Blog

Зошто бизнисите треба да му веруваат на дигиталниот маркетинг ?

Кога малите бизниси започнуваат со работа, нивниот главен фокус е ако да ги добијат своите први клиенти. Тие може да започнат со традиционални форми на рекламирање, како што се печатените реклами, купони за попуст, па дури и билборди. Најчесто се сигурни дека нудат добар производ или услуга и веруваат дека е само прашање на време додека клиентите не го најдат патот до нив.

Но вистината не е секогаш толку праволиниска. Бизнисите мора да го имаат предвид обемот на потенцијални клиенти до кои може да се дојде преку интернет. Ниту еден мал бизнис, без разлика колку е нов, не смее да го превиди овој огромен потенцијал.

Одложувањето не е решение

Малите бизниси понекогаш веруваат дека немаат време или пари да бидат конкурентни на интернет. Тие се соочуваат со толку многу предизвици одеднаш за бизнисот воопшто па многу од нив сметаат дека треба да внимаваат со трошоците за рекламирање, претпоставувајќи дека нивниот бизнис ќе се развива со текот на времето.

Недостатокот на финансиски ресурси и човечки капацитет ги спречуваат малите и средните претпријатија да ги искористат дигиталните маркетинг алатки и техники. Тие дури понекогаш може да мислат дека најдобрата стратегија е едноставно да чекаат корисниците да се појават. Бидејќи имате мал бизнис, можеби мислите дека Ви требаат само мал број клиенти, но ова не е ефективен пристап. Никогаш не постои гаранција дека Вашата таргет публика ќе ги пронајде сама Вашите производи и услуги, па дури и ако тоа се случи, можеби нема да привлечете доволно клиенти за да го направите вашиот бизнис профитабилен.

Вашите потенцијални клиенти веќе Ве бараат на интернет

Ако до сега сте избегнувале дигитален маркетинг, дали мислите дека едноставно не сте подготвени? Дали мислите дека само Ви треба некое време и дека клинетите ќе почнат да доаѓаат? Проблемот со овој пристап е дека Вашите потенцијални клиенти се веќе онлајн. Веднаш. Денес. Има добри шанси тие веќе да бараат бизнис како Вашиот, но ако не можат лесно да Ве најдат, веројатно ќе изберат некој друг.

Така луѓето денес носат одлуки за купување. Кога некој има интерес за производи и услуги кои Вие ги имате во понудата, првото нешто што ќе го направат е истражување на интернет и да видат што можат да дознаат за вас.

Тие очекуваат да ве најдат таму со веб-страница и присуство на социјални медиуми. Дури можеби бараат и коментари за да можат да научат што велат другите луѓе за Вашиот бизнис и дали да прават бизнис со Вас.

Ако потенцијалните клиенти не можат да ве најдат на интернет, тие може да заклучат дека Вашиот бизнис не е легитимен. Има многу добри шанси дека многу од овие потенцијални клиенти може да одлучат да не го сфатат сериозно Вашиот бизнис и брзо ќе одат на друго место.

Откако ќе ја донесат таа одлука, веројатно нема да се вратат.

Размислувајте за дигиталниот маркетинг како начин да бидете достапни за Вашите потенцијални клиенти. Со создавање на онлајн присуство, вашиот бизнис е отворен за бизнис дури и кога не работите. Вашите клиенти можат да ги најдат Вашите производи и услуги во секое време, да ви испратата емаил со прашања, да купуваат и да пребаруваат по вашиот инвентар. Потенцијалните клиенти кои немаат начин физички да Ве посетат, сепак можат да прават бизнис со Вас.

Кои се предностите на дигитален маркетинг за мали и средни бизниси

  • Можност да комуницирате директно со вашите потенцијални клиенти и да научите што точно бараат
  • Можност да продавате на глобален пазар, со далеку помали трошоци
  • Можност да стигнете до повеќе клиенти за многу помалку пари во споредба со традиционалните маркетинг методи
  • Можност да ја запознаете вашата публика и да им дозволите да ве познаваат лично, што помога да се создаде лојалност кон брендот
  • Можност веднаш да ги следите резултатите на вашите маркетинг активности

Малите бизниси честопати се обидуваат да направат што е можно повеќе за мал буџет. Кога добро ќе оптимизирате, со дигиталниот маркетинг можете да достигнете широка целна публика дури и кога вашиот буџет е прилично недоволен. Користењето на предностите на дигиталниот маркетинг за промовирање на вашиот мал бизнис ќе ви помогне да имате многу подобри шанси за успех во бизнисот.

Еден од начините да ги надминете првите предизвици е да се потпрете на интегрирано решение кое ќе овозможи комплетен сет на алатки за дигитален маркетинг . Тоа ќе Ви помоге во развојот на Вашиот бизнис и досег до Вашата целна публика. За брз раст клучно е што порано да изберете вистинско решение кое може да го следи развојот на Вашиот бизнис. Закажи состанок за да ги дознаеш сите детали на InOne денес.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Контактирајте не