Blog

Што е CRM и зошто тој денес е во срцето на секој бизнис

CRM или софтверот за одржување комуникација со клиентите денес зафаќа најголем дел од пазар на софтвер во светот, а неговиот раст не забавува. Всушност, CRM софтверите се очекува да достигнат до 80 милијарди долари приходи до 2025 година.

Еден од клучните фактори зад растот на CRM е пристапноста. Компаниите сакаат пристап до податоците за своите клиенти во реално време, при што мобилните и решенијата во облак (cloud софтверите) се водечките решенија.

Од корисничка поддршка и е-мејл маркетинг, па сe до персонализација, компаниите сега имаат потреба да ги поврзуваат платформите и технологиите со податоците на клиентите, со цел да обезбедат поперсонализирано, индивидуално искуство.

CRM индустријата продолжува да расте со неверојатна стапка. Причината за тоа е дека софтверот за одржување комуникација со клиентите (CRM) сега е во срцето на секој растечки бизнис. Во 2018 година видовме зголемена употреба на CRM софтверот на повеќе паметни уреди. Ова беше потпомогнатo од страна на бизнисите што сè повеќе ги прифаќаа CRM решенијата базирани на облак, овозможувајќи им на своите вработени да пристапат до софтверот кога било и каде било.

Оние кои ги прифатија овие технологии забележаа огромно подобрување во исполнувањето на продажните таргети. 91% од компаниите со повеќе од 11 вработените сега користат CRM софтвер. Но, движејќи се напред во 2019 година, што ќе се случи?

Во овој блог пост, се осврнуваме на некои од најважните CRM статистички податоци објавени минатата година, причините за истите и влијанието што ќе го имаат врз вашиот бизнис оваа и во следните години.

Подем во користењето на CRM решенија

Од самиот почеток на CRM решенијата, некои бизниси се обидуваа да го прифатат и користат софтверот. Со зголемена употреба компаниите кои користат CRM решенија гледаат многу повисоки стапки на продуктивност на работната сила. Статистиките покажуваат пораст на продуктивноста од околу 15%.

И тоа не запира тука. Корисниците на CRM постигнуваат подобри резултати! Истражувањата на Innoppl Technologies покажаа дека 65% продажните агенти кои прифатиле CRM решение ги постигнале своите продажни таргети. Додека само 22% од претставници кои не користат CRM ги достигнале истите цели.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не