CRM или софтверот за одржување комуникација со клиентите денес зафаќа најголем дел од пазар на софтвер во светот, а неговиот раст не забавува. Всушност, CRM софтверите се очекува да достигнат до 80 милијарди долари приходи до 2025 година.


Еден од клучните фактори зад растот на CRM е пристапноста. Компаниите сакаат пристап до податоците за своите клиенти во реално време, при што мобилните и решенијата во облак (cloud софтверите) се водечките решенија.


Од корисничка поддршка и е-мејл маркетинг, па сe до персонализација, компаниите сега имаат потреба да ги поврзуваат платформите и технологиите со податоците на клиентите, со цел да обезбедат поперсонализирано, индивидуално искуство.


CRM индустријата продолжува да расте со неверојатна стапка. Причината за тоа е дека софтверот за одржување комуникација со клиентите (CRM) сега е во срцето на секој растечки бизнис. Во 2018 година видовме зголемена употреба на CRM софтверот на повеќе паметни уреди. Ова беше потпомогнатo од страна на бизнисите што сè повеќе ги прифаќаа CRM решенијата базирани на облак, овозможувајќи им на своите вработени да пристапат до софтверот кога било и каде било.


Оние кои ги прифатија овие технологии забележаа огромно подобрување во исполнувањето на продажните таргети. 91% од компаниите со повеќе од 11 вработените сега користат CRM софтвер. Но, движејќи се напред во 2019 година, што ќе се случи?


Во овој блог пост, се осврнуваме на некои од најважните CRM статистички податоци објавени минатата година, причините за истите и влијанието што ќе го имаат врз вашиот бизнис оваа и во следните години.


Подем во користењето на CRM решенија


Од самиот почеток на CRM решенијата, некои бизниси се обидуваа да го прифатат и користат софтверот. Со зголемена употреба компаниите кои користат CRM решенија гледаат многу повисоки стапки на продуктивност на работната сила. Статистиките покажуваат пораст на продуктивноста од околу 15%.


И тоа не запира тука. Корисниците на CRM постигнуваат подобри резултати! Истражувањата на Innoppl Technologies покажаа дека 65% продажните агенти кои прифатиле CRM решение ги постигнале своите продажни таргети. Додека само 22% од претставници кои не користат CRM ги достигнале истите цели.

Зголемување на CRM решенијата базирани на облак (cloud software)


Сè поголемата потреба за пристап до софтвер од повеќе уреди и локации, доведе до пораст на користење на CRM решенијата базирани на облак. Во 2008 година, само 12% од бизнисите користеле CRM базиран на облак - оваа бројка денес се зголеми на 87%!


Растот на CRM решенијата не забавува


Секоја година, 70% од бизнисите велат дека планираат да ги зголемат ивестициите во технологијата. Сликата останува иста во 2019 година. Трошоците за CRM софтвер заземаат најголем дел од оваа технолошка инвестиција, при што 49% од компаниите планираат да ги зголемат трошоците. Тоа го прават не само за да држат чекор со нивните конкуренти, туку и за подобрувањето на продажбата.


Приходите од софтверот за одржување комуникација со клиентите (CRM) се очекува да достигнат над 80 милијарди долари до 2025 година. Со вакви бројки не е изненадување тоа што CRM решенијата се најбрзорастечкиот софтверски пазар.


Персонализиран маркетинг


Најголем дел од плановите за трошоци на дигиталниот пазарот во 2019 година се однесува на е-маркетинг стратегиите, бидејќи 60% од од компаниите планираат да го зголемат својот буџет за е-маил маркетинг, според една студија на StrongView. 


Ова доаѓа како природна инвестиција, со оглед на високата стапка на поврат на инвестициите од е-мејл маркетингот - 40$ приход од секој потрошен 1$. Не само што приходите се зголемуваат, туку како што искуството на клиентот го зазема првото место во маркетиншките приоритети, испораката на персонализирани маркетинг пораки преку е-мејл маркетинг е сигурен начин да се победи конкуренцијата и да се изгради бренд на кој потрошувачите му веруваат. А за да можете да ги искористите придобивките од е-мејл маркетингот на најлесен начин потребни ви се податоците за вашите контакти од CRM софтверот.


2019 е година на купувачот (повторно)


Сите овие статистики и истражувања укажуваат на тоа дека 2019 година е година на клиентот. Живееме во свет каде што 80% од потрошувачите ќе го истражат вашиот производ онлајн пред да направат купување, 87% ќе го користат својот мобилен уред за купување и ќе користат неколку канали за да комуницирате со вашиот бренд.


Со цел да добиете повеќе потенцијални клиенти преку повеќе уреди и повеќе канали, потребни ви се податоци. А тоа не е можно без CRM софтверот, со кој можете да создадете комплетна “слика” од податоци и информации за секој човек со кој се поврзувате.


Што треба да направите?


Ако имате бизнис кој допрва треба да почне да употребува CRM решение - крајно време е да почнете да го користите бидејќи вашите конкуренти веќе уживаат од придобивките од истиот.  Минатата година вкупната употреба на CRM се зголеми од 56% на 74%. 91% од бизнисите со над 11 вработени денес користат CRM, во споредба со 50% од оние со 10 вработени или помалку. 74% од бизнисите велат дека CRM софтверот го подобри нивниот пристап до податоците за клиентите!


Бизнисите ќе продолжат да ги зголемуваат инвестициите во CRM решенија. Приоритеите не се само подобрување на резултатите, туку и потребата да се држи чекор со конкурентите и да се збогати  персоналното искуство со клиентите. Сето ова се очекува да го претвори CRM секторот во индустрија од 40 милијарди долари до крајот на 2019 година.


Дали веќе одлучивте дека е неопходно да почнете да користите CRM? InOne ви овозможува CRM систем за менаџирање на сите контакти од вашите клиенти (добиени од веб страната, на емаил или преку Facebook) на едно место, а добивате и е-маил маркетинг со кој директно се промовирате до вашите постоечки или потенцијални клиенти (контакти од CRM системот). 


Јавете се денес на 070 287 777 и гледајте како вашите продажни таргети се исполнуваат со забрзан раст!