Сигурно знате дека интернет станува доминантен медиум за промоција на вашиот бизнис и производи. Бројот на интернет корисници е сѐ поголем и кај нас- 80% од домаќинствата или околу 1.7 миниони Македонци. Кај помладата популација овој процент е уште поголем и се приближува кон 100%.


Но можеби не знаете дека над 50% од сите нив се “на интернет” и за да најдат производ или услуга што им е потребна. Притоа, користат различни начини на пребарувања, а најчест избор им е Google- дефинитивно водечкиот интернет пребарувач. Ако не ги користите можностите за ваша промоција преку Google ја губите шансата да бидете “видени” од огромен број на ваши потенцијални купувачи. А Google My Business сигурно е една од најдобрите можности. Со неа вашиот бизнис добива главна позиција при Google пребарувања и одлична можност да ја презентирате вашата понуда кон сите што бараат одреден тип на производ. Со други зборови- добивате повеќе купувачи и поголема продажба!

Што е Google My Business?

Google My Business (GMB) е алатка што им помага на бизнисите да добијат бесплатен органски сообраќај (посети од интернет корисниците) од другите апликации за пребарување на Google, како што се Google Maps и Knowledge graph. Со тоа е мошне корисен за секој бизнис, а особено за малите и средни фирми со ограничени буџети за маркетинг.
GMB и наведените апликации се особено важни за да се “појавите” на првата страна од резултат на Google пребарувањата, што е многу значајна предност во однос на вашите конкуренти. Не заборавајте- ако вашата веб страна е на втора страна од резултатите или уште подолу, веројатноста да “ве кликнат” е многу мала; едноставно, скоро сите се задржуваат само на првите резултати од листингот на Google.


Но, GMB не само што ве издвојува од конкурентите туку ви нуди и многу повеќе. Со него пренесувате основни информации за вашата фирма и производи до купувачите, како и можност да ве лоцираат на мапа, или да ве контактираат на телефон или е-маил. Заедно со линкови до вашата веб страна и профили на Facebook и останати социјални мрежи.

Зошто треба да креирате ваш Google My Business профил?


Одговорот е едноставен- GMB е одличен бесплатен начин да ги информирате купувачите што им нудите, и да ги убедите во бенефитите и предностите на вашите производи. Преку GMB профилот, покрај вашите контакт информации и опис на бизнисот, ги презентирате вашите производите (преку слики, видеа и текст), и препораките/оценките на вашите постоечки купувачи. Дополнително, пренесувате и останати корисни информации, како што се работно време и линкови до вашата веб страна и до вашата промоција на социјални медиуми.


И покрај сите овие позитивни ефекти, голем дел од домашните фирми (вклучувајќи ги и поголемите бизниси) сеуште не го користат Google My Business. Ова е уште една причина да го креирате вашиот GMB профил- на тој начин дополнително ќе се издвоите пред конкурентите.


Накратко, со вашиот GMB профил се поврзувате со вашите купувачи, ја истакнувате вредноста на вашите производи, и го претставувате вашиот бизнис како најдобар избор за потрошувачите. Сепак, за да ги добиете најдобрите резултати, тој треба да е интегриран со останатите форми на вашиот дигитален маркетинг- пред се вашата веб страна и вашата промоција на социјални мрежи, домашни онлајн информатори (како zk.mk/Златна книга), и рекламни банери на домашни/странски сајтови. За да обезбедите оптимални содржини на Google My Business и да ги поврзете со останатата интернет промоција обратете се на тимот на InOne  Тој сигурно ќе ви помогне да дојдете до целосно и оптимално решение што ќе ви обезбеди повеќе купувачи и поголема продажба.


Не чекајте, започнете уште денес!