Веројатно најидеален пристап за да се направи добра и успешна веб страна е да размислите за секоја страна како различна, посебна единица која треба да генерира приход. Вашата веб страна треба да е читлива и занимлива. Додека во нејзината основа мора да има „предлог или копче за повик на акција“ кој ќе носи продажба.


Замислите ја вашата веб страна внимателно

Откријте зашто е потребна секоја страна и рафинирајте ја својата порака со тоа што ќе го искористите максимумот од секој збор. Запрашајте се што се обидувате да постигнете со вашите наслови, содржини, фотографии и текстови.


Размислувајте како вашите клиенти

Клиентите и вашите потенцијални клиенти може да ја посетат вашата веб страна со цел да направат една или повеќе различни работи. Изградете ги страните на вашата веб страна следејки ги активностите на клиентите и вашите потенцијални клиенти. Дали гостинот на вашата веб страна се обидува да стапи во контакт со вас, купи или праша за цена?

Остварувањето на таа цел ќе ви овозможи да дознаете што треба да поставите на  вашата веб страна.


Внесeте итност за да се превземе акција

Моќната веб страна треба да има зајакната доза на итност да се превземе акција. Една од најдобрите стратегии за добра реакција од клиентите и потенцијалните клиенти е да се направи контакт, продажба или сигурен договор за продажба.

Тоа е техника за придвижување на клиентите и потенцијалните клиенти преку решавање на некој проблем кое води кон понуда и продажба. Зборовите како „побрзај“ и изразите како: „само денес“, „ограничени количини“ и „кликни овде“ ќе им дадат на страните на вашата веб страна динамична итност за да ги трансформираат потенцијалните клиенти во клиенти.


Направете ја вашата веб страна едноставна

Направете ја вашата веб страна едноставна за навигација. Добар специјалист за веб страна може да ги тргне пречките во контакт, нарачка или продажба кои може да ги има вашата веб страна.

Поставувањето на структурата на вашата веб страна  мора да е природно, така да кога некој посетител ќе се врати, остане дополнителни 30 тина секунди за да ја прелиста дури страниата со ЧПП.

  
Бидете актуелни

Скршените линкови на страни и застарените податоци личат на продавница со скршена и уништена роба. Никој не купува оштетени производи и уште пострашно, купувачите ќе се преиспитаат пред да ја посетата таквата веб страна повторно.

Кога имате веб страна, одржувајте ја содржината. Има страни кои се менуваат можеби на неколку години но страните каде имате тековна, жива содржина треба да бидат актуелни. Не продавајте лампиони за време на летни одмори.

Најверојатно ќе има страни на вашата веб страна што имате намера да бидат нагласени. Кога ќе ги поканите гостите да ја посетат вашата веб страна, нудите наслови и содржини, но праќате и сигнал за  дополнително барање или активност.

Една точка може да ве чини многу а вистинските сигнали и повик на акција креираат веб страна што носи продажба. 


Добиј и користи веб страница и InOne за твојата фирма еден месец бесплатно.