Blog

Со InOne.mk и Уни банка домашните фирми побрзо и со пониски трошоци отвораат своја онлајн продавница

InOne.mk и Уни Банка обезбедуваат нови поволности за фирмите што воведуваат своја онлајн продажба. Како дел од целосен сет на услуги за дигитален маркетинг, InOne.mk им нуди на фирмите кои продаваат производи или услуги комплетна техничка и консалтинг поддршка за отварање на сопствени онлајн продавници. Постапката е поедноставена и брза, се завршува за 2-3 недели.

Преку партнерството, InOne.mk и Уни Банка за сите заеднички клиенти обезбедуваат единствена поволност – попуст од 140 ЕВРА за сите трошоци во првата година од отварање на онлајн продавницата.

Е-трговијата е во континиран пораст, не само глобално туку и на домашниот пазар. Во првите 6 месеци од 2020 год., во Македонија вкупната вредност на онлајн продажбата достигна 70 милиони евра, што е раст од 114% во однос на истиот период лани. Дел од овој тренд секако се должи и на променетите потрошувачки навики поради актуелната Ковид-19 епидемија. Истовремено таа услови бројни потешкотии за сите домашни бизниси, а посебно за малите и средни фирми. Оттаму произлегува намерата на InOne.mk и Уни Банка да им помогнат на бизнисите да останат блиску до купувачите. Поедноставно и со намалени трошоци, фирмите можат да имаат своја онлајн продавница и значајно да ја зголемат продажбата, што сигурно им е еден од најголемите предизвици во овој период.

InOne.mk е најновиот бренд на Р3 Инфомедиа, фирмата креатор на Златна книга, www.zk.mk и www.marketkonekt.com.

За повеќе информации посетете ја www.inone.mk или контактирајте не’ на contact@inone.mk или (02) 3177 888. 

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Контактирајте не