Blog

3 прашања кои треба да си ги поставите ако вашиот бизнис стагнира

Кога започнувате со бизнис секогаш целта Ви е да успеете! Сепак вистината е дека многу нови бизниси пропаѓаат. Водењето на бизнис скоро секогаш е ризичен облог, но понекогаш на патот кон успехот може да се чувствувате како да се вртите во круг и да не напредувате. Според просечните статистики, околу една петтина од новите бизниси не успеваат во првата година, оваа бројка стига дури и до 50% во рок од пет години. Само околу една третина преживуваат десет или повеќе години.

Препознавањето на вистинските пречки кои не му дозволуваат на Вашиот бизнис да расте е многу важно. Не е крајот на светот ако се соочите со проблеми. Секогаш има одредени чекори што можете да ги преземете за да се обидете да го донесете Вашиот бизнис на прав пат.

Доколку препознавте дека Вашиот бизнис се бори, губите клиенти или пари, продажбата и профитот се намалуваат, а Вие не знаете како да ја пополните таа дупка, време е да да си поставите неколку прашања:

1. Дали знаете што им е потребно на Вашите клиенти? 

Кои се вашите клиенти? Треба да бидете во можност јасно да ги идентификувате во една или две реченици. Но пред тоа мора да си поставите низа прашања за Вашата понуда и нивните навики: Дали клиентите постојано се враќаат или пак само купуваат од вас еднократно? Дали е потребно долго време да ја затворите продажбата или вашите клиенти имаат навики за импулсивно купување? Колку често имаат потреба од Вашиот производ или услуга? Дали се запознаени со сите новости кои ги имплементирате во Вашиот бизнис?

Ова се само мал дел од прашањата на кои треба да пронајдете одговори. Доколку Ви е важно само да остварите продажба на нови клиенти, тогаш најчесто не ги познавате Вашите постоечки и потенцијални клиенти и губите многу можности за раст на профитот.

2. Дали Вашиот бизнис има веб страна и е присутен на социјални медиуми?

Благодарение на интернетот, можете да достигнете клиенти надвор од вашето локално подрачје. Дури и кога луѓето претпочитаат да купуваат офлајн, тие најверојатно ќе ги истражат производите и услугите преку интернет пред да донесат одлука за тоа што да купат и од кого да го купат. 50% од потрошувачите користат интернет да пронајдат производи . Ако Вашата компанија не може да ја пронајдат онлајн, тогаш Вие губите значаен број на потенцијални клиенти.

Едноставно кажано, ако имате бизнис денес, ви треба веб-страница и присуство на социјални медиуми и тоа е непобитен факт. Секој бизнис треба да има професионално дизајнирана веб страна која им овозможува на корисниците лесно да дознаат за производите и услугите кои ги нуди.

Ако Вашите потенцијални клиенти се од локалниот пазар, добро ќе биде да ја вклучите и Вашата адреса, телефонски број и часови на работа. Сите овие ставки треба да бидат наведени и во Google My Business, што ќе Ви помогне да се појавите меѓу првите резултати кога купувачите ќе го бараат она што го продавате по локација. (пр: “пицерија во близина”).

И кога Вашите потенцијални клиенти се глобални, потребна Ви е веб страна, така што потенцијалните клиенти можат да го истражат вашиот бизнис пред да одлучат дека ќе соработуваат со Вас. Ако немате веб страна многу е веројатно дека тие ќе ги пронајдат Вашите конкуренти и ќе соработуваат со нив.

Од истите горенаведени причини, потребно е Вашиот бизнис да биде присутен на социјалните медиуми. Знаете ли дека над 1 милион Македонци користат Facebook? Конкуренцијата која веќе е активна и популарна на социјалните медиуми “го краде” Вашиот бизнис и Вашите клиенти.

3.  Дали ги продавате вашите производи и услуги онлајн? 

Ако не, зошто да не? Доколку имате производи кои можат да се продаваат преку интернет или можете да ги примате нарачки преку интернет, а Вашата продажба опаѓа, време е да направите чекор напред. Дури и кога производите и услугите мора да се купат офлајн, колку од Вашите контакти можат да се остварат преку Вашата Веб страница? На пример, доколку имате козметички салон или стоматолошка ординација, колку време може да заштедите доколку овозможувите онлајн резервации на термини? Одговорот е секогаш многу. Затоа овој чекор мора да го направите за да ја почувствувате позитивна промена која ви е потребна.

Кога станува збор за успехот на секој Вашиот бизнис, вие како сопственикот секако сте најзагрижени. Она што ги издвојува повеќето успешни сопственици на бизниси е нивната отвореност кон ново знаење и нивната подготвеност да научат што е потребно за да успеат. За да бидете наоружани со знаење и алатки како да го одржите и пораснете профитот во Вашата фирма, InOne e комплетното решение кое Ви овозможува поуспешно онлајн претставување и промоција, конверзија од посетители во клиенти, и поголема продажба и продуктивност.

Побарајте решение за вашиот бизнис денес:
https://inone.mk/register-page

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Контактирајте не