Blog

Зошто се плашиме од нашите клиенти ?

Постојат многу бизниси, па дури и маркетинг агенции кои не се подготвени да започнат со работа на социјални медиуми. Едноставно не комуницираат со своите клиенти.

Основната причина е стравот е дека ќе има некакви си “лоши реакции” од нивните клиенти, со што би се  оштетил бизнисот и брендот???

Секако, постојат многу примери на погрешно работење на социјалните медиуми. Но најчесто овие случаи се должат на претерувања со постирање на продажни постови и содржини од типот купи – купи – купи.

Тоа што го гледам е дека повеќето бизниси иако имаат вистински резултати се плашат од своите клиенти поради недостатокот на искуство и знаење и ги нема на социјални медиуми.

Обраќањето кон една публика, без притоа да се креираат неколку замислени групи од таа публика е сосема погрешно.

Затоа, не е можно тие  клиенти да ни наштетат на нашиот бизнис?

Верувајте, кога започнуваме со работа на  социјални медиуми не треба да се плашиме од повратните информации и реакции од нашите клиенти? Напротив, тој фидбек е можност да се подобри работењето на нашиот бизнис.

Затоа не ги претпоставувајте најлошите сценарија, никогаш, и започнете со работа на социјални медиуми.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Контактирајте не