри ќе ни донесат повеќе од одлични резултати.
Верувајте тоа го прават многу посериозни бизниси од нашите.
Да заборавимее на класичните продажни памфлети кои најчесто ги користиме а се сведуваат на едно те исто КУПИ; КУПИ; КУПИ и одговорот на следбениците ЦЕНА; ЦЕНА; ЦЕНА.
Да направиме нешто сосема различно, прашајте ги вашите следбеници што сакаат, побарајте мислење и едноставно разговарајте.
Да го планираме финалето од игрите и квизовите да е неколку дена по нашето враќање од одмор. Така ќе имаме супер активни релевантни загреани следбеници кои ќе ни дадат непроценливи информации за нашиот бизнис.
Дозволете да ви презентирамe една кампања за Crown Hotel, ова е само еден од 20 постови кои беа објавени со замолница следбениците да бидат кумови на плажата или на летен коктел.
Кампањата беше органска без ниту едно потрошено евро а резултатите беа над сите предвидувања. Принт-скринот од кампањата со основната статистика говори сама за себе.
Комуницирајте човечки и пријателски , верувајте се случуваат чуда.
Да ја освежиме веб страната
Веб страната е нашиот излог, најмалку месец дена порано да провериме што останало во тој излог, дали е скршен, дали постои , што имаме ставено на полиците на тој излог дали имаме производи и какви производи имаме. Платформата на Златна Книга за креирање и дизајнирање на веб-сајтови InOne е вистинско професионално и брзо решение доколку одговорот на претходните прашања е негативен.
Доколку немаме идеја за веб страна ниту пак време закупете локален листинг
Златна Книга е лидер во Македонија со најголем број на платени клиенти ( преку 1100 годишно) на нивниот локален пребарувач за мали бизниси zk.mk и над 50. 000 фирми кои се претставени на платформата, со тим на професионалци кои секогаш работат еден чекор понапред со единствена цел – овозможување на малите бизниси да го искористат своето онлајн присуство.
Во зависност од бизнисот кој го работиме 3-7 пати повеќе комуникација и нови идни потрошувачи ќе не контактираат, да го направиме тоа барем еден месец порано и резултатите се тука.
Да се здружиме со комплементарни неконкурентни бизниси
Здружувањето со комплементарни неконкурентни бизниси со кои имаме иста целна група на купувачи во лето е повеќе од потребно.
Доколку сме на пример аптека да се договориме со некоја од фармацевтските куќи и да направиме зедничка промоција на социјални мрежи, повторно трошокот ќе е минороен во споредба со резултатите.
Идеја : тагни го во постот твојот партнер за одмор ова лето и добиј сет масла за сончање.
Да го планираме финалето од игрите и квизовите да е неколку дена по нашето враќање од одмор. Така ќе имаме супер активни релевантни загреани следбеници кои ќе ни дадат непроценливи информации за нашиот бизнис.
Доколку постои можност и за настани популарни евенти, повторно здружувањето со комплементарни неконкурентни бизниси со кои имаме иста целна група на купувачи во лето е повеќе од потребно, а резултатите во продажбата ќе ги осетите веднаш.
Идеја : доколку сме фризерски салон да направиме презентација во салонот на новите маски за нега на коса со гратис тестери од козметичката компанија ххх.
Да ја проветриме и разбудиме нашата емаил листа на купувачи и потенцијални купувачи
Летото е идеално време за чистење на емаил листите на контакткти ако ги имаме, и на будење на истите. Да понудиме нешто за да започнеме комуникација, да ги прашаме нашите контакти зошто не се активни и суптилно комунцирајки да продадеме нештосе ставено во временска рамка со крајни рокови.
Доколку немаме емаил листа оова е иделниот период за нови идни купувачи и загревање на публиката, период на нови лидови. Да направиме игра и ли прешалник на социјалните мрежи и преку форма за генерирање на лидови да започнеме, веднаш!
Платформата на Златна Книга за креирање и дизајнирање на веб-сајтови InOne е вистинско професионално и брзо решение доколку одговорот на претходните прашања е негативен.
Да бидеме добри домаќини
Да ги отвориме ги вратите на малите бизнис и послужиме нашите посетители и купувачи со чаша ладна вода, парче овошје или некој освежителен пијалок.
Мал гест кој секој ќе го запамти. Да не бараме продажба во замена. Верувајте сама ќе дојде.
И за крај што и да правите правите со љубов, тоа е магичниот рецепт на секој бизнис.