Blog

Зошто е потребен out of office емаил ?

Ако сакате успех во својата кариера, или зачувување на вашиот бизнис доколку работите сам, важно е да бидете професионални и релевантни во секое време – дури и кога ќе одите на одмор.

Секој заслужува одмор. Ако имате добра рамнотежа во работата / животот, вашиот одмор треба да биде вистински одмор, без проверка на вашата е-маил пошта на секои пет минути.

Па, како да го направите ова? Клучот е во ефективен “Out of Office” автоматски одговор, кој автоматски го добива секој кој испратил емаил до вас. Можеби мислите дека ова е ништо и веќе сте го направиле, и ако е така, тое добро за вас – веќе имате одлична професионална етика.

За жал, има многумина кои ова го немаат направено. Ако сте еден од нив знајте, дека сите оние кои ви испраќаат емаилови, мислат дека ги игнорирате. Во ерата на непосредна комуникација, ова ќе ги влоши односите а штетата може да биде голема.

Постојат два вида Out of Office емаил одговори:

  • Out of Office “надвор од канцеларија” – за кога си на одмор, медицинско отсуство, семејно итен случај итн.
  • Out of Office “Ќе одговарам поспоро” – кога сте на настанот поврзан со работата или патувате

Како да напишете добар ” Out of Office ” емаил одговор.

Направете го вашиот Out of Office “надвор од канцеларија” емаил одговор краток и едноставен. Еве еден пример за “Out of Office” емаил одговор кој можете да го користите:

Наслов на емаилот – Надвор од канцеларија:

Здраво,

Благодарам за вашиот меил. Јас сум надвор од канцеларијата до [ДАТУМ].
Ќе одговорам на вашиот e-mail, откако ќе се вратам.

Ако ви требааат повеќе информации, ве молиме контактирајте го Име на колегата (kolegata@vasastrana.com).

Се најдобро
[ВАШЕТО ИМЕ]

Кратко, слатко и професионално. Забележувате дека уипотребивме не-обврзувачки фрази:

Ќе одговорите “откако” ќе се вратите, а не “кога” ќе се вратите. Не се обврзувајте да одговорите на ДЕНОТ кога ќе се вратите. Може треба да одговорите на стотици маилови – дадете си време и за “одмор” од одморот.

“Повеќе” информации, а не “непосредна помош”. Не ги обврзувајте вашите колеги веднаш да одговорат. Тие веќе ви помогнат кога сте отсутни. Наместо тоа, тие ќе можат да обезбедат помош преку ” повеќе информации ” пред да се вратите вие..

Едноставно нели.

Откако ќе поминат одморите, испратете уште едно ажурирање заблагодарувајќи на сите и споменувајќи го враќањето во нормално работно време.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не