





































Зошто и кога треба да направите редизајн на веб страница?
Технологијата, стандардите за дизајн и деловните трендови постојано се развиваат. За да го задржите својот статус и да останете релевантни на пазарот, вашата веб страница мора да биде прилагодена на денешните потреби и очекувања.
Вашата веб страница не е само онлајн присуство – таа е вашата најсилна алатка за продажба и маркетинг. Но, ако не ги следи современите стандарди, ризикувате намален сообраќај, а со тоа и губење на вашите клиенти.
Кога содржината и структурата не се ефективни
Ако корисниците не можат лесно да го најдат тоа што го бараат, потребен е редизајн за подобра организација на содржината.
Кога не е доволно брза
Бавната веб страница негативно влијае на искуството на корисниците и на вашата SEO оптимизација, што може да го намали рангирањето на пребарувачите.
Кога дизајнот е застарен
Ако вашата веб страница изгледа старомодно и не е во чекор со современите трендови, посетителите можат да ја доживеат како непрофесионална.
Кога не е прилагодена за мобилни уреди
Во денешно време, повеќето корисници пристапуваат до интернет преку мобилни уреди. Ако вашата страница не е „mobile-friendly,“ губите голем дел од сообраќајот
Често поставувани прашања
околу процесот и редизајн на веб страна
- Кога е време за редизајн на веб страница?
Кога дизајнот е застарен, страницата е бавна, не е прилагодена за мобилни уреди, има слаб ангажман или бизнисот бара нови функционалности.
- Колку време трае процесот на редизајн на веб страница?
Точната временска рамка зависи од обемот на работа, големината на веб страницата, достапноста на содржините и брзината на комуникација меѓу клиентот
- Кои се главните бенефити од редизајн на веб страница?
Подобар кориснички доживот, побрза и пооптимизирана страница, подобра мобилна верзија, SEO подобрувања, зголемена конверзија и поголема безбедност.



