Во денешниот пренаселен дигитален свет многу социјални мрежи го намалуваат досегот на органски содржини прикажани на корисниците. Додека борбата за внимание на корисниците станува сѐ пожестока, пазарот наметнува да започнеме да развиваме стратегии за социјални медиуми фокусирани првенствено на содржина. Таквата стратегија им обезбедува вредност на корисниците на било која платформа и наш успех. Дополнително тој успех не е веднаш и сега туку е тука и засекогаш.

Ова се 7 сигурни начини за да бидете сигурни дека вашите напори на Facebook и други социјални медиуми се фокусирани на квалитетна содржина која вашата публика ќе сака да ја консумира.

1. Запознајте ги добро вашите социјални медиуми

Разбирањето како се користат различни платформи за социјални медиуми, кои се нивните цели и како корисниците ги гледаат и ги разгледуваат содржините што се споделуваат е клучна за маркетингот поради постојаното менување на алгоритмите на социјалните медиуми.

Познавањето на интересите и целите на разни целни публики ќе ви помогне да креирате пораки кои се добро прифатени и споделени од вашите следбеници.

2. Креирајте содржина која создава додадена вредност

Кога креирате маркетинг план за содржина, разберете ги очекувањата на целната публика, бидејќи тие обично се многу поинакви од вашата крајна цел на маркетингот.
Ние не сме сопственици на нашиот производ или услуга која ја нудиме, сопственик е пазарот.
Важно е да се развијат содржини кои ги задоволуваат целите и очекувањата на целната публика а идеално е тие да се поклопуваат со целите на бизнисот.
На пример: Одличен начин да им покажете на следбениците и потрошувачите дека се вредни е да ги прославите заедно нивните родендени или мали “јубилеи”, како на пример денот кога се претплатиле преку социјалните медиуми на newsletter-от на компанијата.
Направете нешто да се чувствуваат екстра посебни, подарете годишен попуст или мал подарок.
Верувајте секој мал гест ќе биде неколкукратно вратен од страна на следбениците и потрошувачите.

3. Стремете се кон квалитет не кон квантитет

Квалитетната содржина изгледа како легитимна паметна цел, но може да се запостави и бргу да се намали квалитетот под притисокот да се држиме до “уредничкиот” календар како и до временските рокови.
За да се осигура маркетингот да не ни падне во замката "само да извади нешто од џеб, било што", кога станува збор за содржината, креирајте листа на стандарди кои мора да ги задоволат новите содржини пред да се објават.
Започнете со креирање на календар за објавување кој реално може да се следи.
Да препознаеме кога е невозможно да се држиме до тој распоред и да правиме прилагодувања, но не и во квалитетот на истражувањето, пишувањето или уредувањето.
Имајте на ум дека социјалните медиуми стануваат лице на многу бизниси. Тука брендот најмногу се промовира и се гледа, тое е местото каде најмногу публика ќе го види брендот за прв пат.
Од витално значење е да се осигураме дека целата содржина ги задоволува највисоките стандарди.
Ако сè друго не успее, прескокнете пишување и објавување, наместо да објавувате содржина што не е по стандардот кој сте го поставиле.
Ако веќе баш морате да постирате нешто на социјалните медиуми согласно маркетинг календарот, напишете краток пост и потоа поврзете го со некоја статија или друг тип на форма која е вредна и информативна.
Ако не сте сигурни каква содржина е добро прифатена од потрошувачите и ги исполнувате поставените цели, користете алатки како Google Analytics , Sprout Social , Hootsuite и Buffer за да си помогнете во мерењето, следењето и мерењето на ангажманот и успехот на постовите и содржините.

4. Раскажувањето на приказни гради брендови

Сите знаеме зошто приказните се толку влијателни и како тие направија огромни брендови, како што се Apple и Starbucks, да бидат тоа што се. Приказните водат кон емоционални врски и помагаат да се создаде лојалност.
Сепак, бидете внимателни да не започнете да ја препродавате или шитката приказната за брендот. Бидете сигурни дека приказната е секогаш присутна, но не треба да се вклучува во секој аспект на маркетиншките кампањи.
Приказната за брендот треба да помогне да се обликува брендот, додека маркетиншките стратегии треба да продолжат да се градат врз самиот бренд.

5. Промовирајте ги вашите вработени

Општо е познато дека потрошувачите се повеќе во врска со брендови кои покажуваат благодарност за своите вработени.
Повеќето потрошувачи, исто така, гравитираат кон бизниси кои генерираат позитивна корпоративна култура, која вклучува вработени кои се горди на нивниот придонес кон крајниот производ или услуга.
Помагајте ги вработените кои работат во вашата компанија, особено ако тие направиле важно откритие или помогнале во создавање сосема нов производ, метод или процес кој не може да се најде на друго место. Ова ќе помогне да се разликува брендот од другите и е лесна тактика за употреба во маркетиншки кампањи.
Посветете дел од содржината која ги истакнува успесите на вработениот исподелите ја на вашите социјални платформи за да покажете благодарност.

6. Дополнителни совети за успех на секоја платформа за социјални медиуми

Чувајте ги овие упатства на ум за уште поголем успех на најпопуларните социјални мрежи:
Твитер: Секогаш нагласувајте ги главните поенти, кратко и концизно се собрано во еден твит
Фејсбук: Разговарајте пријателски. Главната цел треба да биде да се вклопите и преточите во познатиот тон на лични мислења што ги добиваат вашите следбеници од нивното семејство и пријателите.
Instagram: Користењето на hashtags на Instagram ви овозможува вашата компанија да биде дел од една поголема приказна. Со користење на хаштаговите или создавање свој, можете да станете дел од приказните на другите и да достигнете многу поголема публика.

7. Пар како од бајките

Социјалните медиуми и креирањето на содржина одат рака под рака. Неопходно се потребни за креативно и успешно спроведување на секоја стратегија за маркетинг . За вистински да успееме на платформите на социјалните мрежи, седнете, размислите и разберете што тоа прави вашата публика да функционира.
Колку пореални и релевантни мислења се, толку е поголема веројатноста потрошувачите да гравитираат кон содржината која ја креираме а со тоа нашиот успех ќе е поголем.
Со оглед на тоа што се повеќе и повеќе содржини почнуваат да ги “напаѓаат” фидовите на социјалните мрежи, императив е да се развие добра стратегија за маркетинг на социјалните мрежи, која не само што ќе раскаже приказна на брендот, туку има за цел да ја одржи долготрајната врска меѓу потрошувачите и Вас.