Во денешното постојано променливо опкружување на маркетингот, управувањето со маркетингот а посебно со социјалните медиуми е многу повеќе од едноставното постирање на Фејсбук и Инстаграм. Клучно за маркетингот е да се осигура дека активностите на социјалните медиуми на вашиот бренд се координираат со други временски одредени маркетинг активности, како што се е-маил кампањи или промени на веб-страницата ( блогови, попусти, кампањи …).
Календарот има централно место во вашиот маркетинг бидејки овозможува многу побрза имплементација на планот.
Што е календарот за содржини?
Календарот е едноставна алатка и е работен документ што се користи за распоред на содржини што ќе ги објавувате на сите платформи на социјалните мрежи како и други канали за промоција за месецот, неделата, денот, па дури и понекогаш кое време во денот
Овој документ служи како алатка за комуникација за објавување содржина (слики и видеа), хаштагови и ознаки што треба да се користат за секој пост. Ова е исклучително важно затоа што ви овозможува да планирате и да бидете сигурни дека испраќате вистинска порака, до вистинската публика, во вистинско време.
Добро реализираниот календар за содржини ги зајакнува сите ваши маркетинг напори да се насочени кон иста цел. Притоа, вие сте во можност стратешки да спроведете план за акција за целокупната маркетинг стратегија. Ова ви овозможува да анализирате податоци низ сите платформи на социјалните медиуми за подобро согледување на она што работи, а што НЕ РАБОТИ.
Важност на календарот
Неизбежно ќе се појават неколку кривини на патот на реализација, но со календарот нема да сте во паника кога ќе се појават непредвидени итни настани, туку едноставно ќе ги вметнете и нив. Со календарот го промовирате вашиот бренд во ситинско време.
Создадете свој календар
Нашиот совет е само СТАРТ, ЗАПОЧНЕТЕ . Не мора да биде ништо фенси, препорачуваме едноставен табела. Додадете колони како што се датум, дигитален канал, фотографија / видео, хаштагови. Почнете да го пополнувате и да го користите. Секогаш можете да додавате, отстранувате или даги прилагодувате информациите.

- Визуелизација и организација
- Конзистентност
- Известување
- Рационалност