Blog

5 причини зошто треба маркетинг календар за твојот бизнис

Во денешното постојано променливо опкружување на маркетингот, управувањето со маркетингот а посебно со социјалните медиуми е многу повеќе од едноставното постирање на Фејсбук и Инстаграм. Клучно за маркетингот е да се осигура дека активностите на социјалните медиуми на вашиот бренд се координираат со други временски одредени маркетинг активности, како што се е-маил кампањи или промени на веб-страницата ( блогови, попусти, кампањи …).

Календарот ​​има централно место во вашиот маркетинг бидејки овозможува многу побрза имплементација на планот.

Што е календарот за содржини?

Календарот е едноставна алатка и е работен документ што се користи за распоред на содржини што ќе ги објавувате на сите платформи на социјалните мрежи како и други канали за промоција за месецот, неделата, денот, па дури и понекогаш кое време во денот.

Овој документ служи како алатка за комуникација за објавување содржина (слики и видеа), хаштагови и ознаки што треба да се користат за секој пост.  Ова е исклучително важно затоа што ви овозможува да планирате и да бидете сигурни дека испраќате вистинска порака, до вистинската публика, во вистинско време.

Добро реализираниот календар за содржини ги зајакнува сите ваши маркетинг напори да се насочени кон иста цел. Притоа, вие сте во можност стратешки да спроведете план за акција за целокупната маркетинг стратегија. Ова ви овозможува да анализирате податоци низ сите платформи на социјалните медиуми за подобро согледување на она што работи, а што  НЕ   РАБОТИ .

Важност на календарот

Визуелизација и организација

Една од придобивките од користењето на календарот е можноста да ја визуелизирате маркетинг стратегијата во текот на одреден период и да останете организирани низ сите дигитални канали. Тоа ви помага да го испланирате маркетингот околу важни датуми и периоди во вашата индустрија или фирма. Календарот овозможува да се пополни просторот со релевантни содржини што се вредни за вашата публика, наместо да објавувате постојано соржини во лет.

Конзистентност

Користењето на календарот ви овозможува да развиете унифициран глас и да создадете постојан проток на содржина што продолжува да се гради кон вашите маркетинг цели. Планирањето на содржината на социјалните медиуми го одржува вашиот бренд доследен и ја прави вашата содржина сигурен извор на информации.

Известување

Покрај планирањето, календарот помага за известување и следење. Дали целиот план се реализира? Дали ги постигнавме нашите цели? Што работеше? Што не успеа? Оваа информација е клучот за да добиете поврат на вашата инвестиција.

Рационалност

Календарот  го олеснува вашиот живот кога креирате објави со намалување на потребата да копате по интернет за да најдете соодветна содржина. Вака можете да ги согледате сите ваши напори и да донесувате здрави одлуки за времето на вашите објави.

Неизбежно ќе се појават неколку кривини на патот на реализација, но со календарот нема да сте во паника кога ќе се појават непредвидени итни настани, туку едноставно ќе ги вметнете и нив. Со календарот го  промовирате вашиот бренд во ситинско време.

Создадете свој календар

Нашиот совет е само  СТАРТ, ЗАПОЧНЕТЕ  . Не мора да биде ништо фенси, препорачуваме едноставен табела. Додадете колони како што се датум, дигитален канал, фотографија / видео, хаштагови. Почнете да го пополнувате и да го користите. Секогаш можете да додавате, отстранувате или даги прилагодувате информациите.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Content Marketing
Content marketing

Содржината е секогаш клуч

Креирајте содржина за поголем сообраќај кон веб страната Иако креирањето на содржина (content marketing / маркетинг со содржина) од неодамна

Контактирајте не