Колку пати сте тргнале до некоја продавница или ресторан и сте наченкале затворена врата и ливче - н е сме на одмор. Дали се чувствувавте убаво? А дали ги известивте вашите клиенти и како да имате секогаш win-win ситуација и за Вас и за вашите клиенти, во сезона на одмори и скратено рабоно време,

Сезоната на летни одмори е во полн ек. Полека се спремате да отпатувате и да ги искористите овие топли денови за одмор и освежување на некое крајбрежје или планина. Затоа секогаш треба претходно да ги информирате вашите постојни и идни клиенти за работното време на вашиот бизнис, дали воопшто нема да работите или ќе работите со скратено работно време


Со летните одмори доаѓа потребата да се ажурираат работните часови, пред се поради локалното пребарување за сите ваши клиенти, така што оние клиенти кои ве пребаруваат и наоѓаат локално не се изненадени или вознемирени кога ќе пристигне сезоната на летни одмори, или се појавата на вата и го начекаат ливчето – ние сме на годишен одмор!

Ажурираните часови на Google Business, Facebook и Златна книга осигуруваат дека клиентите можат да најдат што им треба дури и кога сте вие на летен одмор. Со објавувањето на часовите за одмор, или летни одмори полесно е и за бизнисот и за клиентите да планираат однапред и да се подготват, давате слика на професионалност, сериозност и грижа за вашите клиенти.

Со InOne комплетното решение кое обединува дигитални маркетинг услуги неопходни за современо работење и продажба оваа сложена операција е со само еден клик.

Затоа ажурираното работно време е неопходно и корисно за да бидете сигурни дека клиентите се информирани и можат да планираат напред. Со објавувањето на часовите за одмор и летни одмори давате човечка димензија на вашиот бизнис преку грижа за клиентите.