Што е Google My Business (GMB)?


Google My Business (GMB) е бесплатна алатка креирана од Google за да им помогне на бизнисите да добијат подобри резултати од пребарувањето на овој водечки пребарувач во светски рамки, но и во Македонија. Со самото тоа, и да обезбедат повеќе купувачи и поголема продажба. Ако знаеме дека денес над 57% од целиот интернет сообраќај е кон и од Google, GMB е нешто што не смеете да го пропуштите.

Ако досега не сте го користеле, започнете веднаш!


Користењето на Google My Business е едноставно. Содржи можности и клучни информации за вашиот бизнис (што самите ги одредувате) со кои обезбедувате одлична видливост на Интернет. И самите ги знаете, но можеби не во детали – за објаснување или потсетување, тоа се:


1. Google Knowledge Graph

Можеби звучи комплицирано, но на сите ни е добро познат. Тоа е полето со информации за вашиот бизнис во десен агол од страната на резултати од Google пребарување (односно на почен/горен дел при пребарување на мобилниот телефон)



Содржините на Google Knowledge Graph стануваат сѐ подетални и поинтерактивни. Добивате одлична можност за претставување на вашата фирма и производи- контакт информации, текст, слики, профили на социјални медиуми, оценки од клиенти, работно време и директни онлајн резервации. На смарт телефон резултати се уште побогати!


2. Google Local Pack

Тоа се трите први позиции на Google што се појавуваат кога некој бара бизнис во одредено место (на пр. „Пица Скопје“), пред останатите резултати и рекламите.



Со нив се истакнувате пред конкурентите, а купувачите добиваат основна информација за вас, заедно со збирна оценка од вашите досегашни клиенти.


3. Google maps

Апликација што многумина од нас ја користат да на мапа најдат фирма што нуди производ кој ни треба. Истовремено, и да добиеме насоки од местото од каде пребаруваме на компјутер или мобилен телефон.



Со наведените можности на Google My Business потенцијалните купувачи ги пронаѓаат вашите производи, дознаваат како и каде да ги купат, и ги следат препораките на вачите клиенти. Истовремено, ве издвојуваат пред конкурентите како подобар избор. Односно, добивате повеќе потрошувачи и продавате повеќе.


За да сте конкурентни, вашиот профил на Google My Business треба да е соодветен, а сите информации да се поврзани со вашата веб страна- двата елементи се основни за да имате успешен дигитален маркетинг. Сите податоци, текстови и слики на профилот мора на најдобар начин да ве претстават пред потенцијалните купувачи. Изберете и ажурирајте ги внимателно за да ви “донесат” нови купувачи и продажба. Тоа можете да го сторите и сами. или да побарате стучна помош од тимот на InOne (заб. линк до сајтот) - особено за да добиете оптимални резултати од целокупната промоција на вашата фирма и производи на Интернет.