Blog

4 начини да добиете повеќе позитивни оценки од клиентите преку вашите социјални медиуми

Не е тајна дека поголемиот дел од нашите социјални интеракции веќе се онлајн. Но, она што можеби е изненадувачки е колку довербата на купувачите е поврзана со онлајн оценките. Огромни 79% од потрошувачите им веруваат на онлајн оценките исто како и на традиционалната усна препорака од пријателите или семејството. Ова значи дека онлајн оценките навистина функционираат!

Слободно може да кажеме дека повеќето интернет корисници читаат онлајн оценки. Поради ова доколку водите бизнис важно е да знаете што можете да направите за да ги поттикнете клиентите да оставаат позитивни оценки.

Постојат начини како да ги спречите негативните оценки, но понекогаш тие се неизбежни. Но, дури и негативните оценки може да му помогнат на вашиот бизнис ако коректно се справите со нив.

Постојат многу начини да добиете повеќе оценки, а едниот од нив е да користите социјални медиуми.

КАКО ДА ДОБИЕТЕ ПОВЕЌЕ ПОЗИТИВНИ ОЦЕНКИ ОД ВАШИТЕ КЛИЕНТИ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ

Еве неколку предлози за тоа како да ги искористите социјалните медиуми за да добиете повеќе оценки од вашите клиенти.

1. Прашајте!

Очигледно најдиректниот начин да добиете повеќе оценки од вашите клиенти е ако тоа го побарате од нив. Повеќето клиенти ќе ви напишат оценка ако едноставно прашате. Според релевантни истражувања 72% од клиентите ќе напишат оценка доколку бидат прашани. Слично потврдуваат сопственици на мали бизниси во ЕУ – 78% одговориле дека добиваат оценки на социјалните мрежи ако побараат од своите клиенти.

Бидејќи разговараме за дигитален формат, можете да го направите вашето барање директно на социјалните медиуми. На пример, постои систем за онлајн пораки на Facebook и LinkedIn за да можете да испратите порака до задоволен клиент и да побарате од него да напише оценка за вашиот бизнис.

Значи, штом успешно испорачате производ или услуга на клиент, испратете лична порака и побарајте од клиентот да напише оценка. Тоа е наједноставниот начин да добиете повеќе оценки од клиентите преку вашите социјални медиуми.

2. Поедноставете го пишувањето на оценки

Ако сакате позитивни оценки, олеснете им ја работата на вашите клиенти. Направете оставањето оценка да е што е можно полесно. Еве ви една идеа за да им олесните на клиентите. Во вашата е-пошта при завршна комуникација обезбедете линкови до различни платформи каде што тие можат да оставаат оценка.

Ова е навистина лесно да се направи, го копирате линкот од вашиот Google My Business профил или делот за оценки на вашата страница на Facebook. Потоа залепете ги линковите во вашата завршна комуникација со вашите клиенти.

3. Бидете активни на социјалните медиуми

Кога добивате оценки од клиентите на вашите профили на социјалните медиуми, најдобро е да бидете редовно активни на истата платформа.

Една од грешките што ги прават бизнисите на социјалните мрежи е тоа што однапред ги закажуаат објавите, а потоа исчезнуваат. Ова навистина не претставува активно присуство, дури и ако вашиот профил прикажува содржина. Да бидеш активен значи дека имате некој кој постојано се занимава со потенцијални клиенти одговарајќи на коментари и прашања.

На социјалните мрежи луѓето сакаат да комуницираат со други, вистински луѓе. Интеракциите треба да бидат персонализирани наместо комерцијални. На пример, кога некој ќе го означи вашиот бизнис, брзо реагирајте и дадете корисен одговор.

Некогаш ќе мора да се справите и со негативни коментари. Важно е љубезно да одговарате на негативните коментари и да понудите решение.

Вие сакате другите луѓе да видат дека вашиот бизнис обезбедува добра услуга за клиентите дури и ако се случи нешто неочекувано. На овој начин, дури и негативна оценка може да се искористи за да се промовира вашиот бизнис.

Да заклучиме, ако сте активни на социјалната платформа на која би сакале да имате оценки, ја зголемувате веројатноста клиентите да го следат и да го препорачаат вашиот бизнис. Особено ако иницијално го нашле вашиот бизнис на социјалните мрежи. Според истражувањето на HubSpot, најмалку 71% од клиентите кои имаат добро искуство со некој бренд кој го нашле преку социјалните медиуми е веројатно дека ќе го препорачаат.

4. Станете препознатливи во групите на социјални медиуми

Ако инвестирате во социјални медиуми, можете да ги насочите вашите активности и на одредена група. Ако сте активен член и добиете неколку клиенти во некоја група, тие веројатно ќе го препорачаат вашиот бизнис кога други членови на групата ќе побараат препорака.

Всушност, Facebook има функција „да бара препораки“. На Facebook, луѓето во заедницата често бараат препораки од другите членови на групата. Оваа функција им олеснува на задоволните клиенти да го означат вашиот бизнис, а вие можете веднаш да одговорите на потенцијалниот клиент.

ПОВЕЌЕ ПОЗИТИВНИ ОЦЕНКИ ОД КЛИЕНТИТЕ – ЗАКЛУЧОК

Кога сакате повеќе оценки од задоволните клиенти за вашиот бизнис, еден од најефикасните канали за да ги добиете е преку социјалните медиуми. Ако сте доволно активни и им олеснувате на вашите клиенти да пишуваат оценки, лесно можете да добиете повеќе позитивни оценки преку вашите социјални медиуми.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не