Blog

3 придобивки од новогодишните и божиќни пораки за успех на вашиот бизнис

Декември е време кога ги порамнуваме сите сметки. Потоа ставаме линија на постигнатото и на моменти, започнуваме да ги анализираме нашите резултати за годината која изминува.

  • Што постигнавме?
  • Што не успеавме?
  • Кои претходно непланирани работи ни излегоa и не ни успеаа?

Ред други работи кои само Ви ги знаете…

Кога го правиме ова за себе, можеме да си дозволиме да бидеме малку поблаги. Меѓутоа, кога станува збор за бизнисот, не можеме и не треба да гледаме на овие обврски туку така.

Обично, еден од најголемите пропусти кој ги правиме ненамерно е неправилната и прилично нередовна комуникација со клиентите или партнерите.

Зачувувањето на комуникацијата треба да е сериозна обврска за секој бизнис. Таа е надворешна манифестација на нашата деловна филозофија, нашиот став кон нашата публика. Ако сме непостојани и ја запоставуваме комуникацијата B2B или/и B2C, нема да можеме успешно да го градиме угледот на сигурен и сериозен партнер.

За среќа, сега е моментот кога можеме да го надокнадиме пропуштеното со тоа што ќе го покажеме вистинското внимание.

Вашето многу моќно оружје е … Новогодишна и Божиќна порака.

Да, колку што не верувате , тоа е Новогодишна и Божиќна порака – картичка, честитка наречете ја како сакате во форма на желби и убави тематски дизајни кои можат да го вратат интересот за вашиот бизнис.

Но, важно е да се биде прецизен во секој детал – визија, содржина, распоред на лого, фонтови. Се разбира, вистинските зборови се највлијателната алатка. Треба да звучите човечки и професионални, да бидете емотивни без да бидете сентиментални. Новогодишната и Божиќна картичка не е само гест, тоа е став!

Еве ги придобивките за вас и за вашиот бизнис:

  1. Корпоративните поздрави се израз на почит кон деловните партнери, изведувачите, дистрибутерите и колегите. Покажуваат личен став, покажуваат почит и еднаквост во врската. Може да бидете мала компанија, но испратете ја пораката до лидерите на пазарот, без да тактизирате, овиде денови сите сме исти.
  2. Вашите клиенти – старите и потенцијалните се цел на која треба да посветите посебно внимание. Испратете им е-маил со убава желба, потсетувајки ги на двете важни “Б” во е-маил пораката, благодарам и бонус. Добра идеја е да се заблагодариме за довербата во вашите производи и услуги и да дадете мал подарок. Може да биде во форма на бесплатен ресурс, промо-код или некој друг попуст.
  3. Тимот и вработените се моторот што навистина води вашиот бизнис. Затоа е соодветно да им се заблагодарите за напорите во текот на целата година. Можете да ги наведете најголемите достигнувања на компанијата затоа што вашите соработници се вистинските луѓе зад вашиот успех.

Една брендирана Новогодишна и Божиќна картичка е совршен потсетник за вашиот корпоративен идентитет – лого, слоган и име. Не пропуштајте да ја направите и испратите.

Запомнете, Новогодишна и Божиќна картичка треба да ја одразува вашата деловна филозофија. А ако некаде заглавите со креирањето, тука сме да ви помогнеме.

Споделете

Прочитајте повеќе статии

Контактирајте не