Познато Ви е дека веб странате е број 1 за Вашиот маркетинг на Интернет, но се повеќе и на останатите, традиционални канали. Станува неопходна инвестиција – исто како што мора да платите фирмарина или сметководител. Без неа, порано или подоцна ве очекуваат големи пречки во достигнување на посакуваниот успех.


Вашата веб страна не мора да е компликувана, посебно дизајнирана, или скапа. Но мора да постои и да биде добро рангирана на Google (или друг пребарувач) – во спротивно купувачите нема да Ве “видат”. Точка.


Ако немате идеја од каде да почнете дознајте повеќе за дигиталните маркетинг услуги што ги нуди InOne овде.


Што држите во рака додека го читате овој блог?


Брзиот развој на технологијата и Интернетот се повеќе влијаат врз секојдневниот живот. Веројатно блогов го читате на Вашиот смарт телефон. А на него мошне тешко ја следите веб страната ако е направена пред неколку години. Или делови од неа воопшто не функционираат. Се разбира, нефункционалната веб страна е проблематична и за купувачите. Односно, Ве спречува да имате ефекти од Вашиот маркетинг, а посебно да ја постигнете очекуваната продажба.

Дали е време да направите “ремонт” или нова веб страна?


Следи листа на 7 сигурни знаци дека е потребен “генерален ремонт” на Вашата веб страна, или дека треба да ја замените со комплетно нова. Секој од нив може брзо и лесно да го проверите и сами – важно е ваква анализа да биде еден од приоритетите во Вашето работење.

1. Не е ни приближно “пријателски настроена” кон мобилен телефон (mobile friendly)


Просечно во светот 52,2% од целиот Интернет сообраќај отпаѓа на пристап од мобилни телефони. Што значи дека е исклучително тешко да одржите конкурентска предност со веб страна која не е mobile friendly. Имајте предвид дека скоро 80% од Македонците се “на Интернет“ со мобилни телефони. Ако Вашата веб страна не одговара на различни мобилни уреди практично како и да не постои.  Или, уште полошо, ако воопшто не се вчитува, има Flash фајлови и слично, сигурно е време за нејзин “генерален ремонт”.


2. Се вчитува со брзина на полжав


Бавната страна не само што ги одбива купувачите, туку резултира со многу низок ранг кај Google и другите пребарувачи – тоа дополнително негативно влијае врз “видливоста” на вашиот бизнис и производи.

Google PageSpeed ​​Insights е бесплатна алатка со која веднаш ја анализирате брзината на вашата веб страна, и проверувате во каква “форма” е таа. Ако укажува на недостатоци, тоа е уште една важна причина да ја менувате.


3. Едноставните промени се тешки за правење и мора да барате помош од тој што ја дизајнирал


Деновите кога беа потребни напредни вештини за кодирање и компјутерско волшебство за да ажурирате веб страната се завршени. Повеќето современи веб страни имаат можност за менување и додавање страни и содржини (текстови, слики и сл.) без да се потребни посебни знаења и вештини.


Вашата веб страна мора да е динамична и постојано да ги следи новостите во вашиот бизнис- нови производи, продажни акции, дополнителни услуги, и сл. Ако од самата помисла за нејзино ажурирање веднаш добивате главоболка (бидејќи тоа е долг и можеби скап процес), размислете да инвестирате во нова. Веб страна што не ви овозможува самите лесно да ги менувате содржините мора да ја замените со нова – секако, доколку тоа ви е потребно. А тоа е многу веројатно.


4. Застарен дизајн


Ако вашата веб страна изгледа застарена во однос на оние на конкурентите, купувачите веројатно ќе ги изберат нив, односно фирмата што им остава најдобар впечаток.  Дизајн што е лесен и привлечен за следење, и обезбедува брзо да се добијат сите потребни информации, сигурно многу ќе го подобри имиџот на вашиот бизнис.


5. Вашата индустрија се смени


Секој индустриски сектор се менува – побрзо или поспоро. Ако онлајн резервации и продажба постојат во вашата индустрија, тогаш на вашата веб страна мора да ги има овие опции. Во спротивно ризикувате да бидете зад конкуренцијата.




6. Вашата веб страна не е безбедна


Сајбер безбедноста е многу актуелна – и сега, и во иднина. Клучно е вашата веб страна безбедно да управува со чувствителните информации како што се податоците за купувачите или добавувачите. Инвестирањето во SSL сертификат ви помага да ги заштитите корисниците на вашата веб страна од кражба на информации со криптирање на податоците.


Ако вашата страна не почнува со https:// реагирајте брзо.



7. Немате контакти и повици од купувачите


Вашата веб страна постои од неколку причини, а главните се да обезбеди корисни информации за посетителите и да ви “носи” купувачи.


Ако на сегашната веб страна не ве контактираат или имате многу малку посети таа не ја врши основната функција – купувачите да ве “пронајдат”. Тогаш сигурно мора нешто да менувате.


Дали е време за да ја менувате веб страната? Ако препознавте барем еден од 7-те знаци, тогаш одговорот е потврден, а ние сме тука да ви помогнеме.


Вашиот бизнис можеби е мал, но вашите цели можат да бидат големи!


InOne ви помага да ги постигнете со целосно решение за вашиот маркетинг на Интернет.