Дали сакате да ги подобрите резултатите од вашата бизнис страница на Facebook?


Мислите ли дека содржината што ја постирате на вашата бизнис страница на Facebook е доволно оптимизирана?

Во овoј блог, ќе ви покажам 5 начини за подобрување на резултатите од вашата бизнис страница на Facebook?

1.Користите фотографии / слики со вистински димензии


Претпоставувам дека најчесто постирате фотографии на вашата бизнис страница на Facebook. Ова е стварно добро затоа што постовите со фотографии се многу поуспешни од објавите со текст или само со линк. 

Исто така е важно да ги постирате фотографиите во вистинска димензија, бидејќи од тоа зависи како ќе изгледа вашата фотографија на Facebook откако ќе ја споделите. 

Ако фотографиите не се во вистинската димензија, тие ќе бидат исечени и нема да изгледаат добро. Јас лично препорачувам 2 големини што прават вашите фотографии да изгледаат убаво и да доминираат во однос на која било друга фотографија на Facebook.

Мојот совет е да користите фотографии со димензии 800x800 и 800x1200 пиксели. 

Користете ги овие две големини и ќе почувствувате драстична разлика во резултатите на вашата страница на Facebook, и тоа на подобро.


2.Таргетирајте ги вашите фановви на Facebook


Постојат две опции за таргетирање на фановите на вашата бизнис Facebook страница. Еден начин е да исклучите некои од вашите фанови за да не ги гледаат објавите и поставите што ги правите. Ова можете да го направите според возраста и локацијата.


Можете исто така да изберете кој дел од вашите фанови  да ги гледаат вашите објави.

Ако содржината е направена за одреден дел од вашите фанови и им ја покажете само на нив, тогаш тие ќе реагираат на таа објава. Со оваа опција на Facebook, ќе исклучите било кој од вашите фанови за кои знаете дека нема да им се допадне содржината што сте ја креирале и објавиле. На овој начин, вие само ќе соберете позитивно внимание на вашиот пост и ќе ги намалите или исклучите негативните реакции.

3.Кажете им на вашите фанови што сакате од нив на Facebook


Сите го разгледуваме Facebook многу брзо. Ние секој ден поминуваме низ многу информации и воедно многу информации игнорираме. 

Што треба да направите како администратор на бизнис страница на Facebook? 

Треба да ги натерате фановите на вашата бизнис страница на Facebook да направат нешто специфично и тоа ќе им го привлече вниманието. Се разбира, не треба да претерувате затоа што може да станете премногу нападни.

Бидете активни и повикајте ги вашите фанови на Facebook за акција.

4.Објавувајте на Facebook во вистинско време


Многу е едноставно! Ако не објавувате на вашата бизнис страница на Facebook во време кога вашите фанови не се вистински на Facebook, нема да добиете доволно внимание. 

Но, кога е најдобро време за објавување? Се зависи од фановите на вашата страница.

Треба да посветите повеќе внимание на Facebook Insights за да откриете кога вашите фанови се на Интернет. Кога тие навистина се на Facebook. Facebook Insights ни овозможува да дознаеме колку наши фанови се на интернет секој ден во неделата. И уште подобро од ова: секој ден се дели со часот. Обрнете повеќе внимание на оваа алатка.


Ова ќе ви помогне да научите многу за вашите фанови и да објавувате кога повеќето се на Facebook. Но, овие податоци нема да ви дадат целосна слика. Размислете за вашата целна група и што знаете за тоа.

Мојот совет е секогаш да објавувате половина час пред оптималното време. Ако поголемиот дел од вашите обожаватели се најавуваат на Facebook во 20 часот, вашиот пост треба да се појави во 19:30 часот. На тој начин, откако вашите обожаватели ќе влезат во мрежата, вашиот пост сега ќе се појави во нивниот news feed.

5. Не вклучувајте се во самопромоција


Ако го користите Facebook првенствено како комерцијална алатка или да ги промовирате своите услуги, ќе треба да се надградите на моделот „ pay-to-play “ на Facebook, платформата или народски кажано „Facebook реклами“. 

Ако престанете да плаќате на Facebook, резултатите ќе престанат исто така. Ова е јасна порака до брендовите: ако сакате да звучите како огласувач, плаќате за рекламирање.

Постои уште еден начин да ги подобрите резултатите од бизнис страница на Facebook без да плаќате на Facebook.

Постои едно златно правило и тоа е дека никој од нас не се најавува на Facebook за да види промотивна порака. Ова е голема грешка што ја прават бизнисите во Македонија. Тие зборуваат само за рекламирање на својот бизнис. Треба да создадете различни теми што се релевантни за вашиот бизнис. Целта на овие теми е да се поврзете со вашата публика и да создадете доверба. Кога ќе го направите тоа многу полесно, вашите фанови ќе го прифаќаат вашите објави. 

Правилото е 80% од постовите да се на најразлични теми и 20% да се реклами. Секој бизнис е различен и ова правило може да се наруши. Но, мора да се биде внимателен со рекламирањето.


Заклучок


Придржувајте се до овие добри практики и ќе иамте вистинска интеракција со вашите фанови. Следите измените на Facebook за да можете да ги прилагодите вашите тактики на нив во вистинско време.