Blog

Како да креирате успешни празнични понуди и имате повеќе продажби ‎€‎€‎€

Единственото значење на  последниот петок во ноември е шопинг манијата кога се случуваат големите попусти и можноста секој да може да го купи она што го сака по евтини цени, какви што не можеме да сретнеме во текот на целата година.

Светски познатиот Black Friday, ден кога трговците ги намалуваат цените на производите, со цел да придобијат поголем број на купувачи, годинава кај нас помина со многу најави, реклами и бомбастични ветувања за неверојатни попусти.

Но, во пракса и оваа година се покажа дека нашите трговци се далеку од она што ширум светот се подразбира под Black Friday, а багателните цени на производите традиционално, изостанаа. Нашите потрошувачи сметаат дека кај нас овој термин повеќе прилега на добар маркетиншки трик, отколку на вистински багателен попуст.

Едно е сигурно Black Friday и Cyber Monday   пополека но сигурно поминаа. 

Како поминаа македонските трговци сами си знаат,  но овој период е најава за новогодишните и божиќните празници кои се пред нас.

Како да креирате успешни празнични понуди и имате повеќе продажби

Лично семетам дека оваа година се сите во дебел минус , затоа што се истрошија тон пари на реклами и имавме вистинско бомбардирање со попусти, но сите остаанаа со кратки раце, трговците си ги потрошија парите на реклами зошто потрошувачите го прочитаа трикот. Најголем дел од попустите беа лажни и покрај помпезните најави.

Секој може да напише попуст 50% но што навистина нудиме и која е нашата понуда и што е таа?

Не е битно дали го читате блогов дали сте присутни во живо на вебинар, гледате снимка или пак разговараме во живо, не е битно дали комуницираме на емаил, лендинг страна, фб страна или во живо, не е битно каов телефон имам или каква камера , битно е каква информација пренесувам и која е користа за вас ( ви заштедува пари, учите нешто, можете веднаш да го примените, решава некој проблем).

Секоја реклама, пост на фејсбук, банер, радио реклама, лендинг страна треба да содржи понуда.
Затоа е важно да научиме како да креирате успешни празнични понуди и имате повеќе продажби. 

Постои еден елемент од што зависи од успехот на сите ваши реклами и успехот на вашата продажба.

Патот до срцето на клиентот оди прекот ој елемент, преку идеална понуда.
Што значи добра идеална понуда?

Добрата понуда не значи  попуст ниту цена.

Добрата понуда не е еднакво на ваш производ или услуга.

Пример. Таблет 7 инчен за 3000 денари и 50% попуст.

Понудата е специјален предлог кон вашите потрошувачи кој или ќе го прифатат или ќе го отфрлат.

За да да направиме добра понуда треба да знаеме

  1. кој е наш клиент
  2. какви клиенти сакаме
  3. која е конкуренцијата
  4. кои се алтернативни начини да се искористи или купи производ или услуга слични на тие кои ги нудиме, а решааваат некој проблем.

Креирањето на понудата и колку ќе е таа добра зависи од тоа:

  1. во која фаза е вашиот бизнис, затоа што понудата е наменета за точно определена група на потрошувачи
  2. до колку луѓе сакате да допре вашата понуда

За да имаме успех мора да решиме реален проблем на човекот кој е наш потрошувач,

  1. Како изгледа проблемот од надвор и
  2. Внатрешно решавање на проблемот т.е какви чувства ни буди.


Пример 
: проблемот е нов телефонски уред!  

Најпрвин одговорете каков ќе е вашиот живот за една година од сега ако не го решите проблемот и не си земете телефонски уред.

  1. Кои се последиците?
  2. Колку чини тој уред?
  3. Како ќе се чувствувате ако го имате?
  4. Што е најлошото што може да ви се случи, во врка со тој телефонски уред?

Еден производ, а решаваме различни проблеми,

  1. за тинејџерите е престиж и потреба да се покажат во подобар имиџ,
  2. за еден татко кој е нон стоп на работа е средство за комуникација со фамилијата,
  3. за мајката која не е на работа и помага да се организира при купувањето во маркетот.

Така треба да биде креирана и нашата понуда, а нашинот на кој ја поишуваме трреба да е како да кажуваме приказна, колку поинтересна приказна толку повеќе продажби.

Потоа трба да предвидиме каков ќе е резултатот откога проблемот ќе се реши.

  1. Кои се надворешните резултати и
  2. Дали има некои претходно невидливи и непредвидливи резултати

Пред да започнете со креирањето на понудата ,

  1. направете профил на вашите потрошувачи,
  2. научете и знајте се за производот или усугата и
  3. следете ја конкуренцијата

Кој е најбрзиот начин за решавање на проблемот?

  1. Да не чекаат долго време потрошувачите
  2. Понудата решва проблем за најдобро време и на најдобар начин.


Пример 
:

Прочистувач за воздух за 8000 денари, е различно од оваа понуда.
Најефикасниот прочистувач за возду со подарок резервен филтер, бесплатна достава до дома доколку го нарачате во наредниве 48 часа и тоа на 12 рати со 24 месеци гаранција.

✅ Добрата понуда е неодолива понуда која вашите клиенти сакаат да го ја купат веднаш.
✅ Понудата решава емотивни и логички блокади при нарачката.
✅ Добрата понуда не се создава со копирање од конкуренцијата.
✅ Добра понуда ја создаваат вашите потрошувачи

Не чекајте и не одите  во перфекционизам затоа што перфекционизмот и одолговлекувањето е комбинација која гарантира неуспех. Решението е примарната обврска и задача да ја направите пред сите останати.

Тестирајте ја понудата

  • Не чекајте да имате веб страна, лендинг страна фб страна
  • Разговарајте со неклокумина и предложете им ја понудата
  • Ако имате фб страна повикајте ги пријателите на кафе и презентирајете им ја понудата

Да започнеме:

  1. Понудата трeба да е јасна и лесно разбирлива
  2. Понудата треба да дава конкретна полза за потрошувачот
  • Да има јасна конретна корист за потрошувачот
  • Како да им се подобри животот
  • Како ќе заштедат пари
  1. Објаснете ја понудата зошто луѓето се скептици по природа
  2. Дадете бонус или подарок да нема да може да ве одбијат
  3. Ограничете го времето на важење на понудата и внестете итност
  4. Силен и јасен повик на акција ( регистрирај се сега, пополни ја формата, резервирај место)
  5. Гаранција

Сега размислите какви понуди подготвивте за Black Friday и Cyber Monday и какви понуди ќе подготвите   за новогодишните и божиќните празници кои се пред нас, и тоа веднаш после читањето на овој блог.

Да повториме формулата за идеална понуда за новогодишните и божиќните празници кои се пред нас која ќе ви донесе повеќе продажба е

Идеална понуда =
Конкретна полза +
Интересен бонус или подарок +
Гаранција +
Рок до кога трае понудата +
Јасен повика на акција.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не