Јуни е вистинско време да разгледате колку сте постигнале во првата половина од годината. Откако ќе погледнете, каде и да сте во однос на вашите цели, не се секирајте, имате уште шест месеци да го добиете она што го посакавте на почетокот на годината.

Денес споделуваме  три работи  на кои кои секогаш може да се фокусирате и да се вратите на  постигнување на вашите бизнис цели, бидејки главниот извор на постоењето на секој бизнис е продажбата.

Има само три важни работи што треба да ги правите секоја недела, а тоа ќе вè води кон исполнување на вашите цели од почетокот на годината. 

  1. Closing: веднаш проверете - дали имате продажби што треба да ги затворите, фактури што треба да ги испратите,  е-маил или повици за затворање на продажбата. Тие се првото нешто што брзо ќе ви донесе пари.

  2. Follow up - во која фаза се вашите продажби? На пример, ова се луѓето со кои зборувавме и веќе им испративме понуда и очекуваме чекор од нивна страна. Само треба да ги повикате и да видите до каде се со одлуката  да работат со вас. Дали им требаат повеќе информации за да донесат одлука за затварање на продажбата? Колку поскоро ќе дознаете дали некој ќе стане клиент или не, толку помалку ќе губите време и ќе се фокусирате само на оние кои ќе работат со вас.

  3. Нови потенцијални клиенти (лидови) - и да имате и да немате клиенти во првите две групи секогаш имаме нов извор на нови потенцијални клиенти. Проверете што ќе направите оваа недела за да добиете повеќе луѓе во оваа листа.
Толку е едноставно. Три чекори кои сигурно ќе ја зголемат продажбата. Прегледајте ја вашата листа. Ако немате листа, направете го тоа сега. Започнете со 3 или 5 лица. Ако и тоа го немате, тогаш 100% од вашите активности за оваа недела треба да бидат - создавање потенцијални нови клиенти или лидови.

Започнете сега.