Blog

Дигиталниот маркетинг е нашата главна промоција, а со InOne нашите производи се повидливи и поконкурентни

Ionic Care е бренд на производи што сè повеќе ни се потребни- прочистувачи на воздух. Кои се карактеристиките што го прават единствен на нашиот пазар?

Ionic CARE Triton X6 е чешки број 1 прочистувач на воздух кој повеќе од 10 години успешно се користи не само во домовите, туку и во градинки, училишта, амбуланти, теретани и канцеларии во повеќе европски земји, а четири години по ред (2015, 2016, 2017 и 2018) е прогласуван за производ на годината во Република Чешка.

На површина од 75м2 еден Ionic-CARE Triton X6 ја собира не само прашината (пм честичките поголеми од 0,3, вклучувајќи пм 1, пм2,5, пм5, пм10), туку и хемикалии, чад од цигари и никотинот, полен и други алергени, вируси, бактерии, спори на мувла, итн. Тој не е прочистувач само за во текот на зимските месеци кога загадувањето е најголемо, туку ќе го користите преку целата година поради перформансите и економичноста – траен филтер, мал потрошувач на струја, и потполно бесшумен. Едноставно, станува дел од електричните уреди во домот кој и покрај тоа што ќе биде постојано вклучен (24 часа на ден) нема да го приметувате, а воздухот ќе ви биде чист!

2. Што се главни предизвици за вашиот бизнис, од аспект на успешно маркетирање на производите?
На нашиот пазар има богата понуда на прочистувачи на воздухот. Се трудиме да се разликуваме по нашиот сервис кон крајните корисници, поддршката при користењето, како и едукацијата околу значењето и потребата да обезбедиме чист воздух. Еден од главните предизвиците е адекватно да го промовираме нашиот производ кон што е можно поголем број на клиенти- секако, како избор што им нуди најдобра цена и квалитет, односно целосно ги исполнува и надминува нивните очекувања.
Често купувањето на ваков уред за училишта, градинки, канцеларии и останати поголеми простори каде што секојдневно престојуваат голем број на лица е вистински предизвик. Оттаму ја нудиме и можноста за изнајмување на уредот, и тоа на периоди што најмногу им одговараат на клиентите- 6 месеци, 1 година, или подолг временски период. За да го приближиме до што повеќе купувачи, нашиот производ е широко достапен низ малопродажбата низ Македонија. Ја цениме и препораката на нашите клиенти – затоа секоја препорака од купувач или купување по препорака на Ionic-CARE Triton X6 ја наградуваме со 500 ден.
 
3. Какво е вашето мислење за дигиталниот маркетинг и за неговото влијание врз вашата компанија?
Дигиталниот маркетинг е основен канал на промоција и рекламирање на нашите производи. Со помош на тимот на InOne и сите добиени препораки и совети од нивна страна, дизајниравме подобрена верзија на нашата веб страница . Паралелно дизајниравме и Facebook страна каде ги промовираме производите, како и препораките, советите и новостите за купувачите. На InOne обуките дознавме за трендовите поврзани со content marketing, па започнавме со сопствен блог и споделување преку Facebook и Google My Business. Од почетокот градиме евиденција т.е. база на наши клиенти. Штом дознавме за можноста за CRM и емаил маркетинг со InOne, направивме сегментација и стратегија за наша постојана комуникација со клиентите преку емаил која наскоро ќе ја стартуваме. Веруваме во квалитетни и долгорочни релации со нашите клиенти. Важно ни е нивното искуство со нашите производи, нивното задоволство и сугестии за подобрување, и нивните препораки до новите купувачи.
Иако дигиталниот маркетинг е основен, користиме и традиционални форми на промоција и комуникација, како што се каталози и флаери. Правиме комбинации од различни алатки со цел клиентот да ги добие сите потребни информации за нашиот производ.

4. Во изминатиот период започнавте да ги користите дел од услугите на InOne. Каква е вашата оценка за услугите и за ефектите од нив?
InOne го користиме 5 месеци. За многу кратко време, по неполн месец, успеавме да ја постигнеме една од повеќето цели- да сме на прва страница на резултати од пребарување на Google. Навиката на сите нас во денешно време е за речиси сè прво да “го прашаме Google”. Штом пребарате „прочистувач на воздух“ нашата веб страницата е на првата страница, што ни помага без инвестиција во реклама или платен ранг на резултат да имаме многу поголема посетеност на веб страницата од порано. Во исто време стануваме и многу поконкуретни на пазарот.
Се уверивме во сигурноста и поддршката на InOne. Знаеме дека нашата веб страница, алатката за емаил маркетинг, CRM-от, формуларите за прашања од клиенти и закажување на презентации функционираат беспрекорно во секој момент. Нашето време комплетно го насочивме во продажни активности што ни овозможи да ја зголемиме продажбата т.е. бројот на клиенти – корисници на нашите прочистувачи.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Контактирајте не