Blog

Време е и фирмите од услужните дејности да воведат e-commerce на своите веб страни

Адвокат, забар, фризер, козметичар, јога студио, училиште за странски јазици, грумер, градинар, молер, веб дизајнер, сервисер за клима, ролетар, хигиеничар….

Реалност е дека интернет корисниците пребаруваат и услуги пред одлучат каде да купат. За било каква потреба или проблем одат на пребарувач или социјален медиум, пребаруваат, наоѓаат, и …

Најчесто, услужните бизниси ја нудат единствената опција – јави се. Тука запира веќе создадената „онлајн“ рутина (особено извежбана навика во изминативе 2 години) потрошувачите да завршат се’ од својот компјутер или мобилен телефон, онлајн.

Телефонскиот повик е најчесто единствениот начин да се направи продажба. Но, колку клиенти губи фирмата бидејќи на нејзината веб страна ги нема наведено сите услуги, или посетителот не може да закаже средба или преглед, онлајн.

Со веб страна со E-commerce за услуги, до раст на продажбата и бизнисот

За услужните бизниси веб страните со E-commerce изработени на платформата www.InOne.mk овозможуваат отворање на нов продажен канал, а со тоа и раст на продажбата.

Фирмата корисник добива прегледна и лесна организација на своите услуги во онлајн каталог, со опис и слика, цена, и член на тимот кој ја реализира услугата. Притоа, услугата може да е со фиксна или со променлива цена. За некои услуги цената може да се формира и по доставување на барање за понуда од посетителот.

Менувањето на услугите во каталогот е едноставно и лесно, го прават корисниците сами, со неколку клика. Сите промени се ажурираат директно на веб страницата и во календарот за услуги на бизнисот и членот на тимот.

Посетителот на веб страницата добива опција за “самопослужување“. Може да си резервира термин во кој сака да ја искористи услугата, да си избере од кого да ја добие услугата, онлајн во секое време без телефонски повик.

Со овие опции веб страната конвертира повеќе посетители во клиенти – не е само статичен излог за бизнисот, туку продажен канал кој генерира дополнителни, нови потрошувачи.

Е-commerce за услуги – оптимизација на ресурсите

Услужните бизниси располагаат со каталог на услуги ( services ), тим кој ги реализира услугите ( staff ) и капацитети за реализација на услугите ( facilities ). За сопственикот на бизнисот важно е да може да ги искористи сите свои ресурси на најефикасен начин, заштедувајќи време, за да може фокусот да го насочи на подобрување на квалитетот на услугите.

Менаџерот, но и секој член на тимот имаат целосен увид на искористеноста на своето време, во реално време, од својот компјутер или мобилен телефон. Можат во секое време да комуницираат со посетителите на веб страната кои резервираат термин или бараат понуда.

 

InOne.mk е платформа која овозможува брза реализација на веб сајт со модул за E-commerce за услужни бизниси. За повеќе информации, посетете ја нашата веб страна www.inone.mk .

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не