Blog

Зошто ви е потребен Google Business Profile ?

Сигурно знате дека интернет станува доминантен медиум за промоција на вашиот бизнис и производи. Бројот на интернет корисници е сѐ поголем и кај нас- 80% од домаќинствата или околу 1.7 миниони Македонци. Кај помладата популација овој процент е уште поголем и се приближува кон 100%.

Но можеби не знаете дека над 50% од сите нив се “на интернет” и за да најдат производ или услуга што им е потребна. Притоа, користат различни начини на пребарувања, а најчест избор им е Google- дефинитивно водечкиот интернет пребарувач. Ако не ги користите можностите за ваша промоција преку Google ја губите шансата да бидете “видени” од огромен број на ваши потенцијални купувачи. А Google Business Profile сигурно е една од најдобрите можности. Со неа вашиот бизнис добива главна позиција при Google пребарувања и одлична можност да ја презентирате вашата понуда кон сите што бараат одреден тип на производ. Со други зборови- добивате повеќе купувачи и поголема продажба!

Што е Google Business Profile ?

Google Business Profile (GBP) е алатка што им помага на бизнисите да добијат бесплатен органски сообраќај (посети од интернет корисниците) од другите апликации за пребарување на Google, како што се Google Maps и Knowledge graph. Со тоа е мошне корисен за секој бизнис, а особено за малите и средни фирми со ограничени буџети за маркетинг.

GMP и наведените апликации се особено важни за да се “појавите” на првата страна од резултат на Google пребарувањата, што е многу значајна предност во однос на вашите конкуренти. Не заборавајте- ако вашата веб страна е на втора страна од резултатите или уште подолу, веројатноста да “ве кликнат” е многу мала; едноставно, скоро сите се задржуваат само на првите резултати од листингот на Google.

Но, GMP не само што ве издвојува од конкурентите туку ви нуди и многу повеќе. Со него пренесувате основни информации за вашата фирма и производи до купувачите, како и можност да ве лоцираат на мапа, или да ве контактираат на телефон или е-маил. Заедно со линкови до вашата веб страна и профили на Facebook и останати социјални мрежи.

Зошто треба да креирате ваш Google Business профил?

Одговорот е едноставен- GMP е одличен бесплатен начин да ги информирате купувачите што им нудите, и да ги убедите во бенефитите и предностите на вашите производи. Преку GMB профилот, покрај вашите контакт информации и опис на бизнисот, ги презентирате вашите производите (преку слики, видеа и текст), и препораките/оценките на вашите постоечки купувачи. Дополнително, пренесувате и останати корисни информации, како што се работно време и линкови до вашата веб страна и до вашата промоција на социјални медиуми.

И покрај сите овие позитивни ефекти, голем дел од домашните фирми (вклучувајќи ги и поголемите бизниси) сеуште не го користат Google Business Profile. Ова е уште една причина да го креирате вашиот GMB профил- на тој начин дополнително ќе се издвоите пред конкурентите.

Накратко, со вашиот GMB профил се поврзувате со вашите купувачи, ја истакнувате вредноста на вашите производи, и го претставувате вашиот бизнис како најдобар избор за потрошувачите. Сепак, за да ги добиете најдобрите резултати, тој треба да е интегриран со останатите форми на вашиот дигитален маркетинг- пред се вашата веб страна и вашата промоција на социјални мрежи, домашни онлајн информатори (како zk.mk/Златна книга), и рекламни банери на домашни/странски сајтови. За да обезбедите оптимални содржини на Google Business Profile и да ги поврзете со останатата интернет промоција обратете се на тимот на InOne  Тој сигурно ќе ви помогне да дојдете до целосно и оптимално решение што ќе ви обезбеди повеќе купувачи и поголема продажба.

Не чекајте, започнете уште денес!

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Платформа SAS за своја веб страна
InOne

Платформа SAS за своја веб страна

Во денешниот дигитален свет, успешното водење на бизнис значи и присуство на интернет. Но, креирањето и одржувањето на веб страна,

Контактирајте не