Прашањето што постојано си го поставува сопственикот на мал бизниси е: Како да се промовирам на пазарот?

Поконкретно, како да ја промовирате вашата фирма онлајн, каде што бројот на опции е навистина голем. Во исто време конкуренцијата во секој бизнис никогаш не била поголема.

Да се издвоите од конкурентите и да го нагласите вашиот уникатен бизнис предлог (unique sales proposal) е од витално значење.

Гледајќи наназад во минатото, рекламирањето изгледаше прилично eдноставно во споредба со денес. Вашата фирма ја огласувавте во дневен весник, специјализиран магазин или во Златна Книга. Или, изработувавте флаери и каталози.
Денес, со дигиталниот маркетинг промоцијата на вашата фирма е многу олеснета. Сепак, многу луѓе се збунети поради навидум бескрајниот број на онлајн опции.

Со оваа статија сакаме да ви ги посочиме главните канали за онлајн маркетинг што навистина треба да ги имате, како и други кои се исто така одлични во истакнувањето на вашата фирма пред потенцијалните клиенти.

Па да започнеме со краток преглед:

Прво, промоцијата преку пребарувачите, особено на Google е најзначајна.
Второ, главните канали за социјални медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, LinkedIn и YouTube).
Трето, тука се и веб-директориумите како www.zk.mk кои го истакнуваат вашиот бизнис токму таму каде што луѓето ги бараат вашите производи и услуги.

1. Пред сè, Google
Каде повеќето луѓе го започнуваат своето пребарување кога бараат одреден производ или услуга? Се разбира, местото е Google, и затоа треба да се погрижите да ве најдат таму. Истражувањата покажуваат дека Google има над 90% од уделот во пазарот за пребарувања. Не случајно изразот изгуглај стана дел од секојдневниот речник.
Како може Google да ви помогне вам и на вашиот бизнис да напредувате?

  • Активирајте го вашиот Google My Business профил.
Ова е она што Google го нарекува профил за вашата компанија на нивната страница, и тоа е она што овозможува вашата фирма и деталите да се појавуваат во резултатите при пребарување на  Google Maps и во Knowledge Panel. Оваа бесплатна услуга за огласување треба да биде главен приоритет за сите фирми.
Погрижете се само да ја потврдите сопственоста на профилот на вашата фирма преку вашиот бесплатен акаунт на Google My Business. Верификацијата е важна затоа што само тогаш можете да го оптимизирате вашиот профил и да се појавува повисоко во резултатите од пребарувањето.

Гледајте на Google како ваша 24/7 алатка за промоција. Можете да ја објавувате вашата понуда директно на вашиот Google my business профил, да објавувате промоции пред потенцијалните клиенти, да одговарате на прашања и коментари од корисниците.

  • Google Ads
Во зависност од буџетот и временските ограничувања, Google Ads може веднаш да ви овозможат подобри резултати и видливост при пребарување. Огласите се појавуваат на врвот на страниците со резултати на Google и им овозможуваат флексибилност на фирмите во нивните рекламни кампањи, како и многу детални статистики во врска со нивниот перформанс.

За да научите како да работите со Google Ads ќе ви биде потребно време и тестирање. Но согласно можностите кои се отвараат и резултатите кои може да се постигнат, дефинитивно вреди да се инвестира.

2. Дали имате веб страница?
Звучи бесмислено, но ќе бидете изненадени од бројот на бизниси кои сеуште немаат своја веб страница. Веб страницата на вашата фирма е вашиот “Дом на интернет” - првото место на кое потенцијалниот клиент ќе отиде за да го провери кредибилитетот на вашата фирма. На вашата веб страница треба да е опишана уникатна приказна за вашиот бренд, вашите производи и услуги, како и контакт информации.

Тоа значи креирање на домен, високо професионален изглед и можност за додавање функции, кои ќе помогнат при растот на вашата фирма.

Вистина е дека клиентите ќе пребаруваат и на други платформи, како Facebook или Instagram, но најголемиот број на корисници го посетуваат сајтот на фирмата за да дојдат до повеќе информации.

Бидејќи вашата веб-страница е деноноќно достапна за промоција на вашата фирма, јасно е дека треба да инвестирате ресурси во најзиното ажурирањето.

Но, вашата веб страница можете да ја искористите и за многу други работи. Ако објавувате реклами, најдобро е тие директно да се поврзуваат со вашата веб-страница. Треба да објавувате корисни информации на вашите канали на социјалните медиуми и тие објави треба да се поврзани со вашата страница. Исто така, сите ваши маркетинг активности треба да се поврзани со вашата страница за да можете да направите онлајн аналитика и да видите што најдобро функционира и каде да ги концентрирате вашите активности.

3. Оптимизирајте го текстот на вашата веб-страница за повисок ранг при пребарување.
Како можете да го промовирате вашиот бизнис на Google? Со оптимизација на пребарување (SEO) и употребата на клучни зборови вашиот сајт ќе се појавува на првата страница при пребарувањата на Google.

Кога сте онлајн присутни, вие сте еднакви со сите други бидејќи и најголемите и најмалите фирми имаат еднакви можности да блеснат и да се истакнат. Затоа, погрижете се да вклучите клучни зборови во содржината на вашата веб-страница кои се многу релевантни од гледна точка на индустријата и на локацијата. Исто така, редовно додавајте содржина.

4. Раскажете ја вашата приказна преку блогови
Вашиот блог треба да им овозможите на вашите клиентите и потенцијалните клиенти корисна бесплатна содржина додека го промовирате вашиот бренд. Луѓето постојано бараат одговори и информации за различни теми. Ништо повеќе не ги убедува луѓето да го одберат вашиот бренд од текстот што содржи ажурирани информации кои се одговор на нивните прашања и им овозможува лесно разбирливи решенија.

Што треба да содржи еден блог? Инструкции и објави од лидери во индустријата, листа на ресурси и начини за справување со незгодни прашања, и многу повеќе. Покажете дека искрено се грижите и дека сте експерт во вашата дејност.

И не заборавајте на секој можен начин да ги промовирате објавите на вашите блогови, преку вашите профили на социјалните медиуми и имејл кампањи. Можете дури и да ги претворите во е-книга која ќе ви помогне да собирате потенцијални клиенти.

Споделете го вашето знаење и клиентите ќе ви се оддолжат.

5. Промовирајте го вашиот бизнис користејќи онлајн директориуми
Бидејќи луѓето редовно ги посетуваат онлајн директориумите за производи и услуги што им се потребни, овие страници имаат многу сообраќај и супериорен авторитет на доменот. Креирање на ваш профил на вакви директориуми не одзема многу време и средства, и помага во вашето онлајн присуство, со што ќе го пласирате вашиот бизнис на потенцијалните клиенти во вашата област. Во Македонија најкористен директориум е www.zk.mk.

6. Користете ги социјалните медиуми за да имате контрола врз вашиот бизнис
Во денешниот свет, социјалните медиуми се меѓу најдобрите начини за промовирање на мал бизнис - и тоа е бесплатно! Поточно, ова значи промовирање преку Facebook , Instagram, LinkedIn и Youtube – во зависност од возраста на вашите клиенти.

Facebook e најголемата социјална мрежа и можеби најдобриот начин да се одржи контакт со постоечките клиенти и да се допре до нови.

Со профил на Instagram ќе можете да допрете до помладата популација. Достапни се повеќе формати за објавување, вклучувајќи слики што остануваат на вашиот профил, Приказни кои траат 24 часа, сесии во живо и други.

LinkedIn е социјален медиум за деловните луѓе. Можете да го користите за да се поврзете со потенцијални клиенти и да создадете нови бизнис партнерства. Идните клиенти можат лесно да го пребараат вашиот бизнис и да прочитаат за она што го нудите.

Видео маркетингот станува сè попопуларен за промовирање на бизнисите. Луѓето, а нарочно помладите сакаат да гледаат видеа.  Затоа креирајте кратко видео за вашиот бизнис и поставете го на YouTube. Исто така можете да го поставите видеото на почетната страница на вашиот веб сајт или да го вметнете под вашиот потпис на  е-пораките до потенцијалните клиенти.

Други начини за онлајн промовирање на вашата компанија.
Соберете онлајн критики или препораки од вашите клиенти и објавете ги на вашата веб страница.
Потрудете се да бидете присутни во локалните медиуми.
Присуствувајте на локални настани за вмрежување.
Директната пошта сè уште функционира, но треба да се користат имеил адреси за кои имате добиено согласност.


Преку оваа кратка статија може да заклучиме дека постојат многу начини за промовирање на вашиот бизнис. InOne е експерт за маркетинг активности за мали и средни компании. Kонтактирајте нè на www.inone.mk за бесплатна консултација и совет како да ја водите вашата фирма во онлајн светот.