Ако не сте на интернет, не постоите !
Реалноста е дека вашиот бизнис мора да е присутен на интернет! А сосема сигурно веќе ви е позната важноста и влијанието на социјалните мрежи, посебно како начин да се поврзете со вашите купувачи.
Во Македонија скоро сите што користат интернет се “на” социјални мрежи. На пр. над 600,000 македонци користат Instagram, а околу 100,000 Twitter. Но меѓу нив апсолутно доминира Facebook со 1.1 милион корисници. Едноставно, ниту еден бизнис не може да ги игнорира можностите од промоција на убедливо најмногу употребуван медиум, не само на интернет туку и воопшто!
Со Facebook вашите потенцијални купувачи мошне често ја започнуваат потрага по производ или услуга што им е потребна. Преку него дознаваат за вашите производи, но и за брендовите на вашите конкуренти. Прегледуваат и што мислат останатите потрошувачи за вашата и понудите на конкуренцијата. Се разбира, при потрагата нема да ве земат предвид ако воопшто не “постоите”, односно ако не објавите ваша понуда!
Оттука Facebook комуникацијата станува неопходна за современо работење. Со неа ги информирате, потсетувате и убедувате потрошувачите во бенефитите на вашите производи. Обезбедувате нови и градите посилни врски со постоечките купувачи. Ги следите нивните реакции и мислење што ви помага во дефинирање на идните понуди.
Со други зборови, Facebook е одлично средство за повеќе купувачи и зголемена продажба. Тоа го знаат и домашните фирми- веќе над 50% од нив го користат во промотивни цели. Нивните (а можеби и вашата) стратегии се повеќе или помалку ефективни. Во продолжение ви претставуваме неколку основни стратешки решенија што ќе ви помогнат значајно да ја унапредите вашата Facebook комуникација.
1. Дефинирајте го идентитетот на вашиот бренд
Уврдете што точно претставува вашиот бренд (самата фирма и вашите производи) за вашите постоечки и нови купувачи. Кои карактеристики им ги нудите? Какви бенефити им обезбедувате? Што ве прави поразлични од конкурентите? Поедноставено- зошто да купуваат токму од вас?
Одговорите на овие прашања се препорачливи пред да почнете да се промовирате. Ви овозможува да утврдите единствена порака што ќе ја соопштите и преку Facebook и преку сите останати канали. Вашиот “глас” треба да е идентичен и на Instagram и Twitter, но и на банери по поратли или реклами на традиционални медиуми.
Потоа следи главната порака да ја формулирате во текст, слика или видео. Обидете се да бидете јасни и што е можно покреативни- интересните постови сигурно повеќе се споделуваат, со што добивате и виралност на промоцијата.
2. Обезбедете континуитет и планирајте однапред
Комуникацијата на Facebook и останати социјални мрежи е ефективна само ако одржувате континуитет. Односно, треба често да објавувате постови за да го одржите вниманието и интересот на потрошувачите- скоро секојдневно, или барем неколку пати во неделата.
Планирајте однапред. Сигурно не ја посакувате ситуацијата да не знате што следно да објавите. А уште помалку вашата промоција драстично да се разликува со секоја следна објава. Во тој случај потрошувачите ќе добијат сосема различна претстава за вашиот бренд- тоа сигурно ќе има негативен ефект врз нивниот став кон вашите производи. Друг потенцијален проблем се јавува ако тоа што го ветувате во промоцијата не го испорачувате во реалноста. Негативните последици во таков случај се јасни.
3. Разберете ја вашата целна група
Многу е важно да знаете на кого точно му се обраќате. Какви се карактеристиките на вашите целни купувачи? Кога се “на” интернет? Какви содржини следат? Што мислат за вашите постови и твитови?
Facebook и другите социјални мрежи ви овозможуваат брзо да ги следите нивните реакции. Веднаш дознавате дали и колку ги препраќаат вашите објави, ги “лајкуваат”, и коментираат. Не се потпирајте на вашите претпоставки-можно е да грешите во очекувањата дека потрошувалите ќе реагираат на одреден начин само затоа што тоа го посакувате. Следете ги објективно нивниот став кон вашите објави. И како нивното однесување се менува. На тој начин ќе дознате каква комуникација функционира, односно кој е најдобриот начин вашиот бренд да биде прифатен.
4. Користете помош од експерти
Освен ако самите или некој од вашиот тим не сте/е искусен стратег за социјални мрежи многу веројатно е дека експертска помош ќе ви заштеди време и пари. Вашите маркетиншки и бизнис цели секако ќе бидат подобро исполнети ако Facebook комуникацијата ја управува некој што ги познава техничките детали и услови за користење на платформата. Особено затоа што тие мошне често и знајно се менуваат. Истовремено се менуваат и општите навики, однесување и преференци на самите корисници. Неопходно е да се “држи чекор” со секоја од овие промени!
Имање на личен профил на Facebook (или Instagram и Twitter) не е исто со стратешко планирање и реализација на маркетинг кампањи. Нивниот успех директно зависи од соодветни постапки и процедури, односно знаења и способности. Секако, за помош да го постигнете вашиот успех на Facebook може да се обратите и на тимот на InOne (заб. линк до сајтот) .