Blog

Топ 7 предности од дигиталниот маркетинг за вашите потрошувачи

Модерните потрошувачи пребаруваат на Google, тие користат Facebook, читаат блогови и посетуваат веб страни и апликации стотици пати во еден ден.

Употребата на интернетот за нив е важен дел од животот, добиваат многу предности од интернетот лично за нив и затоа го постојано го користат.

Клиентите го користат YouTube за забава, користат социјални медиуми за да се дружат, ги читаат блоговите за да се едуцираат, купуваат онлајн за да заштедат време и пари и ги користат пребарувачите за да најдат локални и меѓународни информации за производите и услугите.

Денес, клиентот е помоќен, напреден, образован, технички и умен.

Причините за оваа промена се еволуцијата на информатичката технологија, како што се употребата на апликации во мобилните уреди, компјутерите и алатките за комуникација и сл.

Сето ова направи револуција на маркетинг методите, техниките и алатките. Оваа промена е позната како Дигитален маркетинг, рекламирање и продажба.

Но, прашањето е како дигиталниот маркетингот им помага на потрошувачите и зошто тоа е корисно за вашите потрошувачи?

Во овој пост ќе се обидеме да ги пронајдеме придобивките од дигиталниот маркетинг за вашите потрошувачи преку примери. Се надевам дека ќе ви се допадне:

Па, да почнеме.

Кои се придобивките од дигиталниот маркетингот за вашите потрошувачи?

1. Лесно да го најдат вашиот бизнис

Дигиталниот маркетинг им помага на вашите потрошувачи лесно и брзо да ве пронајдат.

На пример, имате хотел. Сакате гостите да дојдат кај вас. Но, како луѓето знаат дека вашиот хотел постои на дестинацијата во која патуваат?

Одговорот е дека тие го знаат тоа со пребарување на Google. Гостите го гледаат на мапа. Тие ја посетуваат веб страната за вашиот хотел. Тие гледаат коментари / оценки од претходниот гостин за престојот во вашиот хотел. Тие ги наоѓаат и ги избираат најдобрите категории на соби. И потоа тие контактираат со вас и вашиот хотел.

Сега тие го прават тоа од дома или додека патуваат во автомобилот. Дали е можно да го најдат вашиот хотел во сред планина опкружен со шума без користење на интернет? Апсолутно не, тоа не е возможно.

Затоа мора да ве има на Google maps и Google my Business, мора да имате веб страница за хотелот и профил на социјални медиуми. Така им помогате на вашите гости да го најдат хотелот и си одберат соба за нивниот престој.

Ова е пример како дигиталниот маркетинг директно помага на вашиот хотел и им помога на туристите и патниците да ве посетат.

2. Клиентите може да го најдат вашиот производ и услуга на пазарот:

Широката употреба на интернетот низ светот им помага на луѓето да најдат каква било информација што ја бараат во кое било време.

На пример, еден потрошувач бара производи за внатрешно дизајнирање на ентериер / екстериер и материјали како што се бои, плочи од иверица, бањи итн. Но, за жал, не им се допаднал или квалитетот или цената или продавачот.

Која е опцијата за него кога е расположен за купување? Опцијата е Интернет.

Тој ќе пребаруваа на интернет и ако има некој што ги продава предметите во блиските места, ќе ја посети таа продавница. Пред тоа овој пат ќе ја провери бојата, карактеристиките на предметите, брендовите, цените итн. Ако вашата продавница постоела на пазарот или дури да сте надвор од центарот на градот, потрошувачот ќе ја посети вашата продавница. Тоа е моќта на интернетот + бизнис + дигитален маркетинг.

3. Потрошувачите лесно може да ги споредат цените и квалитетот:

Дигиталниот маркетинг им помага на потрошувачите да ги споредат цените и карактеристиките на производите и услугите. Постојат многу веб-сајтови / блогови / апликациии за промовирање и рекламирање бизниси ширум светот, така што сега корисниците можат да размислат и да направат вистинска одлука за купување.

На пример, Booking – најголемата платформа за резервации во која сите хотели / соби се наведени со цени и карактеристики. Booking им овозможува на гостите да дознаат кој е најсоодветен хотел за нив и веднаш да си резервираат. Booking им овозможува да ги споредат цените на различни соби, предностите и недостатоците. Booking им помага на потрошувачите да најдат сè, од цени на различни хотели до достапност на соби и тоа се наедно место, милиони хотели.

Дигиталниот маркетинг им помага на луѓето да добијат попусти за резервации на хотели. Користа за потрошувачите е повеќекратна, заштеда на време, добивање на попуст, добивање на информации за хотелот на едно место. Спротивно на ова, ќе треба да поминуваат часови за да ги споредат цените, карактеристиките и оценките на хотелите со посета на секоја веб-страница, поедниечно. Така дигиталните маркетинг апликации / портали / marketplace-ови им помагаат на луѓето да заштедат време, пари, ресурси.

4. Многу начини да ги дознаат претходните оценки од потрошувачите:

Денешните потрошувачи користат интернет, читаат блогови, гледааат видеа и дознаваат многи информации за производите и услугите, како и за продавачите.

Денес, потрошувачите не сакаат да инвестираат пари насекаде и за ништо.

Така дигиталниот маркетинг им помага да ги донесат интелигентно одлуките при купување.

На пример, ако сакаат да купат нов лаптоп а цената е помеѓу 30.000 и 100.000 + денари, потребни се 5 до 10 дена за да се одлучат за купување.

Тоа е затоа што потрошувачите пред да инвестираат многу пари, сакаат да го разберат за секој аспект на производот или услугата.

На овој начин, потрошувачот е сигурен по анализата на производот или услугата, да купи. И тој се чувствува сигурен дека ќе го купи најдобриот лаптоп.

5. Достапност на каналите за комуникација:

Ефективна комуникација е метод број еден во дигиталниот маркетинг за да се зголеми продажбата и да се промовира бизнисот онлајн. Тоа е можно преку многу нешта благодарение на дигиталниот маркетинг.

Ефективна комуникација им помага на потрошувачите да комуницираат во однос на производите и услугите. Тие можат да поставуваат прашања пред во реално време. Потрошувачите можат да поставуват прашања а вие можете да одговорите во реално време.

Ова им овозможува на потрошувачите да се чувствуваат задоволни и да ги задржите.

6. Потрошувачите се во контакт со промените на вашите производи и услуги:

YouTube, Facebook , Блогoвите играат голема улога во онлајн рекламирањето и дигиталниот маркетинг. Ако користите било кој од овие медиуми за дигитален маркетинг, тогаш ќе им помогнете на потрошувачите полесно да се поврзат со вас и имате продажба.

7. Персонализирани дигитални рекламни и маркетинг содржини:

Дигиталните реклами се персонализирани. Тие се насочени. Тоа е корисно за потрошувачите. Секогаш кога гледаат било каква реклама на Google, на веб-страницата, YouTube, Facebook се поврзувате со нив. Затоа што дигиталниот маркетинг им овозможува на бизнисите да одберат одредена категорија клиенти врз основа на нивната возраст, интерес, локација и според барањата за пребарување и да им пуште реклама.

Така корисниците можат да видат што сакаат да видат и да добијат решенија кои ги бараат. Тоа не е само заштеда на време и пари, туку воедно и јакнење на брендот.

Како заклучок, сакам да кажам дека, ако сте нов во дигиталниот маркетинг, почнете да го работите дигиталниот маркетинг, промоциите, рекламирањето на бизнисот како да сте потрошувач. Така ќе дозанете што е ефективно за вас, бизнисот и за луѓето околу вас.

Ако сте мала / средна големина на бизнис тогаш анализирајте една минута, колку лесно и стратешки може да го смените животот на милиони луѓе ширум светот, само со поместување на вашиот бизнис во дигиталниот маркетинг свет на алатки, методи и канали за промоција.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не