Интензивното присуство на социјалните мрежи им отвара низа придобивки на бизнисите. Социјалните медиуми овозможуваат неограничени можности за добивање на потенцијални клиенти и клучни податоци за вашите следбеници и клиенти, како и бесплатно рекламирање. Нема сомнеж дека на секој бизнис му се потребни социјални медиуми. Сите се користат на различен начин, во зависнот од вашите најсилни адути (Unique Selling Points). Откријте кои платформи се најдобри за вашиот бизнис и како ефективно да ги користите во нашиот водич за користење на социјалните медиуми за промоција и развој на вашиот бизнис.

FACEBOOK

Со преку 1,6 милијарди дневни корисници и 800 милиони луѓе што им се допаѓа нешто секој ден, Facebook е една од најразновидните и најефективните платформи за бизнисите.  Додека поголемиот дел од корисниците на Facebook се на возраст меѓу 18 и 34 години, употребата на Facebook групи и реклами на Facebook ви овозможуваат да допрете до поголема демографија и бази на клиенти од една локација. Начините на кои луѓето го користат Facebook се толку разновидни што ви дава можност да го промовирате вашиот бизнис на повеќе начини како што се инфографици, објави на блогови и промоции фокусирани на продажба.

КОИ БИЗНИСИ ТРЕБА ДА ГО КОРИСТАТ FACEBOOK?

Благодарение на огромниот опсег на корисници и едноставните вградени маркетинг алатки, постои начин на кој секој може ефективно да го користи Facebook за да го зајакне својот бизнис. Давателите на услуги, како што се сметководители, електричари и водоводџии, можат успешно да таргетираат луѓе од релевантни групи во нивната област, додека брендовите за малопродажба можат да користат визуелни содржини со опција за купување за да ја зголемат продажбата директно од апликацијата.

КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ FACEBOOK ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

1. Искористете ја опцијата Facebook My Business Pages

Со користење на оваа функција, во суштина можете да ги имате сите клучни содржини од вашата веб-страница на Facebook до кои луѓето можат да пристапуваат и да ги споделуваат без да ја напуштат апликацијата.

2. Споделувајте содржина поврзана со вашиот бизнис

Без разлика дали се работи за ваша сопствена содржина, релевантни објави од конкуренти или други играчи во индустријата, споделувањето на она што луѓето сакаат да го видат е најбрзиот (и најлесниот) начин да вашиот бренд биде виден на Facebook.

3. Приклучете се во групи

Facebook откри дека има над 400 милиони луѓе во групи за кои тие сметале дека се корисни. Со тоа што имате група за вашиот бизнис, веднаш создавате активна заедница на клиенти и со приклучување во групи каде што луѓето разговараат за вашата индустрија, ќе можете да ги насочите луѓето кон вашиот бизнис додека се докажувате како авторитет на пазарот.

4. Додадете видео содржина

Без разлика дали станува збор за видео кое прикажува како работите, реклама или информативен вебинар, алгоритмот на Facebook почна да ги фаворизира видео содржините. Со пораст на видео пазарот во споделувањето на овој стил на содржина само ќе ги зголемите вашите прегледи, допаѓања и споделувања.

5. Таргетирајте ја вашата публика

Користењето на рекламите на Facebook е исплатлив начин да вашиот бренд или бизнис биде виден од потенцијалните клиенти. Со можноста за поставување буџети, временски спецификации и географски ограничувања, рекламите на Facebook станаа еден од најпопуларните начини за брендовите да се пласираат на социјалните медиуми.

INSTAGRAM

Instagram претставува онлајн галерија за вашиот бизнис, тоа е визуелна алатка за промоција на вашиот бренд на потенцијалните клиенти или за соопштување на возбудливи вести и производи на веќе постоечките клиенти.

Со повеќе од 1 милијарда луѓе кои ја користат апликацијата месечно и трошат околу 30 минути дневно во прелистување на Instagram, постои огромна можност дневно да допрете до илјадници луѓе кои чекаат да бидат инспирирани или убедени да купат нешто.

КОИ БИЗНИСИ ТРЕБА ДА ГО КОРИСТАТ INSTAGRAM?

Иако Инстаграм е најсоодветен за брендовите за lifestyle (начин на живот) и малопродажба кои имаат нешто физичко кое сакаат визуелно да го промовираат, постојат огромен број начини на кои и другите фирми можат го користат. На пример, Facebook Lives и инфографичките приказни (stories) се одлични за ширење информации до голем број на корисници без да потрошите премногу време (или пари).

КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ INSTAGRAM ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

1. Користете хаштагови

Хаштаговите се една од главните алатки за пребарување на Instagram. Секоја објава што ја поставувате треба да ги вклучува овие и со тоа можете да бидете сигурни дека луѓето кои се заинтересирани за вашиот производ или услуга лесно ќе ја најдат страницата за вашиот бизнис.

2. Означете ја вашата локација

Постои функција за додавање локација каде се наоѓате кога објавувате. Ако сте локален бизнис, привлекувањето на оние географски кои се во ваша близина природно ќе доведе до поголема продажба и посети на вашата веб-страница.

3. Поставете приказни

Според анкетата на Instagram, 58% од луѓето велат дека гледањето на бренд или производ на приказните (Stories) го зголемило нивниот интерес за одреден бренд. Тоа е огромен број на луѓе до кои можете да допрете со користење на оваа алатка. Поставете кратка, привлечна содржина што луѓето можат да ја гледаат додека прелистуваат на Instagram.

4. Додадете линкови

На Instagram има опција да се купува преку објави и приказни. Искористете ги функциите „повлечете нагоре“ и „допрете за да купите“ за да ја зголемите продажбата без да мора да ги пренасочувате потенцијалните клиенти на вашата страница.

5. Вклучете се во живо

Приказните во живо се одлична алатка за создавање и негување на односите меѓу брендот и потрошувачите. Без разлика дали ќе претставите нова услуга или ќе разговарате со клиентите, делот за коментари е одличен начин да добиете инстант повратни информации од вашите следбеници и да дознаете повеќе за тоа како луѓето се поврзуваат со вас преку апликацијата.

TWITTER

Според страницата за факти, секоја минута се испраќаат над 350.000 твитови. Twitter е брза платформа каде што објавената содржина треба да биде концизна, објавена во определено време и, пред сè, релевантна.

Многу корисници го користат Twitter за да бидат во тек со новости во индустријата, трендовски теми, новости на профилите што ги следат и да ги споделат сопствените мислења. Минималниот број на зборови значи дека луѓето се посвесни за она што го пишуваат и, пак, веруваат дека она што го читаат е внимателно избрана содржина.

КОИ БИЗНИСИ ТРЕБА ДА ГО КОРИСТАТ TWITTER?

Ако ги погледнете најпопуларните брендови и бизниси на Twitter, поголемиот дел од нив ја користат оваа платформа како продолжение на нивната услуга за клиенти. Twitter треба го користат бизниси кои имаат постоечка база на клиенти со кои сакаат да се поврзат, а особено со оние кои ја искусиле нивната услуга и ќе објавуваат за неа.

КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ TWITTER ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

1. Користете хаштагови

Хаштагот е измислен од Twitter во 2007 година. Слично како Instagram, корисниците ќе кликнат на хаштагови што ги интересираат и ќе ја прелистуваат целата содржина поврзана со нив. Со ставање на вашиот бизнис под вистинските хаштагови, побрзо ќе стигнете до потенцијалните клиенти.

2. Пратете ги трендовите

Ако е во тренд на Twitter, ќе биде тренд и на Google. Над 500 милиони луѓе ја посетуваат страницата секој месец без да се најават на Twitter профил. Ова се должи на огромните придобивки од оптимизација на хаштаговите и броењето зборови на Twitter. Искористете го ова во ваша корист со објавување за трендовски теми за да останете релевантни и да го зајакнете целокупното присуство на интернет.

3. Одговарајте на објавите

Без разлика дали се работи за добри или лоши повратни информации, клиентите го ценат одговорот од бизнисите на Twitter. Тоа е начин на кој можете да искомуницирате со вашите клиенти, да изградите доверба и во суштина да генерирате повеќе продажба и интерес со текот на времето.

4. Поставете инфографици

Додека Twitter дозволува само 140 знаци по објава, сликите не се вклучени во ова. Сликите исто така имаат двојно поголема веројатност да бидат ретвитувани, па со додавање визуелен инфографик, можете да кажете повеќе и да генерирате повеќе следбеници додека сликата циркулира.

LINKEDIN

Целта на LinkedIn е професионалците да се поврзат со професионалци. Може да биде одлична алатка кога вработувате ресурси, се едуцирате за индустријата или да откриете што прави вашата конкуренција.

Бизнисите исто така може да го користат LinkedIn за да ја зголемат својата база на клиенти, да допрат до потенцијални клиенти и да развијат начини на работа според најдобри практики. Иако агресивниот маркетинг не е баш достапен, и честопати не е ни потребен, постојат многу начини на кои бизнисите и брендовите можат да растат со користење на она што им е достапно на LinkedIn.

КОИ БИЗНИСИ ТРЕБА ДА ГО КОРИСТАТ LINKEDIN?

LinkedIn е особено клучна платформа за B2B компаниите. Кога започнувате маркетинг стратегија на LinkedIn, важно е да размислите кои професионалци или бизниси би можеле да имаат корист од вашиот производ или услуга.

На пример, бизнисите за чистење можат да најдат големи компании на кои можеби им требаат услуги за чистење на канцеларии, додека пак една сметководствена фирма може да гo користи за да најде бизниси кои можат да ги користат нивните услуги. Бројот на врски или потенцијални клиенти што ги добивате може да биде помал од другите платформи, но опсегот може да биде многу поголем.

КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ LINKEDIN ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

1. Читајте и споделувајте статии

Не само што ова ќе ви даде подлабоко разбирање за новите индустриски практики, туку со споделувањето на објави, можете да ја проширите вашата мрежа и да ги зајакнете односите. LinkedIn е полн со вредни информации споделени од експерти кои можат да ви помогнат во вашите маркетинг стратегии.

2. Охрабрете ги вашите вработени да го ажурираат својот профил

Колку повеќе луѓе се поврзани со вашиот бизнис на LinkedIn, толку поголема видливост имате. Секоја личност ќе има различни врски во својата мрежа, така што со тоа што ќе ги охрабрите да ја споделат вашата бизнис страница, можете да допрете до повеќе луѓе.

3. Приклучете се на LinkedIn групите

Како и со Facebook групите, така и LinkedIn има толку многу заедници на истомисленици кои разговараат за вашата индустрија. Приклучувањето кон нив ќе ви даде уште една можност да ја подигнете свеста за брендот, да воспоставите нови контакти и ќе ви овозможи да се приклучите во разговори каде што ќе можете да се позиционирате како авторитет во вашата област.

4. Поврзете се

Со преку 55 милиони компании кои користат LinkedIn, има толку многу можности за генерирање на потенцијални клиенти. Поврзете се со што повеќе релевантни луѓе, а потоа стремете се да изградите односи преку вклучување во разговори, коментирање на објави и приватни пораки.

5. Објавувајте новости за брендот

Една од најдобрите работи за LinkedIn е тоа што не треба да бидеш паметен или стратег. Можете да ја користите оваа платформа во ваша корист со тоа што ќе бидете транспарентни за слободните работни места, бесплатни термини за услуги или едноставно само дека сакате да ја зголемите вашата база на клиенти. Луѓето се таму за да најдат нешто или некој што им треба, па зошто тоа да не бидете вие?

YOUTUBE

Една од најголемите придобивки од користењето на YouTube е тоа што е потполно бесплатен за користење за бизниси и секој профил има неограничен капацитет за складирање за да можете да прикачувате онолку содржина колку што сакате.

Споделувањето видеа стана една од најголемите маркетиншки алатки што ги користат брендовите и благодарение на модерната технологија можете да ги направите а да не ве чини многу. Видеата кои се поставени на YouTube може лесно да се споделат како линк или да се вградат во други маркетинг материјали како што се е-пошта , блогови и физички на вашата веб-страница.

КОИ БИЗНИСИ ТРЕБА ДА ГО КОРИСТАТ YOUTUBE?

Секој бизнис може да има корист од интензивниот видео маркетинг. Типот на содржина што ќе изберете да ја прикачите ќе зависи од вашиот бренд, а исто така и од вашата целна публика.

Брендовите кои продаваат физички производи ќе можат да го користат YouTube за прикачување видеа во стил на реклама, додека повеќе бизниси кои нудат услуги, како што се компании за чистење и водовод, можат да имаат корист од создавање видеа „како да“ и „кратки практични совети“, нудејќи им на клиентите увид во она што го нуди нивниот бизнис .

КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ YOUTUBE ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

1. Работете со влијателни луѓе (инфлуенсери)

Јутјуберите веројатно беа првиот тип на инфлуенсери што постојат во индустријата. Партнерствата со релевантни инфлуенсери кои имаат голем број следбеници се одличен начин да допрете до повеќе клиенти, да ги зголемите прегледите на видеата и, исто така, да создадете содржина која нема многу да ве чини.

2. Рекламирајте се на YouTube

Со користење на алатката за рекламирање, вашата видео содржина може да ја видат луѓето кои гледаат други видео содржини. Видео рекламите ќе имаат „повик за акција“ на крајот од клипот што ги охрабрува луѓето директно да ја посетат вашата веб-страница. Постојат повеќе начини за рекламирање на YouTube и многу од нив се засноваат на основа на плаќање по клик што го прави исплатлив начин за рекламирање.

3. Споделете ја вашата содржина

Вкрстено промовирајте ја вашата содржина на YouTube од сите други платформи, како и вашата веб-страница, за да поттикнете повеќе гледачи и претплати на вашите канали.

4. Бидете внимателни со SEO (оптимизацијата)

Користењето на релевантни клучни зборови и термини за пребарување во насловите на вашите видеа веднаш ќе ја зголеми вашата видливост на YouTube и на Google. Ако сте мал или среден бизнис, вреди да се напомене дека треба да избегнувате клучни зборови што ќе ги користат големите брендови бидејќи е тешко да се натпреварувате. Наместо тоа, обидете се да користите корисни термини што ќе ги пребарува вашата целна публика.

 

Без оглед на тоа која платформа ќе ја изберете за промовирање на вашиот бизнис, важно е да имате јасна и концизна маркетинг стратегија. Едноставните чекори како што се планирање и закажување на објави се лесни за правење и претставуваат сигурност дека вашата содржина е конзистентна на сите ваши маркетинг канали.