Blog

5 клучни придобивки од дигиталниот маркетинг за малите бизниси

Зошто малите бизниси имаат потреба од дигитален маркетинг е прашање кое редовно го поставуваме. Малите бизниси кои имаат ограничени буџети за маркетинг се натпреваруваат со национални и меѓународни бизниси кога станува збор за маркетингот и продажбата.

Денес, малите бизниси немаат други опции, туку да се натпреваруваат со големите кои имаат многу поголеми маркетинг буџети и цели сектори кои го работат ова.

Луѓето се повеќе се преокупирани со технологијата. Се будиме со мобилниот уред во рака и преку цел ден е наш придружник.

Затоа секој бизнис треба да има онлајн стратегија за да напредува денес. Но, за жал, повеќето сопственици на мали бизниси немаат.

Зошто? Затоа што навиките и очекувањата на клиентите се променија и речиси секој има пристап и редовно го користи интернетот.

Повеќето од нас, кога за прв пат ќе слушнеме за некој бизнис, веднаш бараме веб-страна или профил на социјални медиуми каде што може да дознаеме повеќе информации за тој бизнис.

Втората опција е кога се јавуваме во продавницата или компанијата, но секако откако ќе добиеме информации од  веб-страната или нивниот профил на социјални медиуми.

5 Клучни придобивки од дигиталниот маркетинг за мали бизниси

Дигиталниот маркетинг станува мејнстрим инструмент за спроведување на маркетинг кампањите и стратегиите на малите бизниси. Во денешниот високо напреден и дигитален свет, традиционалниот маркетинг станува се понепродуктивен.

Начинот на кој бизнисите  комуницираат  со потрошувачите и ги промовираат своите производи и услуги, драматично се револуционизира откако дигиталниот маркетинг се искачи на врвот.

Повеќе не е сè резервирано за големите бизниси за разлика од традиционалниот маркетинг, бидејки дигиталниот маркетинг целосно го наруши маркетингот во цел свет и кај нас.

Треба да се напомене и дека дигиталните маркетинг стратегии и тактики мора да варираат од еден бизнис до друг. Мора да се  имаат претходно дефинирани стратегии за малите бизниси и да работат според сопствениот избор, имајќи во предвид колку нештото што го прават им помага во маркетингот и продажбата.

Следниве се главните придобивки од дигиталниот маркетинг за малите бизниси, доколку се заснова на добра анализа и се спроведува по стратегија и план кои сме го поставиле :

1. Поврзување на  бизнисите  со потрошувачите

Со своето  онлајн присуство, малите бизниси цврсто се врзуваат  со својата база на клиенти, бидејќи над 80% од корисниците во Македонија го користат интернетот.

Освен тоа, различните дигитални маркетинг алатки можат да направат значителна разлика.

За вистински резултати со маркетингот и продажбата , бизнисите работат со агенции како Златна Книга која е специјализирана за дигитални маркетинг услуги, пре се за малите бизниси. Златна Книга е лидер во Македонија со најголем број на платени клиенти ( преку 1100 годишно) на нивниот локален  пребарувач за мали бизниси zk.mk , преку нивниот нов производ за  креирање и дизајнирање на веб-сајтови InOne како и водење на социјални медиуми .

Златна Книга има тим на професионалци кои секогаш работат еден чекор понапред со единствена цел – овозможување на малите бизниси да го искористат своето онлајн присуство.

2. Високо персонализирана комуникација

Традиционално, малите бизниси немаат лесна комуникација и интеракција со своите клиенти. Преку добро планиран  маркетинг на социјални медиуми, малите бизниси можат ефикасно да ги ангажираат потрошувачите и да добијат клучни информации за тоа кои се нивните  потреби, кои пак им помагаат да ги насочат промотивните пораки и кампањи да се повеќе персонализирани а со тоа и поуспешни во продажбата.

3. Повратни информации

Социјалното слушање (social listening) е одличен начин да се разбере кое е вистинското мислење за вашиот бизнис непосредно од потрошувачите. Креирано и спроведено  преку интернет за да се измери што потрошувачите размислуваат за вашиот бизнис, вашите услуги и прозиводи, помага на вашиот бизнис да ги разберете вистинските причини и факти и да започнете да работите на отстранување на недостатоците.

Секогаш постои простор за подобрување, а ова е најдобрата атехника.

4. Зголема рентабилност

Дигиталниот маркетинг им овозможува на малите бизниси да генерираат подобар CPL (цена по потенцијален купувач – lead,), за разлика од традиционалните маркетинг методи.

5. Континуирана конкуренција

Конкуренцијата е дефинитивно зголемена во секој бизнис сектор, но со дигиталниот маркетинг, вашите шанси за подобро натпреварување со поголемите играчи на пазарот се подобруваат.

Вашиот бизнис ќе користи исти алатки и стратегии како и сите останати бизниси, со многу пониски буџети.

Ако сте претприемач кој треба да ја разбере големата слика на дигиталниот маркетинг и како да ја интегрирате во вашиот бизнис модел – постојаното учење
или работа со професионална дигитална маркетинг агенција е вистинскиот пат кон вашиот успех. .

Дури и ако не се занимавате со дигитален маркетинг на дневно ниво, постојаното учење или работа со професионална дигитална маркетинг агенција ќе ви помогне да ги разберете сите потенцијали и можности што ги нуди дигиталниот маркетинг за да можете да ги менаџирате луѓето кои работат за вас.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Платформа SAS за своја веб страна
InOne

Платформа SAS за своја веб страна

Во денешниот дигитален свет, успешното водење на бизнис значи и присуство на интернет. Но, креирањето и одржувањето на веб страна,

Контактирајте не