Blog

CRM (Customer Relationship Management) или евиденција (датабаза на клиенти)

Бизнисот кој ги познава своите купувачи е секогаш чекор пред своите конкуренти. Тука CRM-от е важна алатка бидејќи овозможува евиденција на релациите (интеракциите) меѓу постоечките и новите клиенти со вашиот бизнис. Долгорочно, создавате историја на релациите, еден вид архива, која помага во задржување на клиентите и раст на продажбата.

CRM-от овозможува евидентирање, сегментирање и анализа на вашите клиенти, според пол, возраст навики… Притоа, помага за градење на релација и лојалност со сегашните клиенти кои се најважните клиенти за секој бизнис.

Што тоа значи бизнисот да има CRM ?

Наједноставно, користење на софтверска алатка во која секојдневно ќе се забележуваат акциите кои ги прават клиентите и бизнисот, во двете насоки, со минимална администрација и папирологија. Идеално е таа алатка да ги евидентира сите комуникации направени преку веб страницата, емаил маркетингот на бизнисот, со опции и за рачно допишување на забелешки за интеракциите.

Од друга страна, бизнисот создава евиденција на своите купувачи, со основни 3 информации за секој клиент (име, емаил, телефон) и други детали. Во секое време може да се потсети на клиентот, која се релациите кои ги имале, кога е роденденот на клиентот, итн.

Бизнисот учи за своите целни групи и поквалитетно ги реализира своите маркетинг кампањи

Повеќе од важно е бизнисот да комуницира со пораки за конкретни целни групи, навреме. Токму затоа CRM-от е појдовна точка за подобри резултати во дигиталниот маркетинг.

На пазарот постојат различни решенија кои ја вршат оваа функција. InOne нуди интегрирано решение, заедно со веб страница, целосно автоматизиран систем за емаил маркетинг и разни календари, поврзани со основен CRM. Се работи од едно место, со едно корисничко искуство, на едноставен, практичен и брз начин, без разлика на знаењето кое во моментот бизнисот го има.

Кои се бенефитите од CRM системот за мојот бизнис ?

Со CRM системот на InOne податоците за сите што Ве контактирале преку веб страната, Facebook или компаниски емаил се систематизирани и на едно место. Преку InOne апликацијата сите одеднаш може да ги следите во секое време и на секое место. Тоа Ви овозможува да анализирате резултати на промотивни кампањи, или да организирате промоции што ги таргетираат сите или одреден дел од дата-базата на контакти. Односно да промовирате понуди директно кон различни сегменти: посебни поволности за потенцијалните купувачи, награди за лојалните клиенти, попусти за сезонски производи, итн.

CRM-от на Inone ги собира контакт информациите за клиентот преку различни клиенти, вклучувајќи го и Facebook. Интегиран е и со други модули, копчиња за комуникација на веб страници. Записите за клиентите се креираат и обновуваат автоматски. Оваа интеграција на податоци ви овозможува испраќање на емаил пораки со точна целна група, според критериумот кој вие го дефинирате, на пр. ВИП клиенти или клиенти кои се родени во овој месец.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не