Oдговорот е многу едноставен: затоа што без нејзе ќе пропуштите многу можности и вашиот бизнис постојано ќе губи.

Формулирањето на стратегијата за дигитален маркетинг ќе ви помогне да носите вистински одлуки при вашиот влез во арената на дигиталниот маркетинг и ќе се осигурате дека вашите напори се фокусирани на елементите на дигиталниот маркетинг кои се најрелевантни за вашиот бизнис.

Стратeгијaте е клучен прв чекор кон разбирањето како постојано се развива дигиталниот пазар и како тоа влијае на вас, на односот помеѓу вашиот бизнис и вашите клиенти, како и на потенцијалните клиенти.

Не е важно кој бизнис го работите, се обложувам дека вашите потрошувачи постојано ја користат дигиталната технологија при секојдневното истражување и проценка за купување на производи и услуги кои ги консумираат.

Без кохерентна стратегија на ангажирање и задржување на потрошувачите преку дигиталните канали, вашиот бизнис пропушта златна можност и во најлош случај конкуренцијата за кратко време ќе ве помине. А вие гледајќи ги вашите конкуренти пред вас, постојано ќе го проширувате дигиталниот јаз.

За разлика од традиционалниот маркетинг на традиционални медиуми, Интернетот е единствен во својот капацитет да го прошири обемот на вашиот маркетинг и работење, како и да го достигнете и стеснете својот фокус во исто време.

Користејќи ги дигиталните канали можете да ги надминете радиционалните ограничувања на вашиот бизнис како географски и временски зони и добивате можност да се поврзете со многу поширока публика.

Во исто време, дигиталната технологијата ви овозможува да ја избрусите вашата маркетинг порака со ласерска прецизност за таргетирање на многу специфични сегменти кои лежат во рамките на тој поширок пазар.

Имплементирани ефикасно, оваа може да биде неверојатно моќна комбинација.

Честопати се изјавува дека Интернетот ги контролира потрошувачите како никогаш досега. Но, знајте дека исто така важно е да се знае дека Интернетот обезбедува невиден сет на алатки, техники и тактики кои овозможуваат да пристапите на пазарот и да се поврзете со потрошувачите.

Маркетингот никогаш не нудел ваков предизвик, да е толку динамичен и разновиден.

И тука лежи суштината на нашата потреба за стратегија за дигитален маркетинг.

Ако сакате да ја искористите моќта на дигиталниот маркетинг да  го стартувате вашиот бизнис на Интернет до вртоглави нови височини, потребно ви е темелно разбирање на вашиот пазар, како вашите потрошувачи користат дигитални технологии и како вашиот бизнис може најдобро да ја искористи технологијата да изградите трајни и взаемни односи со нив.

Бидејќи дигиталните канали продолжуваат да го шират опсегот што ни е достапен на пазарот, тие додаваат зачин на потенцијалната сложеност на секоја дигитална маркетинг кампања.

Да имате јасно дефинирана стратегија за дигитален маректинг, истата ќе ви помогне да се фокусирате и осигурате дека вашите маркетинг активности секогаш се усогласени со вашите бизнис цели и клучно, ќе се осигурате дека целите се насочени кон вистинската публика, вашите потрошувачи.