Ако досега мислевте дека дигиталната трансформација е можна само кај големите бизниси, размислете повторно. Точно е дека постојат голем број начини на кои големите компании можат максимално да се вклучат во дигиталните иновации, но исто така е точно и дека  крајните потрошувачи се срцето на дигиталната трансформација.

Ако гледаме на тој начин, јасно е дека има големи можности за малите и средни бизниси кога станува збор за прифаќање на дигиталната трансформација – па ајде да се насочиме на пет од нив:


1. Истражувајте нови технологии. Малите и средните бизниси се во уникатна позиција да ги истражат и користат дигиталните технологии во значително пократок период. Користете достапни алатки за автоматизирање на процесите во работењето, како на пример онлајн продажба, нарачки, закажување термини и сл. Тоа ќе ви ги скрати трошоците и времето за менаџирање.

2. Подобрете го корисничкото искуство. Во дигиталната ера, потрошувачите се оние кои ја имаат контролата, а компаниите мора да се свесни за ова. Конкретно за мали и средни бизниси тоа е одлична можност за зголемување на продажбата и заработката, почнувајќи со поголема одговорност за желбите и потребите на клиентите анализирајќи го нивното однесување преку соодветен систем за управување со клиенти (CRM), сè до обезбедување квалитетна комуникација со нив базирана на собраните податоци преку e-mail промоции.
      3. Бидете во тек со брзите промени. Малите и средни бизниси се неверојатно динамични, а исто таков е и дигиталниот свет. Многу често се случуваат големи промени во краток временски период, а предноста за малите и средни бизниси е што тие можат многу лесно да реагираат на промените. Одредена продажна техника не успеала кај клиентите? Пазарот зел неочекуван замав? Големината на малите и средните бизниси им помага во полесно преземање на пресметаните ризици, како и менување на своите стратегии и адаптација на нови дигитални алатки брзо и често без загуби.
        4. Имајте натпреварувачки дух. Дигиталната трансформација не само што им овозможува на малите и средните бизниси да бидат поконкурентни, туку тие имаат шанса да прават подобри, побрзи иновации. Користењето на податоците кои им ги дава анализата на однесувањето на клиентите им дава предност за побрза реакција и адаптација на маркетинг кампањите насочени кон целната група, во однос на нивните конкуренти во индустријата.
          5. Инвестирајте во дигиталните канали.  Тие се тука за да останат. Поделете ги на ваши и „изнајмени“ канали и соодветно инвестирајте во нив. Ваши канали се вашиот вебсајт, e-mail маркетингот и директната комуникација. Изнајмени се сите сервиси за социјално вмрежување каде правилата на игра ја диктираат други. Со инвестицијата во дигитално присуство не станува збор само за раст, туку во оваа дигитална ера се работи и за опстанок. Долгорочно подобро е да инвестирате во каналите кои комплетно ги управувате отколку да се потпирате исклучиво на Facebook, Instagram и сл. кои веќе утре може да наметнат нови правила на игра.  


            За да можете брзо и лесно да се адаптирате на новите технологии, да го подобрите корисничкото искуство, брзо да реагирате на промените на пазарот, да бидете поконкурентни и вашиот бизнис да расте со квалитетно онлајн присуство, тука е InOne! Со InOne добивате целосен сет на средства/алатки што се неопходни за успешен дигитален маркетинг и продажба на вашиот бизнис.


            Добијте решение за вашиот бизнис денес:

            https://inone.mk/register-page