Blog

5 Начини да креирате мејлинг листа за ваш newsletter

За секој бизнис е важно да има своја листа со емаил адреси (мејлинг листа) за свој newsletter. Зошто? Бидејќи е-маил – oт бил и ќе биде основа за комуникација, тој е крал во дигиталниот маркетинг. Во директниот (е-маил) маркетинг, вие ја поседувате вашата листа со е-маил адреси и вие ја водите својата комуникација директно со постоечките и потенцијалните купувачи.

Со е-маил комуникацијата, исто така вие ја контролирате содржината и не треба да се прилагодувате на туѓите правила. Под тоа, мислиме на различни платформи за социјални медиуми кои имаат свои правила и ги менуваат кога сакаат. Социјалните медиуми се одлични, и се разбира, вашиот бизнис треба да биде на нив, но не можете да се потпрете на нив како единствен маркетинг канал.

Испраќањето newsletter преку е-маил е одличен начин да ги негувате односите со вашите клиенти и да ја зголемите продажбата и свесноста за брендот. И првото нешто што ви треба е мејлинг листа на која ќе ги праќате newsletter-ите.

Како да изградите мејлинг листа ?

Еве неколку начини:

  1. Побарајте од клиентите да се приклучат на вашата мејлинг листа, можете и лично. Тоа е најефикасен начин за дополнување на мејлинг листата со нови адреси.

    Кажете им што ќе добијат од вашиот newsletter (Дали тоа се специјални понуди? Корисни совети? Вести за производи или услуги? Препораки?). Осигурете ги дека нема да им испраќате премногу често.

  2. Побарајте од клиентите да се приклучат на вашата мејлинг листа кога ќе ви постават прашање преку контакт форма, или кога ќе направат онлајн нарачка на вашата веб страна, кога ќе резервираат термин за состанок или за ваша услуга. Тоа може да биде поле за пријава или поле за согласување за влез во листата.

    Сигурно сте ја сретнале онаа реченица на веб страни „Би сакал да добијам промотивен материјал од овој бизнис“. Користете ја оваа опција за да ја зголемите вашата мејлинг листа.

  3. Поканете ги посетителите на вашата веб страна да се приклучат на вашата мејлинг листа. Луѓето кои ја посетуваат вашата веб страна веќе се заинтересирани за вашиот бизнис. Тоа е одлична можност да ги натерате да се претплатат на вашиот newsletter.

    Затоа, додадете CTA копче (CTA значи Call To Action) на вашата веб странa и направете го примамливо и лесно, на пример со пораката: „Придружете се на нашиот newsletter за одлични зделки и совети и добијте 10% попуст на вашето прво купување“.

  4. Зголемете ја вашата мејлинг листа преку социјалните медиуми. Натерајте ги вашите следбеници на социјалните мрежи да се приклучат на вашата мејлинг листа.

    Facebook, на пример, ви овозможува да го користите CTA копчето под насловната фотографија на неколку начини. Можете да го поврзете со вашата онлајн резервација, со вашата онлајн продавница или со вашата веб страна – каде што вашите следбеници можат да се приклучат на вашата мејлинг листа.

    Можете исто така одвреме навреме да објавувате пост со специјална зделка, велејќи дека следбениците ќе добијат купон код за да ја искористат зделката ако се приклучат на мејлинг листата.

    Бидете креативни, и погрижете се да им дадете на фановите и следбениците на вашите профили на социјални мрежи (Facebook, Instagram, и др.) добри причини да се приклучат на вашата мејлинг листа. Добра идеја е и давање бесплатна корисна содржина.

  5. Направете акција за пријавување во вашата мејлинг листа со емаил адреси кои се веќе дел од вашата листа.

    Можеби имате голем број емаил адреси што им припаѓаат на вашите клиенти, но според законот не смеете да им праќате newsletter-и без нивна согласност. Затоа замолете ги да се придружат на листата. Дозволено е да испратите еднократна е-пошта нудејќи им претплата на вашиот newsletter. Не заборавајте да им објасните што добиваат со тоа.

Запомнете: Испратете го newsletter-от САМО на луѓе кои конкретно се согласиле да го примаат. Секогаш мора да ја добиете нивната согласност. Тоа не е само легален начин, туку е и убаво и учтиво и нешто што треба да се направи за долгорочна комуникација и доверба.

Никој не сака да добива спам, а добивањето несакани е-меил пораки, дури и од бизнис што ви се допаѓа, е досадно. Плус, испраќањето е-меил пораки до луѓе кои не ги сакаат, ќе ве оштети, бидејќи ќе ве внесе на списокот со спам.

Но, дури и ако луѓето се регистрираат за вашиот newsletter, тие сепак можат да го променат своето мислење. По некое време тие можеби нема да сакаат повеќе да примаат newsletter-и од вас, па затоа погрижете се вашите newsletter-и секогаш да вклучуваат линк за отпишување.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не