Зошто малите бизниси имаат потреба од дигитален маркетинг е прашање кое редовно го поставуваме. Малите бизниси кои имаат ограничени буџети за маркетинг се натпреваруваат со национални и меѓународни бизниси кога станува збор за маркетингот и продажбата.
Денес, малите бизниси немаат други опции, туку да се натпреваруваат со големите кои имаат многу поголеми маркетинг буџети и цели сектори кои го работат ова.
Луѓето се повеќе се преокупирани со технологијата. Се будиме со мобилниот уред во рака и преку цел ден е наш придружник.
Затоа секој бизнис треба да има онлајн стратегија за да напредува денес. Но, за жал, повеќето сопственици на мали бизниси немаат.
Зошто? Затоа што навиките и очекувањата на клиентите се променија и речиси секој има пристап и редовно го користи интернетот.
Повеќето од нас, кога за прв пат ќе слушнеме за некој бизнис, веднаш бараме веб-страна или профил на социјални медиуми каде што може да дознаеме повеќе информации за тој бизнис.
Втората опција е кога се јавуваме во продавницата или компанијата, но секако откако ќе добиеме информации од веб-страната или нивниот профил на социјални медиуми.
5 Клучни придобивки од дигиталниот маркетинг за мали бизниси
Дигиталниот маркетинг станува мејнстрим инструмент за спроведување на маркетинг кампањите и стратегиите на малите бизниси. Во денешниот високо напреден и дигитален свет, традиционалниот маркетинг станува се понепродуктивен.
Начинот на кој бизнисите комуницираат со потрошувачите и ги промовираат своите производи и услуги, драматично се револуционизира откако дигиталниот маркетинг се искачи на врвот.
Повеќе не е сè резервирано за големите бизниси за разлика од традиционалниот маркетинг, бидејки дигиталниот маркетинг целосно го наруши маркетингот во цел свет и кај нас.
Треба да се напомене и дека дигиталните маркетинг стратегии и тактики мора да варираат од еден бизнис до друг. Мора да се имаат претходно дефинирани стратегии за малите бизниси и да работат според сопствениот избор, имајќи во предвид колку нештото што го прават им помага во маркетингот и продажбата.
Следниве се главните придобивки од дигиталниот маркетинг за малите бизниси, доколку се заснова на добра анализа и се спроведува по стратегија и план кои сме го поставиле :
1. Поврзување на бизнисите со потрошувачите
Со своето онлајн присуство, малите бизниси цврсто се врзуваат со својата база на клиенти, бидејќи над 80% од корисниците во Македонија го користат интернетот.
Освен тоа, различните дигитални маркетинг алатки можат да направат значителна разлика.
За вистински резултати со маркетингот и продажбата , бизнисите работат со агенции како Златна Книга која е специјализирана за дигитални маркетинг услуги, пре се за малите бизниси. Златна Книга е лидер во Македонија со најголем број на платени клиенти ( преку 1100 годишно) на нивниот локален пребарувач за мали бизниси zk.mk , преку нивниот нов производ за креирање и дизајнирање на веб-сајтови InOne како и водење на социјални медиуми .
Златна Книга има тим на професионалци кои секогаш работат еден чекор понапред со единствена цел – овозможување на малите бизниси да го искористат своето онлајн присуство.
2. Високо персонализирана комуникација
Традиционално, малите бизниси немаат лесна комуникација и интеракција со своите клиенти. Преку добро планиран маркетинг на социјални медиуми, малите бизниси можат ефикасно да ги ангажираат потрошувачите и да добијат клучни информации за тоа кои се нивните потреби, кои пак им помагаат да ги насочат промотивните пораки и кампањи да се повеќе персонализирани а со тоа и поуспешни во продажбата.
3. Повратни информации
Социјалното слушање (social listening) е одличен начин да се разбере кое е вистинското мислење за вашиот бизнис непосредно од потрошувачите. Креирано и спроведено преку интернет за да се измери што потрошувачите размислуваат за вашиот бизнис, вашите услуги и прозиводи, помага на вашиот бизнис да ги разберете вистинските причини и факти и да започнете да работите на отстранување на недостатоците.
Секогаш постои простор за подобрување, а ова е најдобрата атехника.
4. Зголема рентабилност
Дигиталниот маркетинг им овозможува на малите бизниси да генерираат подобар CPL (цена по потенцијален купувач – lead,), за разлика од традиционалните маркетинг методи.
5. Континуирана конкуренција
Конкуренцијата е дефинитивно зголемена во секој бизнис сектор, но со дигиталниот маркетинг, вашите шанси за подобро натпреварување со поголемите играчи на пазарот се подобруваат.
Вашиот бизнис ќе користи исти алатки и стратегии како и сите останати бизниси, со многу пониски буџети.
Ако сте претприемач кој треба да ја разбере големата слика на дигиталниот маркетинг и како да ја интегрирате во вашиот бизнис модел – постојаното учење
или работа со професионална дигитална маркетинг агенција е вистинскиот пат кон вашиот успех. .
Дури и ако не се занимавате со дигитален маркетинг на дневно ниво, постојаното учење или работа со професионална дигитална маркетинг агенција ќе ви помогне да ги разберете сите потенцијали и можности што ги нуди дигиталниот маркетинг за да можете да ги менаџирате луѓето кои работат за вас.