Blog

Зошто емаил маркетингот е важен за вашиот бизнис ?

Ако сте сопственик на мал бизнис – без оглед на индустријата – email маркетингот може да ви помогне да изградите подобри врски со клиентите и посилен бренд кој ќе ви помогне да продолжите да растете.

Сопствениците на мал бизнис честопати претпоставуваат дека email маркетинг не е ефикасен за малите бизниси. Тие претпоставуваат дека веројатно треба да имате илјадници клиенти и многу голем буџет за да генерирате доволно голема email листа која ќе го оправда вложувањата во неа.

Но, тие не се во право! Според светските статистики 3/4 од компаниите велат дека инвестирањето во email маркетинг нуди одлично враќање на инвестициите.

Email маркетингот често се наведува како најпрофитабилна форма на онлајн маркетинг – во просек инвестирањето во него ви генерира околу 45 долари во приходи за секој потрошен 1$ . И добрата вест е дека оваа масивна рентабилност не е резервирана само за големите играчи.

Тоа не запира тука!

Користењето на email маркетингот за вашиот мал бизнис е најлесниот начин да управувате со градењето директна врска со клиентите, и тоа со голема група одеднаш.

Тогаш треба да се запрашате зошто уште не сте почнале да го користите!

Постојат 4 лесни чекори за поставување на email маркетинг стратегија за вашиот мал бизнис:

1. Започнете со градење на вашата email листа

Пред да почнете да праќате мејлови, треба да имате контакти на кои ќе ги испраќате.

Со цел да ги соберете контактите, најлесно и наједноставно е  да поставите форма на вашата веб-страница со чие пополнување контактирате ќе дадат согласност да влезат во вашата листа. Задолжително треба да објасните за што се пријавуваат со пополнување на формата. Важно е и да ги “наградите” контактите што ја поплниле формата, односно да им дадете некаква вредност плус за нивната согласност да бидат дел од вашата контакт листа. Може да креирате некаква брошура со паметни трикови за вашата индустрија која ќе ја добијат по поплнување на формата, или пак да им дозволите некаков попуст на вашите производи и услуги. Што и да одлучите да дадете како додадена вредност ќе ви биде ван од корист за градење на поголема листа.

2. Одлучете какви пораки сакате да ги испратите

Откако вашата контакт листа почна да расте, време е да одлучите каков тип на мејлови сакате да ги испратите.

Секогаш е безбедно да се започне со месечен информативен билтен. Некои други примери може да вклучуваат:
– Промотивни пораки за специјални понуди или за продажба
– Сезонски пораки (за празници или специјални настани)
– Програми за лојалност за вашите најредовни клиенти и слично.

Видовите на мејлови што ги испраќате ќе зависат од тоа каков тип на понуда или активност имате во моментот на испраќање. Само запомнете дека секој мејл што го испраќате треба да обезбеди вредност за вашите клиенти.

3. Креирајте ја содржината и дизајнот

Откако ќе испланирате со која цел сакате да ги испратите мејл, ќе треба да ги креирате содржината и дизајнот.

Клучот за овој чекор е секогаш да го задржите вниманието на вашиот клиент и да си ја исполните целта на кампањата. Важно е да додадете вредност за вашите клиенти и целта која сакате да ја постигнете треба да биде многу јасна.

Најдобар начин да започнете е прво да ги сегментира вашите контакти во помали списоци со слични интереси. Ако испратите масовен мејл до сите ваши контакти, речиси е невозможно да напишете содржина која е релевантна за сите. Но, ако сте во можност да најдете контакти со слични потреби или интереси и да ги групирате заедно, овој предизвик е мал залак за вас.

Постојат неколку начини на кои можете да ги сегментирате контактите во зависност од податоците што ги имате, вклучувајќи:
– Демографија (пол, возраст, место на живеење)
– Историја од минати нарачки (најпосетени категории на производи, број на нарачки, време на купување и сл.)
– Лојалност кон брендот (потенцијални клиенти, долгогодишни клиенти, ВИП клиенти)
– Статистика од минатите мејлови (клиенти кои кликнете на сите ваши мејлови наспроти оние кои никогаш не ги отвориле, што најмногу кликале и сл.)

Откако ќе ги групирате вашите контакти, станува многу полесно да се направи содржина што резонира со вашата публика и предизвикува поголем ангажман од страна на контактите.

Друг важен елемент за градење на вашата email кампања е дизајнот. Број еден работа да се има предвид е респонсивниот дизајн на мејлот (да биде соодветен за десктоп, таблет и мобилен уред) за да го обезбеди најдоброто искуство за вашите контакти без разлика на кој уред ќе го отворат испратениот мејл. Според статистиките 80% од корисниците ги читаат добиените мејлови за прв пат преку својот мобилен уред.

За среќа, ако користите алатка како InOne, супер лесно за вас e да креирате професионални пораки кои изгледаат одлично на било кој уред.

Кога размислувате за вашиот дизајн, бидете сигурни дека ќе додадете многу јасен повик-за-акција (CTA) што одговара на вашата понуда и им кажува на читателите што сакате да направат. CTAs обично се копче кое ги испраќа читателите до вашиот сајт со некоја од следните акции:

– Да прочитаат статија која ја промовирате
– Да пребараат низ новите производи на вашиот сајт
– Да купуват користејќи код за попуст
– Да преземат некоја брошура што ја напишавте

Има многу други работи што може да ги промовирате … Но, што и да е, осигурајте се дека имате јасни CTA за читателите. Исто така, треба да избегнете да имате повеќе од една главна CTA. Ова може да биде збунувачко за контактите. Ако имате на ум повеќе од една цел за email кампањата, создадете хиерархија почнувајчи од она што е најважно и таа цел направете ја највидлива. Ова ќе ги подобри вашите стапки на кликање и конверзии.

4. Испратете го мејлот анализирајте ги активностие на вашите контакти за да ги подобрите идните кампањи

Ако мислите дека сте завршиле откако ќе стигнете “испрати”, размислете повторно! Email маркетингот нуди единствена можност да учите од вашите клиенти. Секогаш треба да ја анализирате ефикасноста на вашите мејл кампањи во врска со вашите маркетинг KPIs.

Ако забележите дека одредени типови на мејлови не поминуваат кај вашата публика, побарајте нови начини за подобрување на следната кампања.

Анализирата на ефикасноста на мејл кмпањите не само што ќе ви овозможи да ги подобрите вашите идните пораки, туку и ве учи повеќе за вашите клиенти, кои можат да ви помогнат да направите подобрувања во секој аспект од вашиот бизнис!

Изберете го InOne и направете ја вашата прва мејл кампања веднаш:  https://inone.mk/register-page  

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не