Blog

Почни од почеток – од веб страна

Мобилниот, како и лаптопот, ни се секојдневна алатка без која ретко кој може да функционира. Новите навики стекнати и потреби од периодот на COVID-19 создадоа голема свесност и поттикнаа итност во одлуките за изработка на веб страна за секој бизнис, кој работи со производи или услуги. Веб страна со или без продавница, е основа за онлајн присуство и дигитален маркетинг активности. Во периодот на lockdown секој бизнис кој имаше своја веб страна, особено продавница, успеа успешно да го надмине. Некои индустрии не го ни осетија проблемот во својата продажба, како на пример fast food и ресторани со достава, климатизација, додатоци во исхрана, итн.

Да, се навикнавме секојдневно да сме со мобилниот во рака, но и со лаптопот или десктопот пред себе си, по неколку часа на ден. А како корисници, имаме секогаш големи очекувања од се на што ќе кликнеме. На секој клик очекуваме брзо прикажување на содржина, таа да е читлива, и да ни ги одговори набрзина прашањата за проблемите со кои се соочуваме а заради кои сме почнале да пребаруваме. А од страна на бизнисте пак, очекувањата се дека секој секој посетител на веб страна ќе направи акција од која ќе се добие нов купувач и нова продажба.

Се што гледаме на интернет, портали, веб страници на бизниси, профили на социјални мрежи како Facebook, Instagram и другите, па и емаил сервисите како gmail, outlook, yahoo, се во основа сервиси базирани на веб страница. Да, во позадина стои различен софтвер со различна функција, но ние, корисниците, комуницираме со тој софтвер преку веб страна, па така брзо го решаваме „својот проблем“.

Веб страната е основа за онлајн присуство и успешен дигитален маркетинг

Основното место каде е компанијата присутна на интернет е сопствената веб страница. Таа ги содржи сите содржини кои бизнисот ги комуницира со купувачите, за да оствари своја цел. И откако содржината ќе биде поставена на веб страната, истата се споделува на различни канали за комуникација за да се прикаже до поголема публика, за од таму да дојдат постоечките и новите купувачи, за да оствари бизнисот направи релација со купувачот, на пример продажба.

Постојат различни канали за комуникација т.е споделување на содржината од сопствената веб страна. Тоа може да бидат социјалните медиуми како Facebook, Instagram, Google My Business, LinkedIn, Twitter, како и емаил маркетинг, и друго.

Погрешно е убедувањето на многу бизниси кое на кратко звучи вака: ние сме на Facebook или Instagram, и супер ни оди, не ни треба ништо друго.

Да, можеби моментално тоа е така, но нема никаква гаранција дека и така ќе остане. Се менуваат социјалните мрежи и правилата за нивно користење, се унапредуваат техниките, конкуретноста во содржините е голема, па мала е веројатноста дека моменталниот успех, а воедно и задоволство од таа маркетинг активност, ќе опстане долгорочно присутна со добри резултати. Тоа е ризично убедување, кое може и да наштети на бизнисот.

Не можете да имате излог во светски позната уметничка галерија без ателје дома

Веб страницата е темелот на онлајн присуството на бизнисот, а со тоа и клучна алатка за квалитетен дигитален маркетинг. Затоа, креирањето на сопствена веб страна, постојано креирање на содржина на веб страната која „ќе биде интересна“ за пребарувачите како Google, Bing, и секако купувачите, потоа постојаното техничко надградување со новини кои ќе овоможат истата да биде брза, SEO оптимизирана, со современ дизајн и одлично корисничко искуство, е главна и почетна активност на секој бизнис без разлика на големината и староста.

Затоа, доколку немате, направете веб страна веднаш. Или, ако ја имате, работете на неа секојдневно, збогатувајте ја, подобрувајте не. Тимот на InOne.mk може да ви помогне и во двете ситуации. Контактирајте не и закажете состанок за бесплатна консултација.

Доколку имате застарена веб странa, вие сте во предност пред другите

Веќе имате искуство, резултати, и знаете што треба да подобрите. Доколку немате идеја и би сакале да ви помогнеме, контактирајте не.
И сигурно ја научивте лекцијата:  потребен ви е стабилен партнер кој ќе ви овозможи се што е потребно веб страната на вашиот бизнис да ги задоволи сите параметри за да истата обезбеди вредност и резултати во вашите активности за успешен дигитален маркетинг.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Контактирајте не