Контент маркетингот влијае врз корисниците и потенцијалните клиенти како магнет. Тој е чудесен начин на сопствениците на мали бизниси да станат големи. Контент маркетингот е важен за бизнисот, затоа што содржината е сè што е видливо за корисниците на Интернет.


Содржината е начин за сопствениците на мали бизниси да комуницираат со клиентите и да ги решат нивните секојдневни проблеми. Контент маркетингот е важен за пазарот на производи и услуги на Интернет. Многу е тешко за сопствениците на мали бизниси да го зголемат сообраќајот и активностите на веб-страната, без привлечна и вредна содржина.

Точно е дека денешните клиенти се поинтелигентни и свесни. Тие секојдневно ја гледаат онлајн содржината и знаат како да ги искористат корисните работи за нив. Содржината не е само за маркетинг туку за отворање на вратите на срцето на посетителите преку збор, текст, дизајни и видеа.

Поп-апи, масовни СМС пораки, спам мејлови и употреба на сликите може да привлечат само публика кои не се вистински клиенти. Вистинските клиенти истражуваат пред да донесат одлука за купување. Тоа е затоа што тие ги вреднуваат парите и сакаат поголема вредност од парите што ги трошат на вашиот бизнис.

Што е Контент маркетингот?


Досега знаеме дека контент маркетингот е метод за продажба на производи и услуги на интернет. Но, што точно е оваа содржина и како го продавате? За да одговорите на првиот дел од тоа прашање едноставно, можеме да кажеме дека содржината е 'сè' што гледате на веб-страната како посетител.

Задебелен текст во насловот, сликата под него, текстот во сликата, главниот текст на статијата, видео или аудио клип - сè што вклучува средство за комуникација преку објекти за да ја раскаже приказната - сето тоа е контент маркетинг, што е размислуван и подготвен од некој.

Содржината е храна што ја јадат пребарувачите и социјалните медиуми.


На пример, гледате спонзорирани реклами на Facebook, во кои ќе најдете атрактивни слики, текст внатре во сликите, можеби неодолива понуда за попуст во рекламата. Оваа содржина се користи од страна на компаниите и поединците на пазарот дa продаваат нешто, што знаат дека луѓето ќе бидат заинтересирани дa го купат.

Во рамките на таа реклама, овие линии на текст и слики се поставени, но ако тие не се ефикасни нема да носат сообраќај и потенцијални клиенти кон веб-страната. Значи, подобро е да се знае разликата помеѓу квалитетна содржина и субстандардни здодевни содржини, ако сте сопственик на мал бизнис кој се натпреварува со милион други.

Содржината не се користи само за промовирање и маркетинг на вашиот бизнис преку интернет, содржината всушност може да се продаде, ако е навистина добра. Притоа мислам на бизнис веб-страна за продажба на сопствени производи и услуги и преку користење на блог на веб-страната и создавање на содржина која самата продава.

Корисниците се заинтересирани да знаат за конкретни детали за некој производ или услуга пред да го купат, ако можете да ги обезбедите тие информации, вашите информации се производ сам по себе!

Содржината е универзална. Откако ќе видите убав визуелен детаљ, тој ќе остави впечаток на вашиот ум, без разлика каде ќе го видите повторно, во весниците или на телевизија ќе се случи автоматско поврзување со брендот или производот во вашиот ум.

Она што досега го научивме е дека добрата содржина е императив за продажба на производи и услуги преку интернет. Дело на copywriter-ите. Исто така, научивме дека содржината може да се продаде сама по себе а може да носи продажба на сродни производи и услуги.

Како Контент маркетингот користи на клиентите и интернет корисниците?


Контент маркетингот од страна на дигиталните продавачи им помагаат на клиентите и интернет корисниците да ги знаат потребните факти и детали пред да ги трошат своите тешко заработени пари на интернет. Клиентот добива персонализирано внимание од продавачите за нивните проблеми преку професионални содржини.

На пример, ако барате апликации за разговор или апликација за тимска соработка, пребарувате на Google. Вие ги посетувате најрелевантните веб-страни и ја добивате идејата за цената и можностите на апликацијата за соработка.

Што гледате и анализирате пред да донесете одлука за купување? Ги гледате нивните содржини, како што се слики од екранот на софтверот, факти, оценки на постојните купувачи, препораки од постоечки клиенти, критики, повратни информации и сл. Сето ова е содржина и тие го користат за маркетинг на тимскиот софтвер за соработка.

Некои дури користат апликација за разговор во живо, во која можете да поставувате прашања до нивниот продажен претставник во реално време. Но, ова се вообичаени маркетинг практики за содржина, поради кои сте ја посетиле нивната веб-страница, не според нивното име, туку барање на решение за ваша потреба преку специфични клучни зборови на Google. Зарем не е корисно? Да тоа е.

Пребарувачот го наградил тој клучен збор со повисок ранг на страницата. Сето ова е затоа што се следени основните принципи на контент маркетингот.

Како контент маркетингот е корисен за клиентите?


Пример:
сакате да ја зголемите продуктивноста на вашите вработени, започнувате да барате на Google, како да ја зголемите продуктивноста на вработените или како да бидете попродуктивни а да работите од одма. Сега, откако ќе пребарате на Google, ќе добиете 10 резултати и неколку реклами на AdWords.

Со овие 10 резултати, ќе добиете слични наслови и текстови како што се Топ 10 начини за зголемување на продуктивноста во канцеларијата, 10 алатки за секоја потреба на сопственикот на бизнисот, најдобра апликација која ќе ја зголеми вашата продуктивност 500% итн. Сега одберете или посетете некој резултат. И ќе слетате на нивната статија на блогот. Тука можете внимателно да ги испитате нивните објаснувања, факти, податоци и тие ќе ве убедат или ве инспирираат да го купите нивниот производ или услуги.

Ако сте задоволни, ќе купите.

Дали ова не е корисно за купувач како тебе?

Да тоа е. Тоа е затоа што всушност сте дознале, анализирајки ја содржината. Додека ако кликнете на обичен банер и купите производ или услуга не бидете изненадени ако производот или услугата не е во согласност со вашите очекувања. Ќе бидете незадоволни од купувањето и ќе се прашувате што направив погрешно?

Затоа е важно да се креираат добри маркетинг содржини без разлика дали сте сопственик на бизнис или клиент.

Верувам дека контент маркетингот е најдобриот метод за читање, размислување, анализа и споредба на секој производ или услуга што продавачот ја нуди.

Ова е пример како контент маркетингот или блогот на веб-странате е од корист за клиентите.

Зошто контент маркетингот е важен за успехот на бизнисот?


Откако ги знаете придобивките од контент маркетингот за потрошувачите, се надевам дека нема да го игнорирате контент маркетингот од денес. Контент маркетингот им овозможува на вашите клиенти, да знаат за вас и како работат вашиот производ или услуга. И тоа е одлична можност за сопствениците на мали бизниси да ги искористат предностите пред да биде предоцна.

Контент маркетингот е најголемата алатка која можете да ја користите за да доминирате над големите компании и давателите на услуги. За да ги добиете тие предности не само што треба да се фокусирате на квалитетот на вашите производи и услуги, туку и на содржината што ја користите за да го продадете своето решение.

Маркетинг е сè. Сите се продаваат. Но, тие кои најмногу продаваат, добиваат клиенти врз основа на начинот на кој што продаваат и се однесуваат.


Затоа користев пример со ресторанот. Не е важно, колку е вкусна вашата храна, ако не сте служеле со љубов кон вашиот гостин и сте го увериле да ја вкуси храната.

Значи, фокусирајте се на вашите методи на сервирање и презентациски вештини додека креирате контент маркетинг. Направете ги луѓето свесни и информирани за вашите услуги со најдобри можни методи за зголемување на продажбата и приходите. Тоа е зошто контент маркетингот е начин да се оди во вистински правец .

Да, можете да користите кампањи на Google Adwords или PPC реклами, но тие се ефикасни се додека зборовите што претставуваат решение се ефикасни.

Контент маркетингот можете да го направите само со практикување, учење од другите и поставување во чевлите на вашиот клиент. Разбирање на нивните проблеми и грижи, додека тие се обидуваат да одлучат што да купат. Дојдете со решение преку контент маркетингот и бидете видливи на интернет.

Ако не сте ја разбрале важноста на контент маркетингот, тогаш видете госледниов пример:

Како што знаете, не можете да пазарувате и продавате ништо без содржина на Интернет. Секој производ и решение користи некој вид атрактивни слики и атрактивни зборови.

На пример, отворивте мал ресторан за храни. Ако не го маркетирате, тоа може да биде само од две причини. 
  • Прва, вие сте единствениот кој има ресторан на пазарот, бидејќи знаете дека луѓето се гладни и не треба да трошите на буџетот за маркетинг.
  • Втора причина, затоа што нема друг ресторан како твојот, па клиентот може лесно да ве најде.
  • Ако има трета причина, за кратко време ќе го затворите ресторанот.

Корисниците на интернет или клиентот на интернет имаат голема разновидност и можност да изберат, пред да го одберат најдоброто решение. Тие не бараат нешто за јадење додека не видат на социјалните медиуми. Тие бараат специфично решение од најдобриот готвач и ресторан.

Без контент маркетинг, тешко е за малите бизниси или големите компании да преживеат доволно долго. Тоа е затоа што клиентите се следат и сакаат ажурирани и тренд содржини.

Со едноставни зборови, денешните клиенти имаат консултант за вештачка интелигенција (Google) кои им помага подобро да ги разберат работите и мудро да трошат пари.

Затоа контент маркетингот е единствениот тестиран и најдобар метод за дигитален маркетинг кој можете да го користите за да најдете нови клиенти, лојални клиенти и остварите повисоки продажби.

Контент маркетингот за сопствениците на мали бизниси е можност да станат големи во текот на годините.

Не е важно кој е твојот пат, не треба многу да пораснете од мал бизнис до голем бизнис. Ви требаат само овие две работи - вистинската "намера" и добра "содржина".