За почеток, еден факт: вашиот бизнис треба да е присутен на социјални медиуми. Во современото работење тоа станува неопходно, и за мала локална продавница и за голема национална компанија. Со огромен степен на користење (скоро сите што се “на” интернет), социјалните мрежи едноставно не може да ги изоставите во вашите маркетинг активности. Уште повеќе, поради нивната достапност стануваат суштински дел од секоја маркетинг стратегија. Особено за малите бизниси- всушност, често тие се нивното единствено “оружје” за добивање повеќе купувачи и поголема продажба.

Што е управување со социјални медиуми - Social Media Management?


Управувањето со социјални медиуми ги обединува сите ваши содржини и вкупна комуникација преку различни канали што ги користат вашите потенцијални купувачи: Facebook, Google my business, Instagram, Twitter, LinkedIn, YouTube, итн.

Управувањето не е само објавување промотивни постови на вашите бизнис профили на социјални медиуми, туку многу повеќе. Вклучува и секојдневна комуникација со сите што ве “гледаат”, поттикнување на нивна интеракција, и барање нови можности за зголемување на опсегот и видливоста. И тоа, на повеќе социјални мрежи истовремено!

Замислете на присуството на вашиот бизнис на социјални медиуми како управување со авион. Многу различни системи мора заедно да функционираат за тој безбедно да лета. Пилотот мора самиот, од едно место да ги координира сите тие системи, а тоа не е возможно без пилотската кабина со сите уреди во неа. На социјалните медиуми, алатките за управување се вашата “пилотска кабина”.

Конкуренцијата помеѓу социјалните мрежи континуирано и мошне драматично се зголемува. Секоја од нив, а особено големите платформи, постојано настојуваат да обезбедат што поголема вредност за нивните бизнис корисници. Односно, постојано воведуваат нови функции со кои бизнисите уште подобро ќе ги промовираат нивните производи кон крајните потрошувачи.

Се разбира, бизнисите добиваат подобри услуги, но за да ги искористат потребно е да ги следат континуираните промени кај социјалните мрежи. Тоа претпоставува потребно време за учење, а времето за секој бизнис секогаш е скапо.  Алатките за управување со социјалните мрежи ви обезбедуваат заштеда на тоа време. Со други зборови, наместо времето да го трошите на постојано следење и учење, со нив може да го искористите за она што е посуштинско за вашиот бизнис- подобра промоција и постојана комуникација со вашите потрошувачи.

За илустрација, наведуваме примери на Facebook и Google My Business како најголеми социјални медиуми.

Со најновите промени на Facebook за да закажете објава на пост во термин што ви одговара потребни се 5-6 чекори, што ги правите преку 2 посебни апликации:

  • Чекор 1 – Избирате опција за креирање на пост во вашиот Facebook профил.
  • Чекор 2 – Го внесувате постот. Ако имате поголема Facebook страна (со повеќе содржини и можности за интеракција со посетителите) веднаш го одредувате датумот и времето на објава. Но ако вашата страната е помала (што е мошне често кај малите бизниси) ќе бидете насочени кон новата aпликација Publishing Tools.
  • Чекор 3 – Во aпликацијата Publishing Tools кликнете на Scheduled Posts (на странично/лево мени).
  • Чекор 4 – Потоа кликнете на Create.
  • Чекор 5 – По клик на Create го внесувате постот кој сакате да го објавите.
  • Чекор 6 – Закажаниот пост со терминот на објава го следите на вашата работна табла.

6 чекори за еден пост во 2 апликации, а времето е пари


Слична е постапката и кај Google my business - повторно 4 чекори:
  • Прво внесувате слика или видео
  • Имате можност да додадете Button (копче) за различни опции (пр. Buy, Order now, или Learn more- со додавање и на линк)
  • Пишувате текст
  • На крај го објавувате постот преку Publish копчето

Потоа, повторно слични чекори и кај Twitter, LinkedIn,… Целиот процес дефинитивно е долг.

InOne - алатка за управување со 4 социјални мрежи од едно место



Можеби најголем бенефит за секој бизнис од InOne, како целосен сет на услуги за дигитален маркетинг, е можноста да објавувате, следите и координирате промотивни кампањи на социјалните мрежи со само една алатка. Односно, истовремено управувате со вашата промоција на Facebook, Google my business, Twitter и LinkedIn, преку една апликација, со само неколку клика. Со тоа добивате комплетна координација на промоцијата на различните мрежи, и многу повеќе време за водење на останатите сегменти на бизнисот.

Постапката е многу едноставна- за објавување на пост потребно е само да:


1. Изберете на кои мрежи ќе се објави постот
 
2. Изберете содржина од вашиот веб сајт (што сакате да ја споделите) или напишете го постот, и одредете време на објава- истовремено на сите мрежи


Потоа, на едно место ја следите целата комуникација преку сите мрежи. Тоа ви овозможува да ги оцените ефектите кај секоја од мрежите, односно да направите прилагодувања на кампањата- пр. дополнителни објави на успешен пост, промена на текстот/сликата кај останатите, и сл.

Со InOne управувањето со социјалните мрежи е многу побрзо и полесно, а резултатите се подобри. За да добиете повеќе информации околу сите можности обратете се на тимот на InOne.