Кога бизнисите и покрај резултатите на социјални медиуми се плашат од своите клиенти поради недостатокот на искуство и знаење – говориме за неактивност. Нивната неактивност на социјални медиуми се сведува на незграпни обиди. Исто како да продаваат новогодишни лампиони рафрлани по полиците во ек на сезона на летни одмори.
Обраќањето кон една публика, без притоа да се креираат неколку замислени сегменти од таа публика е сосема погрешно.
Затоа, не е можно тие клиенти да ни наштетат на нашиот бизнис.
Верувајте, кога започнуваме со работа на социјални медиуми не треба да се плашиме од повратните информации и реакции од нашите клиенти? Напротив, тој фидбек е можност да се подобри работењето на нашиот бизнис.
Сепак бизнисите најчесто сè одлучувааат да се држат на страна, во сенка. Најчесто пасивно ги слушаат на социјалните медиуми своите клиенти, или пак ги игнорираат пофалбите и критиките на клиентите.
Се поставува прашањето во кој момент, одбивањето да учествувате во комуникација на социјални медиуми, почнува да ја поткопува лојалноста на клиентите на вашиот бизнис?
Вашата конкуренција ќе ве принуди да влезете во игра
Многу бизниси се фокусираат само на комуникација со постојните клиенти. Оправданието е најчесто дека “сега не е баш вистинско време”. Притоа посветуваат поголемо внимание на постоечките клиенти како поефикасна продажна и маркетинг стратегија, отколку тоа да се придобијат нови клиенти. Нивната претпоставка е дека многу од новите клиенти ќе одбиваат да трошат пари, без оглед на попустите.
Користење на хипер-релевантен маркетинг, вклучувајќи и исклучително добро таргетирана е-маил комуникација е решение за бизнисите да ги задржат постојните клиенти. Кога ќе додадеме на ова ретаргетирање ги имаме сите состојки за онлајн ренесанса на нашите клиенти.
Нашето искуство со клиентите е дефинирано и од она што го правиме, и од она што не го правиме на социјалните медиуми
Како комуницираме со нашите клиенти ако не им одговараме на социјални медиуми? Како комуницираме со нашите клиенти, кога сеуште немаме профил на Twitter, Facebook странa, блог или кој било друг канал за хуманизирање на нашиот бизнис? Нашите активни корисници на социјални медиуми може да ја протолкуваат нашата тишина како летаргија, незнаење, незаинтересираност за нивните ставови или тотален молк.
Нито едно од наведените не се чувства кои сакате да ги поврзете со вашиот бизнис!
Во основа, нашите конкуренти ја поставуваат лествицата за вас, и слично како купување на хотелски аранжман, колку повеќе чекаме до последна минута толку повеќе штета правиме.
Се наоѓаме во период на раѓање на проактивен социјален медиумски пристап преку бизнисите и брендовите. Но знам дека сигурно не сте во раните стадиуми на развој на вашиот бизнис, на ниво на обезбедување на услуги и производи за клиентите. Во крајна линија не е важно дали сакате да се вклучите на социјалните медиуми или дали се подготвувате. Вашите конкуренти кои веќе сериозно се присутни на социјалните медиуми ќе ве присилат во оваа игра.
Колку повеќе работите се менуваат, толку повеќе тие остануваат исти
Сите кои работат дигитален маркетинг подолго време ова го знаат. Првите секогаш ги поставуват правилата а останатите еден по еден ќе започнат да ги применуваат.
Се сеќавам кога започнавме со Колектива (најголемата инвестиција во eCommerce-от во Македонија, дел од Rebate network, најголема мрежа на eCommerce платформи во светот) први додадовме бројчаници на продадени купони и картички за подарок на пријател. Во најкраток можен рок секоја страница за eCommerce кај нас ги воведе истите функционалности.
Како одлучивме полето за пребарување се да е горе десно? Како започнавме да користиме различни лендинг страници?
Еден води – лидерот а сите други го следат
Истото важи и во социјалните медиуми. Еден ден нема да дискутираме околу тоа дали да се вклучиме, и сите дискусии ќе се околу ефикасноста и автоматизацијата.
Зошто? Бидејќи клиентите гравитираат кон бизниси за кои веруваат дека се грижат за нивните ставови, мислења и емоции.
Дали сте подготвени да го скршите мразот?